Јужни македонски дијалекти (Егејска Македонија)

Член од
6 август 2006
Мислења
201
Поени од реакции
29
Овие дијалекти (кои сеуште се присутни во Егејска Македонија) се еден помалку истра=ен дел од нашата дијалектологија, главно поради политички причини. Но тие се од огромно значење за нас, пред се’ поради архаичноста која ја задр=але и специфичните карактеристики. Уште повеќе, нивното значење е огромно и за славистиката. Тие се говори, кои (Солунскиот говор) одиграле огромно значење во составувањето на првата словенска азбука од страна на Св.Кирил и Методиј. Дури и Ватрослав Јагиќ (кога ја поставувал тезата за основањето на словенската писменост врз темелите на македонската говорена варијанта од словенскиот јазик) одредено време престојувал во Солунско за да ги истра=ува локалните говори, по што ја потврдил својата теза.

Целта во оваа тема е да се дискутира за основните карактеристики на тие говори, за тоа колку тие се користат денес и за последиците од граѓанската војна во Грција, кога илјадници Македонци од Егејска Македонија биле протерани. Е сега, јас многу малку знам за овие говори, но ги поканувам сите, кои имаат познавања од оваа област да напишат по нешто, и ако има некои потомци на =ртвите од Граѓанаската војна, нека пишуваат со свои искуства.

Повелете
 
J

Johnny Stulic

Гостин
egejska rabota brate da ne se arci tastatura zatoa nema repliki ajde sala na strana ne znam bas mnogu za toa ama tasko georgieski mi e eden od poomilenite avtori vo negovite dela ima bas interesni iskustva bas na ovaa tematika isto taka se pisuvani na egejski dijalekt pa se uste pooriginali i povredni
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Гевгелиски мислам дека спаѓа под источни говори, ама не ме држете за збор, не се сеќавам точно како одеше линијата.

Инаку македонските дијалекти имаат огромни разлики меѓусебе во речиси сите сегменти, а јужните дијалекти (односно егејските) воопшто не се проучени, заради бившо југословенската и константната грчка политика.

Денес мислам дека јужно македонскиот дијалект ја има зачувано оригиналната форма од пред можеби 100 години заради минималното влијание на литературниот македонски јазик. Што секако не е пречка да се разберат еден Прилепчанец и еден Солунчанец бидејќи се работи за ист јазик.
 

GRUNGE

Cobain со цигарче!
Член од
25 февруари 2008
Мислења
677
Поени од реакции
28
Во Костурско и Леринско се зборува на струмички дијалект (не баш исто ама слично) мешано со битолски.

Јас сум од таму, 90% од роднините така зборуваат.
 
Член од
28 септември 2008
Мислења
163
Поени од реакции
4
баба е од пожарско а дедо од леринско..се газам од смеа кога ке ги слушнам човече : оди там кај баб-ти :pos2:
 

NIKA

F.B.I (Fausse Bonne Idée)
Член од
11 април 2006
Мислења
791
Поени од реакции
12
Дел од јувно македонските т.е. егејските диалекти се запазени во селата каде што нашите избегале. Претежно во Струмичко и Гевгелиско. Затоа ние не зборуваме бугарски диалект а ЧИСТО МАКЕДОНСКИ ептен МАКЕДОНСКИ!!! Бугарите мислат дека е нивен диалект бидејќи и таму има МАКЕДОНЦИ бежанци (како што си се викаме ние = литературно бегалци).
Моите се од Кукушко и бегале нормално нагоре кон Струмица. Оние од Лерин нормално бегале нагоре кон Битола, а оние од Одрин нормално бегале кон Пловдив. Има едно село во Бугарија каде има МАКЕДОНСКИ бежанци од Одрин. И замислете избегале со се попот и камбаната од нивното село. Кога отидов таму, една баба ми вика еее ми ти нашо дете, толку многу ми се радуваше чак и бакнежи ми изреди. Расправаше дека имала сестра што избегала во Стурмица. Ептен се разбркал народот кога проклетите грци ми ги прогониле прадедовците.
Како и да е....егејски може тук таму да се чуе во Струмица, во бежанските села како Радово, Секирник, Нова Мала. Немојте во Босилово таму се староседелци. Ни пак во Подгоријата и Сушица, Иловица, Стиник Ново Село...таму се шопи!!!
Затоа си велам јас дека секое село со совој диалект. Но треба да се пазат диалектите, оти се богатството на јазикот. Од нив се збогатува јазикот! А не нашиве го збогатуват со србизми, бугаризми и англизми....глупости :duel:

Ај такачка сеа јазка ќи си шодум :salut:аман гаре...:baeh:
 

karan

бивш поет, плукач, вљубеник во слободата
Член од
31 мај 2006
Мислења
3.595
Поени од реакции
2.719
Дијалектите на македонскиот јазик се вариации на стандардниот литературен јазик. Македонскиот јазик брои околу 27 дијалекти поделени во три главни групи. Главната граница помеѓу двата блока источните и западните дијалекти е планината Скопска Црна Гора, продолжува со реката Вардар па се до Егејското Море (или Бело Море). Главна особина за западните дијалекти е поспориот тоналитет на дијалектите, користење на тројниот член и акцентот паѓа на третиот слог од крајот на зборот. Заедничка особина за источните дијалекти е побрзиот тоналитет на зборење, кратење на зборови и променлива позиција на акцентот. Дијалектите се зборуваат на цела територија на Република Македонија, Пиринска Македонија, Егејска Македонија (Беломорска Македонија), Мала Преспа и Голо Брдо и Јужна Србија. Македонскиот јазик, со сите негови дијалекти Има над 3 милиони говорници.

Дел од јужно македонските т.е. егејските диалекти се запазени во селата каде што нашите избегале. Претежно во Струмичко и Гевгелиско.
Моите се од Кукушко и бегале нормално нагоре кон Струмица. Оние од Лерин нормално бегале нагоре кон Битола, а оние од Одрин нормално бегале кон Пловдив..
Како и да е....егејски може тук таму да се чуе во Струмица, во бежанските села како Радово, Секирник, Нова Мала. Немојте во Босилово таму се староседелци. Ни пак во Подгоријата и Сушица, Иловица, Стиник Ново Село...таму се шопи!!! Ај такачка сеа јазка ќи си шодум :salut:аман гаре...:baeh:

Значи егејските дијалекти спаѓаат во најголем дел во групата на источните дијалекти, или поточно се нарекуваат југоисточни дијалекти (за разлика од источните - Штипско-Струмички и Пиринско-Малешевски). Овде можат да се издвојат две главни подрачја : централниот дел на Егејска Македонија (Мегленско, Воден, Бер, Кукуш, Солун - тука спаѓа и Гевгелија) и крајниот југоисток (Сер, Драма, Неврокоп).
Бежанците во Струмичко претежно ги зборуваат дијалектите од оваа југоисточна група. Тие денес живеат во струмичко и поголемиот дел во Пиринска Македонија и други места во Бугарија. Значи, NIKA има илјадници бежанци од Кукуш и Сер кои живеат меѓу другото и во Сушица, Иловица, Штука, односно од страната на Огражден, а тие што ти ги викаш шопи немаат никаква врска со шопите и нивниот дијалект туку зборуваат Пиринско-Малешевски. Бегалците кои се избегани подоцна во Битола, Мариово, Тиквешијата се најмногу од Леринско, Костурско, Меглен. Леринскиот говор иако припаѓа на централната група говори, кај него како и кај Костурскиот се среќаваат голем број карактеристики на говорите од југоисточната група и во тој однос тие можат да се сметаат и за преодни (какви што се Мариовските, Тиквешките, Велешкиот).:toe:
 

Attachments

theMac3donian

Мак3донецот
Член од
5 февруари 2007
Мислења
3.690
Поени од реакции
259
1. Се под тунелот на Демир Капија спаѓа во Воденско-Солунско, што значи Гевгелискиот е дел од „егејските“. Иако се разликува, сепак сличен е... нема свеШТи, али блиско е.
2. Ленринско има свеШТи и јас кога зборувам Гевгелиски со еден од с. Буф Леринско тој не ме разбира... додека од воденско е друга приказната. Леринско и Костурско зборуваат свој посебен дијалект кој е близок со Битолскиот, но бидејки користат различни зборови и звуци ШТ, ', малку изгледа како да не е близок.
3. Мислам дека Кукуш зборуваат со Гевгелиски редослед на зборови, но користејки струмички зборови (нешто како дојран) додека СЕР е Источна дефинитивно (како НЕВРОКОП-денес бугарија)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom