Solid
Зона на самракот
- Член од
- 26 август 2007
- Мислења
- 7.172
- Поени од реакции
- 4.132
Туристичката сезона сè уште не почнала а хрватските трговци крај море ги кренале цените до небо, па така еден сладолед сега чини од 75 до 176 денари, додека пиците веќе почнале да ги служат по цена од дури 590 денари.
“Останав шокиран од цената на мојот омилен сладолед снешко, кој чини дури девет куни (75 денари), за кој знам дека секаде во Загреб се продава по цена од 5 куни (40 денари). Побаравме објаснување од продавачката, која само штуро ни рече дека така наредил сопственикот. Ни преседна сладоледот”, објаснува еден загрепчанец, кој допатувал во Ровињ.
Ништо поевтино не било ни на Крк и Бол на Брач, каде сопствениците на дуќани секогаш давале ист изговор: “Па, на остров сте!”, пишува Вечерњи лист. Таму една топка сладолед од слаткарница чини речиси 70 денари.
Бидејќи во случајов се коментираат цените на сладоледи на Ледо, кои речиси во цела Хрватска имаат иста цена, новинарите на Вечерњи ја контактирале компанијата од каде рекле дека даваат препорачана цена, но законски не може да се бара од трговците да се придржуваат до неа.
Но, освен сладоледот, драстично поскапеле и пијалаците и храната, па така пиењето турско кафе на балкон со поглед на море на Хвар, чини 126 денари. Некои од рестораните во Риека, пицата ја служат за 590 денари а морските специјалитети достигнуваат цена и од 1.430 денари за една порција, која на хрватското копно чини 1.000 денари.
“Од високите цени непријатно се изненадени и странските туристи, кои се чудат како е можно сладоледот толку многу да поскапел во рок од само една година”, ја завршува својата статија Вечерњи лист.