Јин Јанг

Член од
18 јануари 2008
Мислења
131
Поени од реакции
14
Во кинеската философија, концептот на јин и јанг се користи за да се опише како спротивните сили се следат меѓусебно, и взаемно си ги заменуваат местата. Концептот го среќаваме во бројни гранки од класичната кинеска наука и философија, но исто така и во основите на традиционалната кинеска медицина. Концептот за јин и јанг е централен принцип на неколку видови боречки вештини и вежби, како што се таи чи, кунг фу и кигонг.
Многу од природните дуалитети, како што се светло и темно, машко и женско, ниско и високо – се оформени според кинеската мисла за јин и јанг.

Врската меѓу јин и јанг често се опишува како сончева светлина која си игра над планина и над долина. Јин (буквално „сеновито место“ или „северен наклон“) е темната страна, додека јанг (буквално „сончево место“ или „јужен наклон“) е светлата страна. Како што се движи сонцето по небото, јин и јанг постепено си ги заменуваат местата, откривајќи го непознатото, и криејќи го познатото.
Карактеристиките кои му се припишуваат на јин најчесто се: бавно, меко, нематеријално, раширено, студено, влажно, и мирно. Генерално се поврзува со женско, раѓање и создавање, како и со ноќта. Спротивно на тоа, јанг е брзо, тврдо, цврсто, суво, насочено, врело и агресивно. Се поврзува со машкиот принцип и со денот.
Природата на јин-јанг

Јин-јанг е активен концепт: се смета дека и двете произлегуваат од почетната празнина (понекогаш претставена како празен круг), и продолжуваат да се движат сè додека не ја постигнат повторно празнината. На пример, ако фрлиме камче во мирна вода, веднаш се појавуваат бранови, но и вдлабнатини во водата меѓу брановите, а оваа појава на повисоки и пониски точки во водата ќе се движат кон надвор додека не се потрошат, а водата повторно ќе стане мирна. Според тоа, јин-јанг секогаш ги имаат овие карактеристики:
јин и јанг се спротивностипретставуваат спротивни квалитети. На пример, зимата е јин, а летото е јанг во годишните сезони, женското е јин, а машкото е јанг во човечките односи. Не е можно да се зборува за јин или за јанг, без да се спомене неговиот спротивен квалитет.јин и јанг имаат исто потеклосоздадени се со исто движење, истовремено. Раса составена само од мажи или само од жени брзо ќе исчезне за само една генерација, но затоа мажите и жените заедно создаваат нови генерации кои ѝ овозможуваат на расата да опстане.јин и јанг се претвораат едно во другоналик на подводната струја во океанот, после секој подем следува пад, и после секое напредување следи повлекување. Според тоа, од семето од земјата изникнува растение кое се пружа кон небото – јанг движење. Но, штом ќе ја постигне полната висина, почнува да слабее, и на крајот паѓа на земјата и се распаѓа – јин движење. Јин секогаш во себе носи потенцијал за манифестирање на јанг, и обратно - јанг за јин.јин и јанг се балансиранијин-јанг е динамичен еквилибрум. Затоа што се појавуваат истовремено, секогаш се исти: ако едното го снема, мора и другото да го снема, и останува празнината. Но ова не е секогаш лесно видливо, затоа што јанг елементите се очигледни, но јин елементите се скриени и едвај видливи. Јин-јанг всушност не се цврсти тела или сили , начинот на кој се сфаќа тоа во западната мисла. Тие се универзален начин да се опишат меѓусебните влијанија на природните сили кои се случуваат во светот. Можат да се применат на општествениот систем – на пример добро и зло, богат и сиромашен, чесен и нечесен – и често се користат во овој контекст како предупредување, бидејќи екстремното добро се претвора во зло, екстремното богатство во сиромаштија, екстремната чесност во нечесност.
Концептот на „единство и дуалитет“ се појавува во бројни верувања и филозофии, од филозофијата на Хераклит, до филозофијата на хиндуизмот, таоизмот, и будизмот, како и гностицизмот и зороастрианизмот.Јин и јанг се единство, и двете имаат своја динамичка природа и недвосмислена примена во надворешниот свет.

http://mk.wikipedia.org/wiki/Јин_и_јанг


Ова е само еден мал општ дел во кој накратко е опишана филозофијата на Јин и Јанг, што представуваа таа, и како влијае на животот на луѓето.

Таоизмот започнал како филозофија, за подоцна да постане религија во Кина, исто како Будизмот и Конфучијанството. Зборот Тао може грубо да се преведе како патека. Се однесува на сила, моќ која опкружува, и која струи низ се што не опкружува, низ физичко и низ материјално. Секој човек си има свое Тао, односно своја насока, патека. Таоизмот ги регулира природните процеси и го храни балансот во Универзумот. Ја конкретизира хармонијата на спротивностите ( Нема да има љубов без омраза, светло без мрак, маж без жена). Лао Це се смета за создател на Таоизмот, а Јин и Јанг е симбол на Таоизмот. Го претставува балансот на спротивностите во Универзумот. Кога тие се во совршена рамнотежа, се е спокојно. Кога едното преовладува над другото, има безредие и конфузија.
Посматрајќи ја симболиката на Јин и Јанг, целиот тој круг представува “СЕ “ , додека белиот и црниот дел претставуваат две спротивни енергии. Овие енергии делуваат меѓусебно во склоп на секоја постоечка целина. Јин е црно, а Јанг е бело, и тие се предизвикувачи на се што се случува во светот. Тие не се потполно црни, ни потполно бели, како и сите случувања и нешта во животот. Јин и Јанг не можат да егзистираат едно без друго.

Машки и Женски принцип
Јин го претставува темниот елемент, пасивноста, негативноста, поврзаноста со ноќта, слабоста, женската страна.
Јанг е светла страна, активност, топлина, позитивност, поврзаноста со денот, машкост. Јанг преставува оган и воздух.
Сите сили во природата можат да се гледаат низ призмата на Јин и Јанг фазите, затоа што се е во константно движење, кои и се нарекува Силата на Универзумот. Секој од овие два содржи елемент од својот противник. Овие два симболи (темната и светлата страна) се неразделиви, исто како и кај луѓето. Оние кои не знаат што е добро, нема да знаат ни што е лошо. Затоа и во самиот Јин Јанг знак стојат две точки. Тие се спротивност на целината во која се наоѓаат, затоа што се земени од нејзиниот опозит. Во секое добро има нешто лошо, а во секое лошо има и добро.

Исто така и медицината може да се тумачи преку филозофијата на Јин и Јанг.
Најстарите пишани докази кои спомнуваат примена на оваа филозофија во медицината се пронајдени во гробниците на семејството кинески владатери Хан 300 год. п.н.е. каде што Јин и Јанг се наведени како два од вкупно осум принципи на традиционалната кинеска медицина. Овие принципи во тоа време му овозможувале на лекарите да ја согледаат и утврдат болеста на своите пациенти. Останататите шест принципи на спротивност се : топло и ладно, внатрешност и надворешност, и лежерност (мрза) и претерување.
Да претпоставиме дека човек со добро здравје има избалансирани Јин и Јанг, но ако едно од овие две доминира, тогаш тоа резултира со лошо здравје. Всушност ова е еден од основите на акупунктурата. Акупунктурната терапија се заснова на тоа да органите се класифицирани во парови кои разменуваат позитивна и негативна енергија, а акупунктуристот има за цел да ја потпомогне т.н. размена на енергиите.

Восок и пламен
Најбитното правило според кое кинеските лекари се воделе, а кое денес често го забораваме, е тоа што човекот е една целина од тело, памет, и душа, а сето тоа е под влијание на Јин и Јанг. Често се зборува дека Јин и Јанг можеме да ги споредиме со свеќа- каде што восокот го претставува Јин -тело, а пламенот - Јанг - душа. Тие не можат едно без друго, бидејќи кога восокот ќе се стопи - тогаш нема ни пламен.

Јин и Јанг совети
Потрудете се да ја пронајдете рамнотежата помеѓу духот и телото.
Не го согорувајте премногу својот восок, затоа што секако не можете да го одвоите од пламенот.
Трудете се да се спознаете самите себеси што повеќе, зошто дури тогаш ќе можите да ги сватите другите луѓе.
Немојте никогаш да мислите дека сте го достигнале апсолутното добро, бидеќи секое добро е создадено и од малку лошо.

Доколку сте нерасположени и се осеќате лошо - не заборавајте ........Човекот е целина од тело, памет и душа, а сето тоа е под влијание на Јин и Јанг.:wink:

едит:Јин - Јанг самиот симбол датира барем 4 века пред христа идентификуван е кај источните филозофски религии конфучиунизмот и будизмот.
А во западниот свет одамна е усвоен во симболиката на митот магија, астрологија и вештичарење.


Ова како дополнување за симболот....
 

Attachments

Член од
5 февруари 2009
Мислења
120
Поени од реакции
93
Браво за темава !

туку, гледам и потписот ти е ЈКД, и поврзано со тоа, симболот Јин и Јанг го употребил и Брус Ли, и околу него напишал
Using no way as way, Having no limitation as limitation

Во симболот на Јин и Јанг, постои една бела точка во црната половина, и една црна дамка во белата половина. Во ЈКД, Јанг (цврстина) треба да биде сокриена во Јин (нежност), како што Јин е скриено во Јанг.
Bruce Lee
 
Член од
18 јануари 2008
Мислења
131
Поени од реакции
14
Браво за темава !

туку, гледам и потписот ти е ЈКД, и поврзано со тоа, симболот Јин и Јанг го употребил и Брус Ли, и околу него напишал
Using no way as way, Having no limitation as limitation

Па не сум сигурен точно што значи кинеската буква. Али симболот Јин Јанг е нели симбол на таоизмот, а мечевите од страна се оружје од Винг Чун ( "Пеперутка" мечеви ; Butterfly swords ). Ова за аватарот зборам. А тоа дека Брус Ли го превземал е точно и го искористил како амблем за неговиот концепт Jun Fan's Jeet Kun Do ( Jun Fan's Intercepting Fist).Малку претерав со философирање. :kesa:
А за потписот всушност тоа е од Винг Чун ( Куклата за апликација на форми , Чи Сао , Мечевите пеперутка и на крај е Змаевата Мотка)


Иначе мислам ти за овој симбол мислеше кога спомна Jeet Kun Do
 

Attachments

C

Cool Hand Luke

Гостин
Постои баланс меѓу тие две сили, ако тој се поремети вештачки, на пример, кога некој одеднаш ќе стане добар и среќен без цврста основа за тоа, туку како последица на лично уфилмување, подоцна вагата по инерција се враќа назад и следуваат не толку пријатните филмови. Силна рамнодушност треба. А среќа и радост, само на разумна основа.
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Постои баланс меѓу тие две сили, ако тој се поремети вештачки, на пример, кога некој одеднаш ќе стане добар и среќен без цврста основа за тоа, туку како последица на лично уфилмување, подоцна вагата по инерција се враќа назад и следуваат не толку пријатните филмови. Силна рамнодушност треба. А среќа и радост, само на разумна основа.
Сигурен си дека треба? Можеби само ако сакаш да кажеш дека така најлесно ќе го изживееш животот. Но тогаш, откажи се од врвот во секоја смисла. Нема трофеи, нема уживање во даден момент, нема успех на ниедно поле. Медиокритет само. Некако не ми фаќа око тоа...
 
C

Cool Hand Luke

Гостин
Сигурен си дека треба? Можеби само ако сакаш да кажеш дека така најлесно ќе го изживееш животот. Но тогаш, откажи се од врвот во секоја смисла. Нема трофеи, нема уживање во даден момент, нема успех на ниедно поле. Медиокритет само. Некако не ми фаќа око тоа...
Сигурен сум, иако не го спроведувам тоа. Рамнодушност, не намќорост. Само главата горе, без избрзани свесни емоции, ама сакам да си филмувам, па кога ќе сретнам некого го поздравувам како да е најдобар човек на свет, но брзо паѓа исфорсираната восхитеност, па набрзо ќе замолчиме и двајцата. Исто и со љубовта, колку пати само сум сакал да ја има, па сум ја глумел, со најдобра намера секако :), но таа е состојба на битието а не емоции. За тоа зборувам, за емоциите, може не се разбравме. Не велам дека човек не треба да се смешка, па и да подели некој комплимент, но тоа самото одвнатре треба да дојде. Ако е од надвор, брзо и ќе си замине таму. :)
 
Член од
6 јануари 2010
Мислења
1.120
Поени од реакции
104
Концептот на Јин и Јанг не е само дел од кинеската философија, туку од целокупната светска философија дека се има своја спротивност.

Присутно е и во христијанската религија како добро и лошо, и е спомнато во скоро сите философии. Всушност, ова ги поставува корените на дуализмот како учење. Со најпрости примери може да се докаже дека во природата се има баланс, и тоа буквално подеднаков помеѓу две единки, две нешта, две појави.

Тоа што науката сака да го наруши тој баланс е веќе нешто друго, и сум сигурна дека природата ќе му врати на човекот за нарушувањето на тој совршен баланс.
 

NIght_Elf

High Priestess
Член од
15 јуни 2007
Мислења
479
Поени од реакции
13
Јин - Јанг исто така претставува визуелно прикажување за философијата на Култот на плодноста. Покажува како црното (јин/женско) и белото (јанг/машко) се едно покрај друго и во секое има точка од другото. Тие не војуваат меѓу себе туку имаат потреба едно од друго.
 

The Mad Doc

Алхемичар
Член од
16 март 2009
Мислења
653
Поени од реакции
46
Често се зборува дека Јин и Јанг можеме да ги споредиме со свеќа- каде што восокот го претставува Јин -тело, а пламенот - Јанг - душа. Тие не можат едно без друго, бидејќи кога восокот ќе се стопи - тогаш нема ни пламен.
А кога ќе го нема пламенот свеќата ќе постои без него.Лоша споредба.

Иначе теоријата е како и сите други добра но недовршена.Во оваа теорија душата ја сметаат за нешто материјално за нешто не го гледам ама од него сум составен.Не не е така,душата сме ние и тоа не е дел од нас туку тоа е животот.Душата не е во телото туку оклулу него.Све окулу нас е нашата душа.Таа не е нешто што познава граници како во оваа филозофија.Душата не зависи од телото,таа не зависи од ништо таа е совршена,ние сме совршени.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom