Ај ви молам кој имат време да го анализират мојот проблем и да дајт свое мислење. Значи вака, девојчево го запознав во априлот. Се почна како на шега, не ни мислев колку многу ќе се занесам по неа. Како што се дружевме почна премногу да ми се свиѓат, многу беше слатка и отворена со мене на почетокот. Така два месеци. Потоа исчезна!! Ја снема наеднаш. Престана да се јавува и престана да пишува. И јас престанав да ја барам. Премногу ми недостигаше, ама гордост пуста не ја побарав и не ја побарав. Така помина еден месец. Пеколен беше тој месец за мене. Тој период беше многу болен, не знаев зошто исчезна, зошто го прекина контактот со мене, ама никогаш не ја прашав од гордост. Премногу е убава и згодна и секој ден кога немав појма каде е и со кого за мене беше премногу болен. Пробав да ја заборавам ама како? Каде и да одев неа ја гледав пред мене, ниедна не беше како неа. Толку многу мислев на неа што го замразив цел машки род оти секое машко што ќе ми излезеше пред очите го замислував со неа, почнав сите да ги мразам. Не знаев каде е и што прави тоа ме полудуваше. По цели ноќи не спиев. Зошто? Седев со упален телефон гледајќи и го статусот на ватсапп кога се исклучува, кога се уклучува, ете тој беше единствениот начин да и бидам блиску. Не постоеше жива сила да ме убеди да и напишам, горев ама издржав. Ми напиша таа прва. Не можев да им поверувам на очите. Продолживме со контактот, ја прашав дали и се свиѓам рече да, дали сака да се видиме рече да. Мислев ми се оствари најголемата желба во животот. Издржав една недела и конечно дојде викенд. И реков да излеземе, ми прати прашалник. И повторив напиша само хаха. Ако таа ноќ не се убив никогаш нема да се убијам. Решив да не и пишувам веќе ама не издржав и ја прашав зошто не излезе и зошто ништо не одговори. Ми рече вака, еее аман де па не можам јас стално да пишувам и не сум така слободна кога ќе ти текне тебе да сме излезеле. Ок и реков кога сакаш ти кажи ми. Ја чекав, помина долго време јас не сакав да ја притискам ама ништо не рече. Потоа ја прашав уште неколку пати и секогаш беше зафатена. И реков директно ако не сакаш кажи директно нема веќе да те барам. Ама таа вика дека и се свиѓам. Не ја разбирам воопшто и се свиѓам а не сака да ме запознае а да престанам да ба барам не и одговара. Потоа птодолживме со нормални муабети јас не и реков ништо повеќе за гледање чекав сама да рече. И да, пак исчезна!!! Овој пат реков е крајно и очигледно е дека не и се свиѓам и не губам веќе време со неа. Ама пробав но не можев да ја заборавам. Патев и умирав ама не сакав веќе да се понижувам. Пак почна едномесечното лудило за мене. Се разболев психички. Ја сонував секоја ноќ, во три на полноќ се будев да го проверам телефонот дали пишала, ама нормално декс не. Во 5 се будев, го проверував телефонот.Знаев дека има роденден,преку нејзини другарки дознав каде ќе излегува за роденденот и појдов таму. Не знам како не ми се скршија нозете, да ми се скршеа и да не појдев. Е таму кога ја видов после неколку месеци сфатив дека сум заљубен во неа. Ја гледав оддалеку и ме примети, дојде и се поздрави. Ноќта бевме заедно, ја прашав зошто исчезнува рече немала многу време. Тогаш и ја бакнав и се беше во ред и надежта пак ми се врати. Следниот ден и напишав а таа ми одговори вака "Супер беше синоќа, а овој другарот во кафеаво Балканец е?" Јас живеам во странство иначе. И напишав вака" Наш е. Зошто?" И еве што ми рече " Па што не ме запозна со него?" Ете тоа беше се, повеќе ништо не и реков ниту од неа слушнав нешто. Надежта џабе толку ми порасна другиот ден ме здроби целосно. Мојата состојба натака да не ви ја опишувам само Господ ми е сведок колку патев. Тогаш решив да ставам крај на се. Ама како некоја змија се враќа со тие плави очи, пак ја сретнав и сета насмеана ми вика, опасен дечко си ти играш топло ладно со мене. Јас?? Ми вика другарот што ти го спомнав пред некоја недела на другарка ми и се свиѓаше. Знаев дека не треба да и верувам и не и поверував ама решив да заборавам и да пробам уште еднаш. Пак продолжив да и пишувам, конечно ја прашав кога ќе излеземе јас и ти, рече ко ќе имам време, хаххахахс ќе се изненадев да не го кажеше ова. Свесен дека со месеци сум третиран како гомно, пусто срце не издржуваше да не ја побарам да ја прашам како е. Разменувавме слики и кога и пратив слика од мене и неколку другари еве што искоментира за тој во кафеавото. "Вие двајцата сте толку згодни, да можам да бирам не знам за кој да се одлучам" јас и реко вака "Па пошто за мене пола година се мислиш и уште не си се одлучила, ете пробај кај него можи побрзо ќе ти проработи мозокот". Тука заврши се. По неколку дена се извини рече се шалела, јас не сум имал смисла за хумор. Една недела не ја побарав, пак не издржав и пишав вечер идам да те земам ќе излегуваме Германија (оти одма сум на граница) и пак рече не, со другарки ќе излагала. Вечерта заборавив како се викам од толку што пиев дуру пијан возев. Следниот ден и реков по тебе трчам пола година, имаш или немаш желба да излезеш со мене да знам барем да не трошам време и нерви. Пак го добив истиот одговор секако дека имам желба иначе зошто сум уште во контакт со тебе. Значи не вели дефинитивно не, вели да ама џабе е сето тоа. Знам ќе речете заборави ја, луѓе не знам како да ви објаснам тоа е невозможно. Не ја барам една недела, состојбата ми ја знаете за на психијатар сум. Прв пат во животот толку ми се свиѓа некој и прв пат сум вака понижен. Не давајте ми совет да ја заборавам дадете ми совет и план да ја освојам. Ве молам во името на Бог ве молам помогнете ми.