Јане Сандански-Пиринскиот цар!

Член од
22 февруари 2009
Мислења
746
Поени од реакции
35
Извештај на новинарот Фредерик Мур

Американскиот сведок на Крушевската Република
Фредерик Мур е единствениот новинар кој имал можност со свои очи да ги проследи случувањата во Крушево за време на Илинденското востание во 1903 година. Во тој период работел како дописник на „Њујорк трибјун“ од Македонија, а подоцна ќе објави и книга „Трагите на Балканот“, во која дава детален опис на сите настани за кои непосредно сведочел. Фотографиите од Солун, непосредно по атентатите се негово дело, бидејќи случајно се затекнал во градот за време на акциите на гемиџиите. Едно од многуте сведоштва е и за Крушевската република. Се претпоставува дека Мур влегол во Крушево веднаш откако било задушено востанието заедно со турската војска, иако, според информациите што ги објавува, впечаток е дека бил присутен во градот и во десетте дена од републиката.

ВОСТАНИЦИ „Кусо по полноќ, утрото на 2 август 1903 истрели од пушки и гласно „Ура“ го нарушија мирот во мирното планинско село. Околу 300 востаници предводени од Пето Влавот (Питу Гули, н.з.) и четворица други лидери го изненадија градот. Во малата касарна имаше 15 турски војници, а во конакот и во неколку приватни куќи уште 10-12 турски претставници и нивните семејства, како и уште неколку војници. Жителите на градот се христијани, Власите се мнозинство, а има одреден број Бугари. Војниците успеаја да си ги земат пушките и да избегаат од касарната притоа убивајќи најмалку 8 востаници. Турскиот телеграфски писар исто така успеа да избега, но владините претставници загинаа сите до еден. Кајмакамот беше на пат во Битола. Откако ја опколија владината зграда за да го спречат бегството на Турците, востаниците упаднаа во дуќаните и ја зедоа сета нафта која успеаја да ја пронајдат. Нафтата ја истурија во Конакот, во касарната и во телграфската канцеларија и ги запалија. Помеѓу 15 и 20 турски војници беа убиени бегајќи од пламенот, но жените и децата беа поштедени и спроведени во една влашка куќа, со исклучок на една жена и дете кои беа погодени на излегување. Пламенот се прошири и десетици куќи и дуќани изгореа заедно со турските. Дел од нив, сигурен сум, беа запалени за да биде зафатен и конакот и да се осигура смртта на Турците.

Утрото востаниците поставија црвени знамиња низ целиот град и формираа провизорна влада, како и комисија составена од жителите- двајца Бугари и тројца Власи кои беа задолжени да се грижат за тековната работа. Без инструкции сите жители ги фрлија фесовите. Тројца шефови на бандите беа именувани за воена комисија и нивните задолженија беа драстични. Нивната прва одлука беше да осудат на смрт двајца припадници на Грчката Патријаршија кои шпионирале во корист на Турците за целите на организацијата и плановите на локалниот комитет да организира востание. Мажите беа однесени во шумата и убиени. Уште првиот ден, востаниците одеа од куќа во куќа и бараа донации во храна, а подоцна бараа и олово за производство на куршуми. Дополнителни востаници пристигнаа, а и голем број локални Бугари и Власи им се придружија, со што нивната бројка се искачи на преку 600 востаници. Веднаш почнаа да градат засолништа, а направија и два дрвени топа, какви што се користеа за време на Бугарското востание во 1870-те. Топовите беа бескорисни и им беа оставени на Турците кои ги довлечкаа со нив во Битола.

КОМИСИЈА Вториот ден, богатите луѓе од градот беа изведени пред воената комисија. Беше направена листа (од информациите добиени од локалните членови на организацијата од Крушево) за состојбата и богатството на секој виден жител на општината. На секој кој ќе се појавеше пред Комисијата му беше одредувана сума во согласност со проценката за тоа колку пари има. Никакви протести и молби не влијаеа врз Комисијата и во речиси сите случаи, парите беа исплаќани на време. Повеќе од илјада долари беа собрани на овој начин, а во замена им беа давани книжни пари кои ќе важат по ослободувањето на Македонија. Во неделата на свештениците и од Грчката и од Бугарската црква им беше наредено да служат реквием за загинатите комити во нападот. Беа одржувани состаноци на отворено, а на луѓето им се обраќаа лидерите на групата.

Во десетте дена востаничка окупација беа организирани стражи и патроли кои ги одржуваа редот и мирот во градот, и никакви насилства не беа сторени. Сепак, бизнисот запре. Пазарот беше затворен бидејќи снабдувањето сопре, а трговците од околните села беа блокирани од турската војска и од башибозукот, кои се наоѓаа околу градот. Веста за заземањето на Крушево во Битола стаса на 3 август, но дури 9 дена подоцна беше направен обид повторно да се заземе. Дотогаш беа мобилизирани 3 илјади војници со 18 топови, а околу градот имаше и околу 3-4 илјади башибозук од околните турски села. Кога топовите беа наместени над градот, командантот на трупите Бахтијар Паша им испрати пишана порака на востаниците да се предадат. Тие одбија и почна артилерискиот оган. Најголемиот дел од востаниците избегаа низ густата шума која изгледаше како да им е намерно препуштена за бегство, но дел заземаа позиции околу планинските патишта кои водеа кон градот, а други се засолнија во забарикадираните згради на периферијата на градот, од каде извесно време пружаа отпор. Двајца од лидерите, Пето и Иванов, загинаа во борбите. Пето Влавот беше животописен карактер. Имаше 35 години и беше роден во Крушево. Во 1886 година бил затворен и одведен во Мала Азија. Но, по генералната амнестија бил ослободен и се вратил во Македонија, повторно придружувајќи му се на револуционерното движење во Крушево и околината. На состанокот на водачите пред турскиот напад, Пето изјави дека нема намера да се предаде. Другите можат да си заминат, но тој ќе им дозволи влез на Турците само преку него мртов. Со 18 луѓе кои одлучија да загинат со него, тој зазема позиција во близина на главниот пат и ја задржа цели пет часа. Се тврди дека се самоубил со последниот куршум за да не им падне в раце на Турците.

Жителите веднаш ги вратија фесовите и делегација од видните луѓе со бело знаме замина во штабот на Бахтијар Паша за да го предадат градот. По пат беа сопрени од војската и башибозукот и им беа испразнети џебовите, а потоа им беше земена и облеката и чевлите. Кога стигнаа речиси голи во штабот, покрај предавството, врачија и протест, по што Бахтијар нареди да им биде вратена облеката.

ПОЖАР ...Хилми Паша ми објасни дека „несреќниот“ пожар се случил како резултат на бомбардирањето, кое, како што ми рече, секоја цивилизирана нација би го презела при освојување на град. Но, секоја куќа во Крушево беше поединечно запалена. На вратите на 600-те куќи кои беа само обиени се гледаа траги од секири и тесли. На оние ѕидови кои останаа, беа забележливи траги од нафта. Уништувањето на Крушево предизвика големо внимание во Битола, и му беа испратени инструкции на турскиот командант да обезбеди потписи од жителите дека тоа е дело на востаниците. Неколку жители потпишаа од страв, но најголемиот дел од Власите одбија да го сторат тоа. Интересен факт, кој зачуди многумина беше што, со исклучок на бугарската црква, ниту еден дел од бугарската четврт не беше уништен. Грците, кои на сите начини се обидуваа да ги обвинат востаниците, тврдеа дека лидерите на востанието направиле договор да не се напаѓаат Бугарите, давајќи му ги на Бахтијар Паша парите што ги собрале од Власите. Но, ваквите соопштенија кои доаѓаа од Атина не беа вистинити. Невозможно е такви преговори да се одвивале овде. Редовите на востаниците во голема мерка беа пополнети со Власи, повеќе од 200 востаници загинаа во одбрана на градот, и прашањето е како воопшто востаниците би стигнале живи до штабот на Бахтијар Паша, а уште помалку е веројатно дека Турците би почитувале таков договор. Причината што бугарскиот дел остана негибнат е или во стравот на Турците од поставен динамит, или сиромашниот бугарски дел едноставно не беше вреден за ограбување. На Турците им беше добро познато дека Бугарите, кои се ситни сточари, одгледувачи на овци и работници, се ужасно сиромашни, додека Власите, кои патуваа се до Солун, се трговци и добро им оди. Турците, откако не успеаја да заробат ниту еден востаник, уапсија 6 невини Власи и заедно со двете дрвени топчиња, како доказ за нивната вина, ги однесоа во Битола. Затворениците беа веднаш ослободени по интервенцијата на конзулите. Откако поминаа два дена во шумата, исплашените жители се вратија во градот. Ги наоѓаа телата на нивните роднини и пријатели на улиците на градот. Бараа да ги закопаат, но тоа не им беше дозволено. Со ретки исклучоци, телата беа собирани од војниците и фрлани во плитки дупки покрај улиците.
„Вашингтон хералд“ 25 октомври 1908
Сандански- средновековен феудалец
Вест дека Сандански е тешко ранет во Солун пренесува „Вашингтон хералд“ на 25 октомври 1908 година. Според нивниот дописник, станува збор за „одмазда од страна на соработниците на Сарафов, кои не му го простиле неговото убиство од страна на агентите на Сандански“. Сандански ќе го преживее атентатот, а „Вашингтон хералд“ го опишува на следниот начин:

„Тој е најпознатиот револуционерен лидер во Македонија, а неговото најпознато дело е киднапирањето на Мис Стон и барањето откуп за неа. Неговиот полковник Паница го уби Сарафов. На организацијата на Сандански со право и се припишува тоа убиство. Сандански го контролираше македонскиот регион на Серес, а неговата власт беше толку силна што ниту една друга ривалска организација не можеше да влезе таму. Тој сега ја прифати младотурската идеја и блиску соработува со нив. Преку целата граница тој постави комплицирана мрежа на стражарски позиции и точки, со стотици редовно платени агенти и соработници. Платата на овие агенти воопшто не е мала, „заменикот шеф“ во Жедјене (?) на пример, добива 15 долари месечно, што е голема плата за едно примитивно балканско село. Двата региони кои се дел од „кралството“ на Сандански имаат годишен буџет од преку 20 илјади долари. Природно се поставува прашањето, од каде доаѓаат овие пари? Одговорот е, од македонските селани, кои се согласни да му плаќаат годишен данок на револуционерниот лидер во замена за заштита од непријателите, како од турските власти, така и од другите бандити. Сандански им ги гарантира животите и имотите на селаните, им се одмаздува за грешките, спроведува и некаква воена правда, па дури овозможува и школување за нивните деца. Селаните, од друга страна, му искажуваат послушност како средновековните вазали на своите газди“.

Целиот живот на Сандански, преку серија интервјуа со него, подоцна е обработен во книгата „Исповедта на македонскиот бандит“ на американскиот новинар Алберт Зониксен. Во неа, меѓудругото, тој се фали дека лично убил повеќе од 300 луѓе!
 
Член од
22 февруари 2009
Мислења
746
Поени од реакции
35
Кемал Ататурк предлагал посебна македонска држава
Името на Мустафа Кемал Ататурк, творец на современа Турција, тесно е поврзано со Македонија. Роден е во 1881 година во Солун. Има тврдења дека неговото семејство потекнува од Коџаџик, село во дебарска Жупа. Постои и друга верзија дека неговиот татко е исламизиран Македонец и дека во Солун се доселил од областа Голо Брдо, Албанија.

Д-р Орде Ивановски вели дека додека било во Солун, семејството на Кемал Ататурк за свои први соседи и пријатели ги имал Ачковски доселени од Прилеп. Од заедничкиот живот на двете семејства интересно е тоа што Мустафа Кемал бил доен со млеко од жена на Ачковци, која истовремено се породила со неговата мајка, која немала млеко да го дои. Ататурк нема никогаш да го заборави пријателството со Ачковци и тие биле негови чести гости.

Мустафа Кемал се школувал во Воената гимназија во Битола и во Вишата воена академија во Истанбул. Учествувал во речиси сите војни што ги водела Турција во првите децении на 20 век, во Балканските војни и во Првата светска војна, како и во Националноослободителната војна кога бил врховен командант на турската армијата. Д-р Јусуф Хамзаоуглу вели дека Ататурк бил многу образован, начитан и знаел неколку светски јазици. „Од тие причини во сите места каде што престојуваше имаше свои добри пријатели од сите народи, а секако и другари и пријатели - Македонци, меѓу кои беше и професорот по турски јазик во Солунската гимназија Иван Манолов. Тој на Манолов му ги кажуваше своите идеи и планови за реформите на Османлиската Империја, како и плановите за создавање турска национална држава“, пишува тој.

Според д-р Хамзаоуглу, пред Балканските војни Кемал Ататурк предлагал промена на границите на Османлиската Империја и нејзино повлекување на етничките граници на турскиот народ и формирање турска национална држава. „Ако Османлиската Империја сама ги промени своите граници, тоа ќе го стори во своја полза и во полза на турскиот народ. Ако нив ги променат европските сили и соседните балкански држави, тоа ќе го направат на штета на Османлиската Империја и турскиот народ“, велел Ататурк, нешто што не било прифатено. Истовремено предлагал на териториите што ќе останат надвор од границите, меѓу кои се наоѓале Македонија и Албанија, прво да им се даде автономија, а подоцна целосна независност.

По Балканските војни, во 1913 година Мустафа Кемал бил поставен за воен претставник во Софија на Отоманската Империја. Од тоа време се споменува и една негова голема љубовна романса. Според пишувањето на бугарските весници, тој се вљубил во една убава Бугарка, но таа љубов немала среќен крај, зашто тој брзо морал да се врати во Турција.

Мустафа Кемал другарувал и со Јане Сандански, а нивното познанство започнало во времето на Младотурската револуција, кога заедно со Енвер-бег свечено го пречекал во Солун. Според Алтан Делиорман, Ататурк одржувал контакти и со претставници на санданистичкото движење во Софија: „Доаѓањето на Мустафа Кемал Ататурк во Софија во 1913 година среде Македонците создаде голема радост... Македонците се зближија и се спријателија со Мустафа Кемал, кого впрочем го сметаа и за свој сограѓанин, бидејќи тој беше роден во Солун... Од сите емигрантски организации што дејствуваа во Софија, Мустафа Кемал реши да соработува единствено со левицата на ВМРО предводена од Сандански, а која немаше никакви империјалистички претензии кон Османлиската Империја и која мислеше дека ако ги поддржува Турците, во иднина во својата борба ќе може да смета на турска помош и поддршка“, пишува Делиорман и додава дека Ататурк во Софија бил штитен од санданистите и често предупредуван за некои опасности.

Кемал Ататурк бил предлаган и за Нобелова награда за мир, а 1981 година УНЕСКО ја прогласи за Година на Ататурк. Минатата година се навршија 70 години од неговата смрт.

Поделената ВМРО не ја искористи револуцијата

Во првите денови на револуцијата над 170 македонски комити со 20 околиски и реонски војводи дошле во Битола
За време на Младотурската револуција поделбата во Македонската револуционерна организација била толку голема што во преговорите со младотурците настапувале поединечно. Се стасало дури до парадоксална ситуација - нивните дотогашни непријатели да се обидуваат да ги помират, во што не успеале. Серчаните на чело со Јане Сандански целосно ја поддржале револуцијата и се договориле со младотурците, сметајќи дека на тој начин Македонија ќе се избори за автономија во рамките на Османлиската Империја. Десните сили на чело со Христо Матов долго време преговарале и не постигнале никаков договор. „Преговорите со младотурците се одвивале бавно и несигурно. Кратко време потоа (31 јули) Јане Сандански, одзивајќи се на поканата за соработка со младотурците, го издал Манифестот до сите народи на Отоманската Империја. Во меѓувреме, десното крило на ВМОРО, претставено од Христо Матов, презело мерки да се зачува оружјето од нелегалните и од легалните сили на организацијата. Во таа смисла, ЦК на ВМОРО на 25 август испратил циркуларно писмо до окружните и до околиските раководства на организацијата со свои укажувања и известувања за текот на преговорите со Младотурскиот комитет“, вели Никола Целакоски, кој неодамна откри важен документ во кој можат да се прочитаат инструкциите што им ги давала десницата на војводите како да се однесуваат за време на револуцијата.

На 3 септември, Јане Сандански ја обелоденил програмата за соработка на левите сили со младотурците, а разликите што ги имал со десните сили уште повеќе се продлабочиле. „И покрај тоа што Младотурската револуција е оценета како полупобеда над апсолутизмот, разединетоста на ВМОРО придонесе овие настани да не се искористат во полза на Македонија. Тие состојби негативно се рефлектираа и во претстојните години“, оценува Целакоски.

Рускиот конзул Каљ во своите извештаи до Москва има изнесено интересни забележувања за тоа како се однесувале македонските револуционери во првите денови на Младотурската револуција. „На 18 ов. месец во Битола дојдоа бугарските чети од сите околии на чело со своите војводи. Војската, офицерите, граѓанските власти и населението од градот им излегоа во пресрет и свечено ги поздравуваа како херои... Јас се обратив до началникот на организацијата на Битолскиот округ, Милан Матов, кој одеше напред. Тој ми одговори дека тоа го сториле 170 души четници, 20 околиски и реонски војводи и 50 души од народната милиција. На прашањето дали сите се Бугари, тој одговори: ’Меѓу нас нема Бугари, има само двајца дојдени од Бугарија, сите ние сме Македонци‘“. Ваквиот одговор му бил необичен на Каљ, па го искоментирал со зборовите: „Овој одговор е многу карактеристичен. Секому овде му е познато дека Внатрешната организација беше поддржувана од Бугарија и во Софија имаше свој главен центар и дека една од првите нејзини задачи беше меѓу населението да го развива мислењето дека тие се Бугари. Одрекувајќи ја сега својата бугарска националност, организацијата покажува дека врската со Бугарија се прекинува и дека ова предавање очигледно произлегува од настојувањето на месното население, можеби дури и наспроти желбите на Бугарија“.

Инаку, Милан Матов е стружанец, брат на Христо Матов, тогаш лидер на десницата на ВМРО. Починал во Софија во шеесеттите години на минатиот век. Во неговите спомени, кои пред неколку години беа издадени на македонски јазик, тој се декларира како македонски Бугарин.
Младотурците имале голема доверба во Јане
Младотурците со голема доверба гледале на Јане Сандански. Кога пристигнал во Солун во првите денови на револуцијата, бил пречекан со големи почести. Д-р Јусуф Хамзаоглу го пренесува сеќавањето на Таксин Узер, кој бил во делегацијата што го пречекала на железничката станица. „Од Неврокоп Сандански со своите луѓе замина за Драма, а оттука со воз преку Серез стигна во Солун. За неговиот пречек во Солун беше формирана специјална делегација предводена од Енвер-бег во која, покрај мене, се наоѓаа Мустафа Кемал Ататурк и други младотурци. По пречекот на Сандански, сите заедно се упативме кон луксузниот хотел ’Ангелетер’ и од неговиот балкон, каде што се наоѓаше и Мустафа Кемал, Енвер-бег и Сандански одржаа кратки говори пред насобраниот народ“, раскажувал младотурчинот Тасин Узер.
 

ilija^veles

Nick Sloter
Член од
19 февруари 2009
Мислења
1.050
Поени од реакции
41
Интересно е и да се знае:
На 27 декември 1902 Јане крстил новородено девојче со името Автономија!

Христо Силјанов(пробугарски ориентиран летописиец) забележува дека според Сандански "сите кои агитираат, било во Македонија било надвор од неа, врз основата:ослободување и обединување на бугарите, требало да бидат пречекани непријателски од ВМРО, како што биле пречекувани од Организацијата српските и грцките агитациони групи" но најмногу: "дека треба да се работи за разбудување на масите за своја слобода без да се потпираат на никаква помош, бидејки тие што ќе дошле да ги ослободат ќе дојдат всушност да ги поробат".
 
Член од
18 јануари 2009
Мислења
1.407
Поени од реакции
339
Тоа сотатковци мислам не е правилниот збор на литературен македонски јазик. Отечество е татковина, ама сотечественици да е сотатковци е премногу буквално кажано и не иде баш.

Една песна за Јане во која се спомнува како пирински цар

Стар бел дедо, овци пасе
горе на Пирина.
Стадото му кротко пасе
трева детелина. x2

Стари дедо с кавал свири
свири и нарежда:
де е Гоце, де е Јане
нашите другари. x2

Де е Гоце, де е Јане
нашиот цар пирински
?
Знамето ни да развее
на Македонија. x2
 
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.587
Свештениците од црквата „Успение на Св. Богородица“ од штипското Ново Село одговараат на обвинувањата од Бугарија дека ги ископале коските на Христо Чернопеев и на уште десетина други офицери за да ги уништат

Свештеникот Благојчо Миланов покажува каде биле закопани коските и каде се сега закопани





Бугарските антимакедонски духови, кои секогаш добиваат поткрепа од нивните антиподи во Скопје, одново ги разгореа страстите во двете држави. Луѓето од црквата „Успение на Св. Богородица“ во славното штипско Ново Село, за да направат куќарка за продавање свеќи во дворот од црквата, ги откопале коските на, според нив, незнајни покојници од необележаните места врз кои дотогаш газеле илјадници намерници и ги закопале неколку метри понатаму. Тоа предизвика лавина од реакции во Бугарија. Најпрвин, ВМРО на соработникот на бугарските служби од времето на комунизмот Красимир Каракачанов обвини дека тоа е чин направен свесно од македонската држава за да се уништат гробовите на бугарски офицери загинати во Првата светска војна. Членовите на партијата влегоа и во отворена пресметка со бугарското министерство за надворешни работи, обвинувајќи го дека не водело сметка за бугарските споменици во туѓина. Бадијала портпаролката на Министерството, Весела Чернева, објаснуваше дека бугарската држава ќе реагира само доколку има доволно докази за тоа дека на спорното место навистина се закопани бугарски офицери, а министерот Николај Младенов изјави дека не сака на Македонија да гледа како на дел од историјата, зашто тоа ги враќа двете земји назад.

Во општиот метеж, се разбира, се вклучи и бугарскиот министер Божидар Димитров. Впрочем, без него кој било настан поврзан со македонско-бугарските односи не би бил доволно интересен. Така, во игра беше пуштена и информацијата дека меѓу закопаните, па откопани и повторно закопани офицери, се наоѓаат и коските на славниот Христо Чернопеев, кој загинал кај Криволак на 23 октомври (6 ноември според новиот календар) 1915 година. А Чернопеев, инаку кум на македонскиот народен херој од времето на Втората светска војна Страшо Пинџур, не е кој било: со неговото име е поврзана првата посериозна битка на ВМРО против турскиот аскер во 1901 година, како и грабнувањето на американската мисионерка Елена Стон во август истата година. Во тоа време Чернопеев му бил десна рака на Јане Сандански (во славниот македонски филм за овој настан, кој остана запаметен и по Манданата на Петре Прличко, Чернопеев го глуми Илија Џувалековски), па зачудува што во Македонија овој човек речиси не се ни споменува надвор од тесните историски кругови, но тоа е посебна приказна. Инаку, од аферата Мис Стон, организацијата добила противвредност од околу 100.000 тогашни американски долари, кои, во најлош случај, денеска би вределе над два милиони долари. И покрај тоа, никој од четата не ни помислил да присвои барем една лира. Дури по лична интервенција на Гоце Делчев, на Чернопеев му биле дадени неколку златници, бидејќи додека тој крстосувал низ Пирин, неговата сопруга и деца гладувале.


Плитко закопани


Чернопеев е учесник и во Илинденското востание, а во 1908 година, заедно со Јане Сандански влегува во Истанбул за да го задуши бунтот против младотурците. Во Првата светска војна тој учествува како офицер на бугарската армија, а ја има несреќата, само осум дена по влегувањето на Бугарија во војната, да загине крај Криволак.

Сега, 87 години по неговата смрт, Бугарите излегоа со тврдење дека неговите коски почивале во дворот на црквата во Ново Село, дека своевремено ќерка му тука палела свеќи и дека откопувањето било извршено за да се уништат остатоците. Кога тоа би било вистина, би станувало збор за скандал, меѓу другото и поради историјата на Чернопеев, во која влегува и неговата беспоштедна борба со врховистите инструирани непосредно од бугарскиот двор.


Христо Чернопеев со Јане Сандански

Но триесетгодишниот парохиски свештеник од црквата во Ново Село, Благојчо Миланов, вели дека тие никогаш немале каква било информации за идентитетот на луѓето што се закопани во црковниот двор. Најмалку дека меѓу нив се и коските на Чернопеев. Немало никаква плоча, натпис или каква било релевантна информација за закопаните лица.

- Коските беа мошне плитко, на длабочина од триесетина сантиметри. Нека беше и половина метар, но тоа ни беше мошне чудно. Повеќето од нив беа поставени во правецот север-југ, што значи не биле закопани според православниот обичај. Од тоа претпоставуваме дека биле погребувани набрзина, а во тие денови од 1915 година брзале Србите, затоа што нивната војска се повлекувала, а не бугарската. Постои и друго сознание според кое пред околу 200 години, во првите години од 19 век, Турците убиле повеќе свештеници од црквата „Св. Илија“, која била малку погоре. Можеби нивните коски, набрзина и скришно, биле закопани тука. Кој ќе го утврди тоа - се прашува свештеникот.

Нему му се чинело како коските да биле фрлени, онака на купче. Кај многу било невозможно да се состави една целина и да се биде сигурен дека сите коски се од ист човек.

- Претпоставуваме дека тоа се коските на десетина луѓе, но недостигаа многу делови. Некаде рака, некаде нога, некаде дури и череп. Кај некои други черепи забележливо беше дека биле буквално пресечени. Сето тоа, ние само го преместивме. Ништо не осквернавивме. Напротив, ги закопавме коските неколку метри понатаму, а беше одржана и литургија - вели Миланов.


Долг кон Чернопеев


Тука е и отецот Јовче Ќурчински, кој нагласува дека околу црквите отсекогаш имало гробишта, па затоа не е чудно што и во дворот на црквата има коски. Црквата во Ново Село, посветена на света Богородица, била изградена во 1811 година, а во 1836 година била урната, за на истите темели да се изгради поголем објект. Храмот бил завршен во 1850 година.

- Во дворот на оваа црква, каде и да копаш, ќе налеташ на закопани. Којзнае на кои луѓе им припаѓале тие коски? Каде има обележје се знае, каде нема, кој ќе открие? Низ селото се шират секакви приказни, но докази нема - вели отецот Ќурчински.

Историчарот д-р Михајло Миноски во врска со ова прашање ни изјави дека тој нема какви било сознанија дека Чернопеев бил закопан таму или дека коските им припаѓаат на бугарски офицери. Но тој истакнува и нешто друго:

- За разлика од балканските војни, кога Македонците беа испратени да се борат кај Одрин, во Првата светска војна тие се бореа во војските на разни држави, но на своја територија. Така што закопаните, ако не сите, тогаш мнозинството се Македонци и нема никаква причина некој намерно да ги уништува нивните почивалишта, иако таква причина не би постоела дури и кога би биле туѓинци - вели проф. Миноски.

Тој не ги отфрла ниту тврдењата дека е можно да станува збор за српски офицери. Но во Македонија се води сметка за гробовите на многу странски војници. Во скопската црква „Св. Архангел Михаил“ во Автокоманда се уредени гробовите на британски војници токму од Првата светска војна, кои сигурно не загинале за самостојна Македонија. Сепак, гробовите се чуваат и се уредуваат со најголемо внимание.

- Меѓутоа, кога зборуваме за околните држави, на пример Србија и Бугарија, би требало и ние да побараме изградба на споменик за загинатите кај нив Македонци. Ова прашање секако треба да се отвори - вели проф. Миноски.

Тоа би било разумно. Засега европратеникот од Бугарија, Евгениј Кирилов, кој на расправата за Македонија оваа недела во Брисел поднесе амандман барајќи нашата земја да биде обврзана да се грижи за бугарските споменици на нејзина територија, како доследен борец за историските обележја, не повел ваква иницијатива во сопствената земја.

Како и да е, се чини дека Македонија и Бугарија треба да ја решат дилемата со коските на Чернопеев (како и со другите офицери), зашто и едните и другите му го должат тоа. А најмалку што тука може да помогне се постојаните ситни бугарски опструкции во врска со македонските проблеми во Брисел, кои секогаш се во полза на грчка линија. Интересно, Бугарија продолжува да биде доста молчалива пред Грција кога станува збор за прашања за кои во однос на Македонија е неверојатно бучна.


Список со погребените во новоселската црква

Самите пропагатори на нападот врз Македонија во врска со коските од новоселската црква не се доследни во тоа што станало со гробовите на закопаните, а за кои тие тврдат дека се на бугарски офицери. Според едни, гробовите биле уништени за време на српската власт над Македонија меѓу двете светски војни, што е сосема логично. Според ВМРО на Каракачанов, уништувањето се случило во 1945 година од страна на македонската комунистичка власт. Останува нејасно што тогаш е уништено при сегашното преместување на коските, ако на тие места, и од Бугарија се признава дека немало ни најмали обележја.

Инаку, според списокот што Божидар Димитров му го предал на бугарското министерство за надворешни работи, во дворот на црквата „Успение на Св. Богородица“ во Ново Село се закопани 13 офицери и подофицери на бугарската војска. Петмина од нив се од Македонија (Тодор Колов, Велешко, Димитар Митрушев, Костурско, поручникот Милош Станишев од Кукуш, потпоручникот Илија Цирункаров, Демирхисарско, и поручникот Славејко Стрезов од Ресен), еден е со непознато потекло, а другите, меѓу кои е и Чернопеев, се од Бугарија. Седуммина се погинати на 23 октомври 1915 г. Петорица во јуни 1913 година, за време на Втората балканска војна, а еден во 1916 година. Според бугарското министерство за надворешни работи, засега станува збор за список на луѓе за кои само се претпоставува дека се закопани во дворот од црквата.


Сум слушал за гробот на Чернопеев, но нема докази Тодор Чепреганов

Во издание на Институтот за национална историја на Македонија, во 2000 година се појави Македонски-историски речник. Во него, на страница 496 стои дека Чернопеев бил погребен во дворот на црквата „Св. Богородица“ во Ново Село, Штипско, во 1915 година.

Професорот Тодор Чепреганов, директорот на Институтот за национална историја, кој е роден штипјанец, вели дека одамна ги слушал приказните дека во споменатата црква во Ново Село се закопани бугарски офицери и револуционерот Чернопеев. Но според него, станува збор за усни прераскажувања, а проблемот е што не постои никаков друг доказ. Тој смета дека треба да се обележи гробот на Чернопеев, но тоа да се стори според сите законски регулативи за обновување обележја на починатите од војните на овие простори.

- Државата не треба да им дозволи на сите да обновуваат обележја на војници што загинале тука. Тогаш низ целата година ќе имаме чествување делегации од странски држави, а во случајот ќе има чествување на бугаризмот. Отворањето на ова прашање е изговор за да се предизвикаат политички реакции. Не може во секој град да имаме бугарски, српски или грчки гробишта. Нека се направат бугарски гробишта на едно место, како што има француски гробишта - смета проф. Чепреганов.

Тој додава дека Чернопеев не е само Бугарин туку е интернационална личност, кој војувал секаде каде што имало борби. Целата приказна, според него, би требало да го отвори и прашањето зошто Македонија не бара да се подигне спомен-обележје на некој загинат војник-Македонец во соседните земји.

Автор: Дарко Јаневски; Радмила Заревска

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=123101532376&id=9&setIzdanie=22150
 

karan

бивш поет, плукач, вљубеник во слободата
Член од
31 мај 2006
Мислења
3.595
Поени од реакции
2.719
ОМРАЗАТА – НОВ БУГАРСКИ КУРШУМ ПРОТИВ ЈАНЕ

Во бројот од 30 април до 6 мај 2011 г. на "Уикенд" на с. 77 е објавена статија против Јане Сандански, насловена "Јане Сандански поткупен од турците". Не би обрнал внимание на шкртаниците во овој вестник, познат рекордер по несериозност и сензационалност на понудената информација дури во еден толку силно развиен пазар на масовна манипулација, каковшто е бугарскиот, ако напишаното не беше дел од една тенденција за истовремено оцрнување на војводата и негово побугарување. Стремежот е освен да се негира значењето на Сандански, да не се дозволи Македонците да го имаат како свој херој.

Таквата намера е сосема очигледна во оформувањето на страната. Дадени се 5 фотографии, при што две од нив треба да посочуваат кон "бугарштината" на Јане – Јане како војник во бугарската армија и чета на Сандански, при што од сите четници се цитира само името на поетот Пејо Јаворов (очигледно, авторката со псевдоним Прволета Петкова не знаела дека Јаворов, макар и родум Бугарин, ја сметал Македонија за своја вистинска “мајка” многу повеќе, отколку Бугарија, а себе си за син на Македонија, како што пишува во своето претсмртно писмо). Следните две фотографии треба да покажат, дека Сандански е “аркадаш” на Oсманлиите. Едната е неговата позната фотографија со Нуредин Бег за времето на Хуриетот, на којашто е додаден апсурдниот коментар, дека "на сликата се гледа, дека двајцата се разбирале многу добро" – нешто, коешто впрочем никаде не се гледа. Втората е насловена "Војводата ... меѓу османлии". На фотограгијата се гледаат десетина луѓе, од коишто само тројца се со фесови. Нема потреба од коментар за некаква "објективност". Петтата е портрет на Јане.

Три основни мисли се изведени: "Поробувачите го нарекувале "Наш Јане", “му плаќале 50 лири месечно", "ги издавал тајните на ВМРО на османлискиот министер за внатрешни работи", "Војводата колаборационист имал бизнис со минерални бањи". Одвоено е и специјално поле, во коешто се тврди, дека Јане Сандански е "еден од симболите на бугарскиот отпор против турската власт во Македонија", а веднаш после тоа, дека бил поткупен од отоманците и дека "поробувачите го поткупуваат после 1908 г." Интересно е што следи објаснување, дека власта на овие поробувачи после 1908 г. "е значително полиберална и се залага за рамноправност на етносите". Интересни "поробувачи" навистина! (За простачката употреба на поими како поробувачи, турско ропство и слично не заслужава и да се спомне.)

Сугестијата е јасна и несомнена, но исто и неточна. Не е случајно, што вакви обвинувања не се прават за други револуционери. За Тодор Александров, којшто земал пари от Бугарија и Италија, за Ванчо Михајлов, којшто добива пари од Бугарија, Италија, Германија (последните две – фашистички држави), Турција, па дури и од комунистичката ДС, такви нешта не се проблем. Проблемот е, што Јане примал пари од (младо)Турците или Влахов од Коминтерната. Зошто?! Затоа што спротивно на лагата, со којашто започнува статијата, Сандански не е никаков симбол на бугарскиот отпор во Македонија. Тој е симбол, но на отпорот против поделбата на Македонија и против окупацијата на Македонија од Бугарија. Тоа не можат да му го простат бугарските националисти.

Еве неколку примери. Познат е случајот, кога за време на Илинденското востание на врвовите на Пирин планина тој ги принудува врховистичките четници на поручник Стојанчев да ги симнат бугарските лавови од капите. За време на оваа изнудена дружба со врховистите Сандански го дава и најкраткото и јасно определување на разликата меѓу врховисти и централисти пред врховистот Белев: "...ние не сакаме да ја замениме турската тиранија и турските султани со други такви, па ниту со бугарска тиранија и бугарски кнез. Ние сакаме Македонија да биде автономна, независна, слободна, Македонија на Македонците... Вие ја сакате слободата на Македонија ... како средство, како етапа за идно завладување и присоединување, а кај нас слободата, автономијата на Македонија е прифатена како основна цел. Ете каде е големата разлика меѓу нас – внатрешните, и вас - врховистите". Тоа не е лично мислење на Сандански туку претставува официјална позиција. Година порано органот на Организацијата в. "Право" сосема недвосмислено објавува, дека "Внатрешната револуционерна организација ќе даде јасно до знаење, дека работи за единството и независноста на Македонија како слободна држава на Балканскиот полуостров". Гоце пак уште во 1895 г. зборува за резултатот од успешното востание како за создавање "независна држава"од Македонија, а позната е и неговата мисла: "Ние се бориме за слободна и независна Македонија со широки права за сиромашното население". Јане не ја изразува само својата позиција, туку и таа на својот учител Гоце Делчев. Во цитираната негова изјава тој ја објаснува и познатата позиција на Делчев "Додека моето рамо крепи пушка, македонските планини се недостапни за бугарските офицери". Организацијата не допушта бугарски офицери во Македонија, за да не ги преземат во свои раце воените сили на Организацијата и да не предизвикаат едно вештачко и насилно присоединување на автономна Македонија кон Бугарија. Оттука е јасно, дека не само што автономијата е крајна цел и се разбира како одделна македонска држава, но и дека Јане, Гоце и воопшто централистите директно се спротивставуваат на присоединувањето кон Бугарија.

Откако на 8 април 1905 г. ја разбива четата на Стојанов крај Кашина, Сандански ги обвинува пленетите, дека се платени и вооружени од бугарскиот кнез, за да ја завладеат Македонија и изјавува, дека: "Македонија нема да ги плаќа долговите на Бугарија ... дека немаат потреба од бугарски пушки, бугарска помош, од Егзархијата..."

На 5 јули 1905 г. лондонскиот весник "Пал мал газет" публикува статија од д-р Карл Блајнд: "Сандански се претставува како единствен претставник - Македонец. Тој си поставил за цел од Македонија да создаде независна држава, којашто единствено би можела да влезе во состав на балканска федерација... Учените од комитетот на Сандански создаваат граматика на македонски јазик како јазик на целата област. Дијалектот на битолскиот вилает е земен како основа на ова ново македонско есперанто. Новиот македонски јазик требало да ги исфрли од Македонија бугарскиот и српскиот, бидејќи бил различен од јазикот, којшто се говори во Бугарија и Србија."

За да ја контролира Македонската револуција, Бугарија создава Втор политички оддел во Министерството за надворешни работи на Кнежевство Бугарија, којшто во првиот извештај од 25 март 1906 г. тврди: "Интернационалноста на Организацијата не значи прекинување на сите врски и одрекување од нашата народност, како што проповедаат некои диви социјалисти од типот на Сандански и Чернопеев. ... Луѓето, коишто навистина предизвикуваат сомнеж во нивните чувства кон народното единство, за жал постојат во организацијата... тие се одрекуваат од политичкото единство со Бугарија и претпочитаат да формираат од Македонија одделна политичка единица ... Луѓето од таа група се водат од мислата, дека живеат за Македонија и само за Македонија ... тие хранат илузии да не му дозволат на бугарскиот кнез да стави царска круна на главата за сметка на Македонија, иисто така да ја заштитуваат целоста и независноста на државата од грабежот на кнезот."

Во предвечерјето на убиството на Сарафов и Гарванов, Сандански е во Софија, кадешто на собрание на лидерите на левицата "Јане ја развива тезата, дека е погубно за македонското население и за самата Бугарија македонското прашање да се третира во смисла на национално обединување на Бугарите... Сите, коишто агитираат било во Македонија, било надвор од неа на база на ослободување и обединување на Бугарите, треба да бидат пречекани непријателски од ВМОРО, исто како што Организацијата се однесува и кон српските и грчките агитирања и чети ... треба да се работи за пробудување на сознанието на масите, дека тие се посебен народ, дека имаат право на самостоен живот и треба да се борат за извојувањето на својата слобода, без да се потпираат на туѓата помош, зошто оние, коишто би дошле да ги ослободат, всушност би дошле за да ги поробат."

Родолфо Фоа пишува во италијанскиот весник "Л' Италиа Алл' Естро", дека Сандански проповедал во смисла дека "Македонците ќе ја ослободат Македонија без мешање од соседните држави: во Македонија не треба да има ниту Бугари, ниту Срби, ниту Грци, ниту Романци, ниту Турци, туку само Македонци"

Грчкиот весник "Кери" на 1 август 1908 г. го пишува следното за Јане Сандански: "Тој секогаш се борел за слободата на Македонија, и никогаш не настојувал да работи за Санстефанскиот договор и за присоединување на Македонија кон Бугарија. Една по друга публикува прокламации, во коишто ги исмејува ... оние словеногласни Македонци, кои се стремат кон присоединување на македонските земји со Бугарија. Сега Сандански, којшто нема никакви врски со луѓето во Софија ... се наоѓа во Солун, и држи проповеди за заедничка дејност на елините и словеногласните Македонци. Како што кажува, тој ја подава својата десница за соработка меѓу елините и словеногласните за македонскатататковина ... Сандански ... ќе ги помири елините Македонци со словеногласното македонско население. Тој ... може да помогне да се уништат бугарските училишта и да се отворат други, во коишто ќе се изучува словеногласниот македонски јазик заедно со елинскиот."

Во писмо до Фердинанд, посветено на средбата, којаја имал со Татарчев и Матов, д-р Никола Генадиев, откако констатира, дека нивната организација се наоѓа во "потчинета положба пред Сандански" и дека се на чекор од преминувањето на младите на страната на Јане, коментира: "Не е разумно да ја ослабуваме Внатрешната организација. Слаба, тааќе пропадне во борбата против Сандански и овој злосторник ќе излезе победник, а тоа значи и прекинување со националните врски меѓу двете страни на Рила и поддршка на антидинастичките елементи".
Во дневникот на бугарскиот трговски агент во Солун, Шопов, се содржат податоци за разговор, помеѓу него и солунскиот валија после Хуриетот, во којшто тврди, дека приврзаниците на Сандански го насочуваат населението против Бугарија и Егзархијата. Шопов дури тврди, дека при евентуална војна меѓу Бугарија и Турција, Сандански и Чернопеев "ќе успеат да го поведат македонското население против бугарските војски".

Познати се и зборовите на Јане: "Ние имаме своја ... заедничка политичка програма (којашто) се состои во настојувањето од Македонија да се создаде автономна област во рамките на Отоманската империја. А најмногу од сé се плашиме од тоа нашите драги пријатели Бугарите, Србите и Грците да не дојдат да не ослободуваат, затоа што тие всушност ќе дојдат да не поробат". Долго остануваат да се прераскажуваат помеѓу населението од Мелничко неговите думи "Подобро под турско, отколку под бугарско".--- надополнето: Jun 20, 2011 8:03 PM ---
Четири години после убиството на Сандански, Тодор Александров во писмо до Владимир Карамфилов ќе признае, дека "... болшевистот Х. Димов, анархистот Герџиков, шмеќерот велзевул Ѓорче и предавниците во минатото и сега на бугарскиот народ “санданисти”, говорат и агитираат, дека треба да се бара автономија на Македонија, бидејќи таа е посебна економска и географска единица со посебен"македонски народ" со своја многувековна историја и за да не ги плаќале долговите на Бугарија, а некои од нив се закануват вака: "Ако Македонија за чудо биде дадена целосно на Бугарија, ние ќе се бориме сооружје в рака, за да не го дозволиме таквото обединување'".

Ете таков "Бугарин" беше Сандански и точно затоа се сите обиди да биде понижен, ноистовремено и фалсификуван.

Ете зошто биле и сите обиди да биде убиен, некои од коишто се опишани и во разгледаната статија.

Тој воопшто не е Бугарин и ретките изјави во таа насока не се ништо друго освен добро познатиот принцип на македонските револуционери, дека и со ѓаволот би се здружиле само и само да ја постигнат целта – автономна Македонија. За Јане тој “ѓавол” бил Турција, а за неговите опоненти (Матов, Тодор Александров и дружината) – Бугарија. Порано Сарафов се обидува да излаже друг “ѓавол” – Србија, а уште порано и Даме Груев и Петар Поп Aрсов се преправале како најголеми Срби пред српските власти со надеж, дека ќе имаат можност да развијат тајна македонска дејност во Србија. Македонските револуционери ја беа прифатиле тактиката на апостол Павле да станат сé за сите, само да придобијат некој, при што го беа усвоиле начинот секому да го кажуваат она што сака да чуе, само за да добијат некаква помош во име на идејата. А таа не беше присоединување кон Бугарија, иако, дури и такви нешта се изјавувале пред бугарските власти и националисти, со цел да се здобијат со определена поддршка. Тоа е тажната реалност на Македонската револуција, којашто нема ниту един сојузник, чиишто интереси совпаѓале со македонските. Дружбата со “ѓаволот” меѓутоа е ризична работа. Не сите успеале да си ја зачуваат душата при тие нечесни односи, но тоа не се однесува за Јане, туку за неговите противници.
.
--- надополнето: Jun 20, 2011 8:24 PM ---
ВМОРО имаше две свои главни цели:
1. Автономија на Македонија.
2. Спречување на нејзина поделба.
Сврзувајќи се со младотурците, Јане го заштитувал вториот принцип, без да го заборава првиот. Преговорите со младотурците за автономија на Македонија не се прекинати. Има и извесни ветувања од страна на последните во таква насока. Но Јане бил несомнено во право, дека во оној момент зачувувањето на целокупноста на Турција е единственото, коешто ја гарантира и целоста на Македонија. Неговите противници покрај се, сепак, не успеале да разберат, дека ортакувањето со Бугарија е директно предавство на вториот принцип на Организацијата и како слепци придонесуваат намерно за избувнувањето на Балканските војни соисклучително одвратните "магарешки атентати" (разнесување на магаре натоварено со динамит насред пазар во пазарен ден, при што се убиваат и осакатуваат речиси исклучително цивили и невини луѓе). На тој начин тие стануваат соучесници во поделбата на Македонија. Не е случајност, што откако осознава што има направено, Матов полудува, а пак другите ќе се оправдуваат на првиот повоен конгрес, дека не знаеле за плановите на бугарската влада да ја дели Македонија.
 

karan

бивш поет, плукач, вљубеник во слободата
Член од
31 мај 2006
Мислења
3.595
Поени од реакции
2.719
Но да се вратиме на земањето пари од држави. До 1906 г. Организацијата избегнува да прима такви средства. Недостигот на пари (а за револуционерна дејност се неободни огромни суми) после задушувањето на Илинденското востание принудува некои раководители да бараат начини за редовно финансирање од различни страни. Познати се во таа смисла авантурите на Сарафов. После Рилскиот конгрес бугарската држава започнува уште порешително да се меша и да поткупува различни револуционерни дејци, при што за таа цел дури создава и специјален разузнавачки оддел во министерството за надворешни работи. Прашањето дали да се прима редовна помош од Бугариja или не - станува вистинската причина за раздор во организацијата. Така наречената десница е согласна, со објаснувањето, дека со тоа немало да се наруши независноста и немало да се преземаат никакви обврски. Сосем неточно и неудобно оправдување, имајќи во предвид дека на сите им е јасно дека кој плаќа тој ја порачува музиката”.Така наречената левица, во тие рамки и серчани, категорично се противат на примањето пари од бугарската држава, и продолжуваат да бидат народни револуционери уште две години. Тие се последните народни револуционери во Македонија. После тоа сите македонски револуционерни групи без исклучок ќе се финансираат од различни политички сили. Денес е лесно да се осуди Сандански и неговите другари, дека го правеле тоа, што го правеле сите други пред нив, но дали таквата осуда би била чесна и морална? Тие всушност биле принудени на таков чекор поради активната поддршка, давана од Бугарија на нивните противници, и жестоката акција на бугарските власти против нив.

Но при тоа за разлика од "десницата" санданистите не прифаќаат да им се плаќа како на револуционери. После своето легализирање, по Хуриетот, како активни поддржувачи и, на некој начин, коалициски партнери на младотурците и луѓе со влијание во месната власт (имаат и пратеник во турскиот парламент – Димитар Влахов) тие добиваат некои позиции во новата уставна држава. Чудно е, што нивното влијание и законско учество им се смета како грев. При тоа, се цитираат како апсолутна вистина изјавите на различни турски политичари. Едниот – министер и генерал, чиешто име не се посочува, во обид да се оправда од обвинувањата на своите противници тврдел, дека бил многу добро информиран "за состојбата на македонската организација од човек од нејзиното раководство – Сандански, на когошто му плаќавме", за да заклучи от тоа авторката на статијата, дека согласно таа изјава Јане бил предавник. Втората е од околискиот управник во Солун, Ќазим-беј, којшто во своите спомени тврди, дека Јане бил советник на солунскиот вилает, дека по негова препорака се назначувале сите чиновници, дека ги зел под наем марикостенските бањи и правото да исече големи количества дрвна маса, на штета налуѓето од разлошкиот крај. И двете твредња се дадени без коментар, како да се света вистина, покрај очигледните противречности и невистини, и личната мотивираност на двајцата да тврдат такви нешта. Министерот во обид да се оправда се користи со лага (појава, која често се набљудува при парламентарна контрола). Јане не бил член на раководството на ВМРО никогаш, а во тоа време всушност дури не е ни член на организацијата, којашто се самонарече ВМРО, и од којашто е осуден на смрт. Тој и неговите другари се разделуваат со Матов и Александров повеќе од година пред Хуриетот, така што на никаков начин Јане не би можел да ја информира турската власт за нешта, коишто немало откаде да ги знае? Како второ од споредбата на двете изјави е јасно, дека министерот-генерал лаже и за тоа, дека на Јане му плаќале за таква работа - тој бил официјален чиновник и земал плата - не му плаќале за информација.

 

karan

бивш поет, плукач, вљубеник во слободата
Член од
31 мај 2006
Мислења
3.595
Поени од реакции
2.719
(А чиновници со плата, но бугарски, во тоа време се голем дел од водачите на десницата на ВМРО, без тоа да им пречи да се прават револуционери, за разлика од Сандански, којшто станува советник откако престанал да биде револуционер). Ќазим-беј пак е очевидно лошо настроен кон Јане – го нарекува ајдутин, а неговите другари ги обвинува за "извршување на убиства и други проклети дела". Разбирлив е гневот на турскиот бирократ, знаејќи дека револуционерите успеале да му ја одземат можноста да назначува свои луѓе во администрацијата, се разбира, Турци наместо Македонци. И тоа не било какви, туку комити (неразбирливо е меѓутоа што лошо видела во тоа авторката на материјалот). При таквата состојба неговите зборови треба да се земаат со голема резервираност, а не да се цитираат како факт. Истото се однeсува и за марикостенските бањи и за правото да се сечат дрвја. Овие тврдења, дури и да се вистина, не покажуваат корумпираност на војводата. Добропознато е, дека тој до крајот на својот живот нема сопствен имот, ниту живеалиште, туку живее сам (нема ниту семејство) во ќелија во Роженскиот манастир. Толку ли е нејасно, дека таквите извори на средства биле необходни за финансирање на општествената дејност на санданистите?

А тие дејствувале и нивната дејност била директно насочена во полза на населението и против надежите на Бугарија за проширување на сметка на Македонија. Аграрната реформа, за којашто се борат, требало да осигури финансиска самостојност за македонското население. Нивното настојување да се затворат егзархиските и другите религиозни училишта и да се заменат со државни, обидот на некои од нив да отворат скопски универзитет (комбинација меѓу идеите на Петар Поп Арсов, Мисирков и Теодосиј Гологанов), пришто како скопски митрополит би се вратил Теодосиј (истиот, којшто некогаш се обиде да создаде самостојна македонска црква), настојувањето да им се одземе можноста на црквите во Турција да добиваат финансии однадвор и т.н. , и т.н., ќе довеле до одземање на можноста Бугарија да ги воспитува Македонците во бугарски дух и да им влијае преку Егзархијата.

За несреќа на санданиститие, младотурците не ги исполнуваат своите ветувања, коешто предизвикува прекин на соработката и давање на активна воена поддршка на сојузниците во Балканската војна. Јане бидејќи немал врски со бугарската влада не можел да знае, дека официјалната цел на војната – автономија на Македонија, е само маска (нешто, коешто неговите, тесно обврзани со бугарските власти опоненти, би требало да го знаат). Тој, како и илјадници други Македонци, учествува и се бори за создавање на автономна Македонија. Познат е инцидентот во Солун, кога на банкетот, организиран од бугарските офицери, тој крева наздравица: "Да пиеме за слободна и автономна Македонија, за којашто се бореа и дадоа скапи жртви сојузничките балкански народи", за што одвај не е убиен од разгневените бугарски офицери. Бугарија имала потреба од поддршката на Сандански за време на Балканската војна, и затоа му ја одложува смртната пресуда. Меѓутоа тоа било само лицемерие. Бугарија не можела да му прости на војводата, којшто се претворил во симбол на отпорот против присоединувањето на Македонија кон Бугарија, ниту можела да престане да се плаши од него. Ниту да му верува. Само после три години Јане Сандански е убиен од луѓе на Александров со поддршка од бугарските власти. Неслучајно, истрагата е набргу прекината, а обвинетите - ослободени. Со ова се става почеток на една од најсрамните страници на бугарската историја – ортакувањето меѓу власт и терористи, коешто во следните десетилетија ќе одземе илјадници животи.

Овде стигнуваме до друг аспект на тенденцијата да се оцрни Јане – оправдувањето на неговото убиство. Обично ова се објаснува со тоа, дека тој ги започнал братоубиствата во ВМРО, заборавајќи, дека всушност неговите противници започнуваат со обидите за негово убиство, а тој само е успешен во одговорот (чудно е, што овде тоа обвинување е пропуштено). Така и во цитираната статија Јане излегува виновен за сопственото убиство – тој е убиен поради "срамотиите, коишто ги правел".

Не е случајно, што никој не сака да прифати одговорност за неговата смрт до денес и се изнесуваат манипулации, дека "сигурно е убиен од бесни членови на ВМРО". Всушност тоа е наредено од ВМРО на Тодор Александров со поддршка и согласност на бугарските власти. Имајќи в предвид, дека говорејќи за Александров, Протоѓеров и дружината, говориме за бугарски државни службеници, оваа мисла би можела да се сведе до кратката вистина дека: Бугарија го уби Јане.

И така – би ја разбрал позицијата на бугарските националисти, коишто го одрекуваат Сандански – тој не е нивни и нормално е да не ги сакаат своите противници. Но не можам да го наречам поинаку освен долен и одвратен обидот истовремено и да се присвојува Јане, и да се понижуваат неговиот спомен и дело, со единствена цел: да не се македонски.

Јане Сандански е погребан од илјадницилуѓе, кои останале верни на неговиот спомен. И до денес неговиот гроб е центар, на којшто се собираат Македонците, за да покажат, дека ги има и ќе ги има. Нешто, што бугарските националисти исто не можат да му го простат на Јане. Ниту на неговите следбеници. Ете зошто се обидуваат, одново и одново, да го убијат неговиот авторитет и да го демакедонизираат. Напразно! И глупаво!

Стојко Стојков - (член на претседателството на ОМО "Илинден"- ПИРИН)

Линк до оригиналната статија: http://narodnavolja.com/articles2011/06/txt06.asp
 

Drettica

Graxhanin of Severstan
Член од
24 ноември 2008
Мислења
12.625
Поени од реакции
14.933
Сега ќе дојдат татарите ќе кажат Јане Санданев е ...блгарин по татко. Се борел за Вулгарија. :D:D
 
Член од
4 ноември 2010
Мислења
305
Поени од реакции
50
Не, според старите луге од Пиринот Jане е бил обичен неписмен криминалец. Може да прашате и лугето сопотекло од село Влахи. Се чудам дека дури град са крстили на неговото име.
 

karan

бивш поет, плукач, вљубеник во слободата
Член од
31 мај 2006
Мислења
3.595
Поени од реакции
2.719
Не, според старите луге од Пиринот Jане е бил обичен неписмен криминалец. Може да прашате и лугето со
потекло од село Влахи. Се чудам дека дури град са крстили на неговото име.
А да...

Јане бил криминалец, Ѓорче бил велзевул, а Гоце бил женкар и се криел по селските амбари со млади девојки... :tapp:

Во недостиг на друго и вакви глупости се доволни за крепење на бугарштината.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom