ЈСП - случки, прашања, дискусии

комшијаTи

Комшија Ти
Член од
21 ноември 2013
Мислења
6.109
Поени од реакции
4.964
Епа мора некако да се платат тие бесплатни возења.
Пу све ви ебам па ако не можете да си дозволите што давате бесплатни за студенти за да трпат други!?
Ќе ги купите студентите со ова са гласаат? Жими к.. не ви се пензионери ова одамна ги изгубивте студентите.
 
Член од
31 јануари 2014
Мислења
5.169
Поени од реакции
2.272
Епа мора некако да се платат тие бесплатни возења.
Пу све ви ебам па ако не можете да си дозволите што давате бесплатни за студенти за да трпат други!?
Ќе ги купите студентите со ова са гласаат? Жими к.. не ви се пензионери ова одамна ги изгубивте студентите.
Според вашата логика владата увидела дека ќе тепа со многу голема разлика (затоа што нели ги придоби студентите со бесплатни возење) па решиле малку да си ја намалат популарноста со поскапување на билетите за другите категории.
 

ХулахопкиСоТочки

Out of step with the world
Член од
9 август 2014
Мислења
1.494
Поени од реакции
5.250
Ам сеа, дневен билет има. :D
Дневен билет зa кoмбинирaнo вoзење 200 ден, aхa вaжи. Нa стрaнa шo oние трaфиките кaј штo мoже дa се купaт билети и кaртици ги имa oд еден нa друг крaј нa Скoпје.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Во Утрински ја смениле адресата
http://www.utrinski.mk/default.asp?ItemID=32D0EBA038D6084AAFE0B455D4085F9B
Тешко нам...Како не им е срам
Барем да не го поскапеа автобусот до март '-
Зимно време понекогаш се качувам на автобус, а летно време исклучиво пешки
Сега карта ќе чини 60 денари , тоа се три леба
Јас нема да се возам.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.304
Поени од реакции
78.998
Не сфаќате вие.
Вие си мислите дека е срање тоа што се буткате у аутобус со категориите кои не плаќаат (пензионери, Албанци и средношколци). Вие ќе им го плаќате нив превозот. Поточно вие ја плаќате предизборната кампања на власта.

А у ствари за цело ова да ти е мерка за подобрување на состојбата во која се наоѓаат таксистите. Ова му доаѓа нешто како субвенции за таксистите.
 

Con Artist

the man with the key
Член од
1 мај 2012
Мислења
5.086
Поени од реакции
19.960
Во Утрински ја смениле адресата
http://www.utrinski.mk/default.asp?ItemID=32D0EBA038D6084AAFE0B455D4085F9B
Тешко нам...Како не им е срам
Барем да не го поскапеа автобусот до март '-
Зимно време понекогаш се качувам на автобус, а летно време исклучиво пешки
Сега карта ќе чини 60 денари , тоа се три леба
Јас нема да се возам.
Извади си електронска картичка, 35 денари ќе плаќаш.

[DOUBLEPOST=1450446589][/DOUBLEPOST]Ништо, лажеле комунистиве.
Во текот на оваа седмица, низ медиумите се објавија дезинформации за покачување на цените на услугите на ЈСП СКОПЈЕ. Од тие причини, информираме дека новите предлог-цени на билетите се следните:

- Билет за едно возење, цената се унифицира за сите зони на 35 денари, односно цената за втората зона (приградски линии) се намалува од 40 на 35 денари;

- Билет за ноќно возење, цената останува иста, односно 40 денари;

- Билет за 10 возења, цената останува иста, односно 250/300 денари во зависност од зоната;

- Месечен билет, цената е намалена за 60 денари во прва зона (од 1460 на 1400 денари), односно 80 денари за двете зони (од 1680 на 1600 денари);

- Месечен билет за деца без родители, цената е намалена за 30 денари (од 730 на 700 денари);

- Сезонски месечен билет за студенти и ученици за месеците Јули и Август, цената е намалена за 20 денари (од 620 на 600 денари);

- Годишен билет, цената е намалена за 660 денари (од 16060 на 15400 денари). Исто така, годишниот билет ќе биде со важност од 12 месеци од моментот на купување на истиот.


ЈСП СКОПЈЕ ја информира јавноста дека се планира воведување и на нови типови на билети, и тоа:

- Временски билет за 90 минути (менување на автобуси), цената ќе изнесува 60 денари, што значи дека со промена на 3 автобуси, просечната цена на возење ќе изнесува 20 денари; за промена на 4 автобуси, просечната цена на возење ќе изнесува 15 денари итн;

- Дневен билет за прва, односно двете зони ќе биде 120/150 денари во зависност од зоната, што значи дека доколку некој се вози во просек 5 пати во денот, просечната цена на билетот ќе изнесува 24, односно 30 денари од возење;

- 7 дневен билет ќе изнесува 500 денари за прва зона, односно 600 денари за двете зони, што во просек би чинело 19,23 односно 23,08 денари. Исто така, со овој билет секој корисник ќе добие и билет за жичарница и лифт во два правци;

- 3 месечен билет ќе изнесува 4,000 денари за прва зона, односно 4,500 денари за двете зони или во просек би чинело 21,62 односно 24,32 денари по возење. Исто така, со овој билет секој корисник ќе добие и 3 билети за жичарница и лифт во два правци;

- 6 месечен билет ќе изнесува 7,800 денари за прва зона, односно 8600 денари за двете зони или во просек би чинело 21,67 односно 23,89 денари по возење;


Напоменуваме дека моменталната цена на билет купен кај возачот останува иста се до вклучувањето на приватните превозници во Системот за електронска наплата.

Во однос на висината на цената на билетите купени кај возачите, напоменуваме дека со воведување на новиот систем за електронска наплата се менува начинот на наплатата и сите редовни корисници на Јавниот градски превоз е потребно да поседуваат електронска картичка со чие користење им се овозможува да ги користат сите типови на билети по погоре дадените цени.

Понатаму, значајно е да се напомене дека со овој систем значително ќе се намали обемот на работата на возачите на автобусите кои во моментов покрај нивната основна дејност – возењето, мораат и да продаваат билети. Со ова значително ќе зголеми безбедноста во сообраќајот и ефективноста на возачите.

Билетот кој се купува во возило е предвидено и понатаму да може да се купи имајќи ги предвид патниците кои доаѓаат од другите градови во Македонија и од странските држави да можат да ја користат услугата на градскиот превоз во град Скопје, без притоа да мораат да извадат електронска картичка.


http://jsp.com.mk/vest.aspx?vest=322
 
Последно уредено:

Vandal

CURVA NORD
Член од
12 август 2012
Мислења
1.046
Поени од реакции
1.095
Сакам да прашам дали пензионирите што се сеуште студенти од 1ви ќе имаат дупло бесплатно возење?
 

ХулахопкиСоТочки

Out of step with the world
Член од
9 август 2014
Мислења
1.494
Поени од реакции
5.250
Инaку вaдењетo нa електрoнски кaртички кoштa 150 ден. oднoснo 200-aкo сaкaте персoнaлизирaнa.
Мaтемaтикa...:свиркам:
 
Член од
17 август 2011
Мислења
9.767
Поени од реакции
17.482
Инaку вaдењетo нa електрoнски кaртички кoштa 150 ден. oднoснo 200-aкo сaкaте персoнaлизирaнa.
Мaтемaтикa...:свиркам:
Нема како да се изведе другче електронското,мора некоја симболична цена за картиците.
 

комшијаTи

Комшија Ти
Член од
21 ноември 2013
Мислења
6.109
Поени од реакции
4.964
Според вашата логика владата увидела дека ќе тепа со многу голема разлика (затоа што нели ги придоби студентите со бесплатни возење) па решиле малку да си ја намалат популарноста со поскапување на билетите за другите категории.
Свака част за тоа, ама ако може да го дозволат а не удараат по џебот на другите.
Ние и до сега си плаќавме и од сега ќе плаќаме.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom