- Член од
- 13 септември 2007
- Мислења
- 5.785
- Поени од реакции
- 4.030
A шо има тука за размислување, кога сама кажуваш дека не е спремна за врска.Иако постои љубов таа не е спремна на тој чекор бидејќи ако беше до неа она до сега ќе се фатеше со него али не е, премногу влијае средината,околината, семејството, значи она ако би направила нешто со него сите би ја осудувале...
А и колку што читам, прилично е подложна на мислењето и влијанието на другите а не на своето...
Прво, не мора цел свет да знае дека она праи било што со типот.
На чело нема да и пишува, гарантирам за тоа

Ако смета дека треба да направи нешо со него-јас викам go for it.
Знам дека никогаш нема да си опрости ако не направи, и цел живот ќе се мисли што би се десило кога би биднало нешто...
А нејзините ќе ги обвинува зашто не и дозволиле...
И што има врска бе национална припадност со личноста?
Или прво се раѓаме како „национална припадност“, а после како човечки суштества?!
Кога е љубов/страст/желба во прашање-се слуша сопствениот разум и срце.
Нејзините родители/пријатели/познаници/комшии/роднини/... нема да го живеат нејзиниот живот, она ќе го живее.
Ако нејзе не и пречи, ничиј став не треба да го смета за релевантен.
А ако длабоко во себе и пречи, па бара начин да се тргне од него а да има некоја причина (во случајов мислење на форумџии), тоа веќе друга работа.
И...посакај и од мене да ужива во секој момент со него...
И одлучност и цврст став. :wink: