Многу ми зазначи и цврсто сум убедена дека сакам да сум со него ....
И дека би направила се да сум сме заедно....Дефинитивно нејќам да најдам некој друг....4 месеци ми беа поќе од доволни да сватам дека не ми треба никој друг и сакам да сум со него ... :/
Тогаш оди со него до дома. Отпраќај го дома, или тој нека те отпраќа тебе дома. Секој ден биди заедно со него, кога веќе не излегувате во град. Влези му дома (и викни го тој да дојде кај тебе - според описот на типот, веројатно е дека првото поверојатно ќе се случи). Секогаш кога ќе се разделувајте, бакнувајте се (не мора интензивно - обичен бакнеж во уста ќе биде доволен) и секогаш делувај дека ќе си сакала да останеш подолго со него, но дека, ете, си морала да се вратиш. Запознај го и надвор од школо - ако не излегува никаде, уште подобро за тебе, зашто нема да има многу работи што ќе треба да ги дознаеш за него.
На овој начин, тој ќе биде со тебе, дури и да не сфатил дека е со некоја. И дури да се свести, веќе ќе биде твој.
Со среќа. :helou:
Aj da bevme od pogolem grad pak nekako vaka ako ja zemam posle :/ 300 gluposti ke bidat vaka ke se gledame pa sto bide neka bide...
Тоа што ќе се гледате тајно е привремено решение, но нужно во моментов. Добро е што го практикувате.
Сепак, бидете спремни дека ќе дојде моментот кога ќе треба да се соочиш со татко ѝ. А и таа. Најдобар ефект ќе биде ако заедно влезете таму, фатени за рака, и пред нив јасно и гласно кажете дека сакате да бидете заедно. Кога татко ѝ ќе ве види така фатени за рака, муабетот „јас или тој“ ќе падне во вода. Под услов татко ѝ да има малку мозок.
А ако нема, тогаш буквално нејзината рака дај ја во раката на татко ѝ, со зборовите „вие сте поголем маж од мене“ и отиди си.
Буквално е таква ситуацијата. Таткото не смее да ја уценува својата ќерка со зборовите „или тој или јас“, но кога е веќе до толку искомплексиран, во лице кажи му каква глупост прави. Па ако е перверзен, нека си ја чува ќерка си за себе. А и тебе не ти треба таква девојка, која не е способна да се избори за своето право да биде со кого сака. Сепак, каде и да сте, колку и да е мал градот, 19 години се 19 години и не смее да има ограничување во однос на тоа кој со кого сака да биде.
Значи, откако ќе ја оставиш неа во рацете на татко ѝ, ако таа се трга и сака да отиде накај тебе, а татко ѝ не ја пушта, остави ја таму и отиди си. Тоа ќе биде најтешката работа што некогаш ќе треба да ја направиш, но ќе можеш да се надеваш дека таа пак ќе се искрадне од дома и ќе продолжите да се гледате тајно. До следната сцена. После неколку повторувања на сцената, ќе треба да му падне на памет на татко ѝ дека нема шанси со тебе - помлад си и посоодветен за ќерка му од него.
А ако воопшто и не покаже знаци дека сака да дојде со тебе, остави ја целосно и почни да бараш нова девојка. И ова ќе биде тешко, но изводливо е. Со време и пракса, поминува.
Значи, сега за сега гледајте се заедно во тајно. Во еден момент ќе мора да ја пуштиш да остане кај татко ѝ (тоа мислам дека веќе го имаш сторено). Ако и понатаму сака да биде со тебе (како што сака да се гледате во тајно), правете така уште некое време. И потоа биди спремен за следна сцена. Па пак биди спремен дека ќе остане таму, а не со тебе. Ако пак ти се врати, пак продолжете во тајност итн.
Овој начин на живот нема да трае вечно, но уживајте го додека трае. Доколку ви е убаво во врската, во еден момент ќе можеш да ја побараш за жена. Е на тоа не верувам дека некој би се спротивставил. Мајката на девојката сугирно знае низ што таа поминува, па две жени против таткото сигурно се премногу за тој да може да поднесе.
Како и да е, со среќа. Ако се работи за вистинска љубов меѓу вас двајца, ги имате сите шанси. :helou: