Дете е ... има колку 20-21 година?! :/
Се согласувам премногу е зелен за ваква емисија.
Да му одговорам и на Армин истовремено
Мене ми е јасно дека зад Колберт стои еден гигант како Комеди Централ и дека се работи за мултимилонска продукција но што знам кај Јофе ми фали нешто друго, а тоа е за разлика од Колберт кој пердаши и демократи и републиканци Јофе некако повеќе наклонен ми е накај левицата што е логично за наши услови и вработени во ТВ куќи.
Ајде да го баталам тоа како нужно зло за да имаш кај нас емисија во некоја телевизија ќе кажам дека сатирата што ја презентира низ емисијата која е чисто негов избор е на ниво од гостинки кај Драган Вучиќ во емисија, па како таков мене не ми подобен за гледање. Втора работа е тоа не е харизматичен водител, сите негови шеги изгледаат како да ги кажува на аудиција за К 15 и немаат никаква спонтаност.
Немам ништо лично против момчето, но мислам дека се губи и изгледа патетичен кога сака да копира едно шоу кое е од најгледаните со освоени греми награди и комедијанти од типот на Џон и Колберт.
Јофе едноставно не е актер за да може да води вакво шоу