Heartbreaker
The Real ROCKNROLLA
- Член од
- 6 декември 2009
- Мислења
- 276
- Поени од реакции
- 28
Мислам дека најдобро би било да се разделите. Очигледно е дека немаш доверба во него, па едноставно би те прашал зошто продолжуваш да се измачуваш самата себе и да го измачуваш и него?! Девојко, поентата во љубовта е момчето и девојката да уживаат во секој заеднички момент . Факт е дека тој те изварал и дека ти си го направила истото. Уште поголем факт е дека да имало љубов помеѓу вас тоа немало воопшто да се случи. Ама, што било било. Типот згрешил, се покајал и сега буквално те ставил на пиедестал. Тоа што сега не можам да го сфатам е фактот што ти максимално ја користиш таа позиција(плус и фактот што се лигави пред тебе) и брутално го газиш докрај, а пред нас тука се претставуваш како жртва. Па, добро, девојко. Што има врска доколку излегол на кафе со бившата?! Зарем не можат да останат пријатели? Зарем тој нема право да контактира со некоја друга девојка? Размисли малце:wink:. Откога мал флерт или кафе муабет се смета за варање? Доколку стварно немаш доверба во него и намераваш да продолжиш со истото поведение, тогаш направи му услуга и раскини му дефинитивно:wink:Бевме другари.. но и двајцата знаевме дека кога тогаш ке се деси нешто повеќе. И се деси. Идевме месец дена, по раскинувањето ми призна дека ме варал. Иако не ми значеше којзнае што, тоа го доживеав премногу лошо. По кратко време почна да ме моли, да ми плаче да се смириме, а јас му се смирив само за да му вратам. Така и беше.. дозна дека овој пат јас го изварав него и повторно по еден месец раскинавме. После тоа нашиот однос беше ок, а и неколку пати ми имаше направено муабет за смирување. Покрај тоа што сватив дека го сакам премногу... го одбивав бидејќи гордоста ми беше на прво место. Една година патев у себе, немав очи за никој друг... и таман кога мислев дека сум го заборавила.. се појави и повторно посака да биде со мене. Овој пат не можев да издржам и прифатив.. со тоа што тој ми вети дека е сменет и дека никогаш повеќе нема да ме повреди. Бевме како едно, премногу се зближивме, со сите негови постапки ми докажуваше колку е заљубен во мене, имавме совршена врска... бев пресреќна. Но, почнавме премногу да се караме... му раскинав само колку да оладиме малку, а потоа пак да биде се совршено и тој прифати. По неколку дена од раскинувањето дознав дека и се пуштал на неговата бивша (само што раскинавме). Упорно ме лажеше дека не било така, му изнакажав мн лоши работи.. дека не се сменил воопшто па почна да плаче. Му реков дека ке му дадам шанса да докаже дека му значам. По два дена дознав дека бил со другата бивша на кафе.
И сега.. незнам што да мислам... Еден ден ми плаче, а веќе наредниот му е сеедно и повторно ме лаже.
Очајно ми треба вашето мислење... Го сакам премногу и многу ми е тешко без него. Што да правам?