ЈОВ - симбол на страдањето

golem brat

dojdov vidov pobediv
Член од
23 февруари 2009
Мислења
417
Поени од реакции
20
najcesti prasana od strana na ateistite i onie koi go negiraat bozjoto postoene se: dali ima bog
ako postoi bog sto ne go spreci zloto, zosto bog dopusta zlo i stradane, zar ne e semoken kako sto se pretstavuva? i tn. Беше некогаш во земјата Уз човек по име Јов. Тоа беше непорочен и праведен човек: се боеше од Бога и се отстрануваше од злото.
Му се родија седум синови и три ќерки.
Имаше седум илјади овци, три илјади камили, пет стотини двојки волови, пет стотини магариња и мошне многу слуги. Тој човек беше најугледен меѓу жителите на исток.
Неговите синови имаа обичај да даваат наизменично гозби кај еден од нив, секој во својот ден, и ги повикуваа своите три сестри да јадат и пијат со нив.
А кога ќе се изредеа со гозбите, Јов ги повикуваше на посветување. Подрануваше рано наутро и принесуваше паленици за секого од нив; мислеше: „Кој знае дали не згрешија моите синови и да не го похулија Бога во своето срце!” Така правеше Јов постојано.
Еден ден дојдоа Божјите синови да застанат пред Бога, а меѓу нив пристапи и Сатаната.
Тогаш Господ го праша Сатаната: „Од каде доаѓаш?”- „Еве поминав низ земјата и ја обиколив,” одговори тој.
Потоа Господ рече: „Дали го забележа мојот слуга Јов? Нему никој не му е рамен на земјата. Тоа е непорочен и праведен човек, се бои од Бога и се отстранува од злото!”
А Сатаната Му одговори на Господа: „Зар Јов се бои напразно од Бога?
Зар не ги загради него, неговиот дом и сиот негов имот? Го благослови делото на неговите раце, имотот му се умножи на земјата.
Ама испружи ја еднаш раката и допри во сè што има: ќе Те проколне во лице!”
„Нека ти биде! - му рече Господ на Сатаната. - Прави што сакаш со сè што има; само не кревај ја својата рака врз него.” И Сатаната отиде од пред Господовото лице.
Еден ден, додека Јововите синови и ќерки јадеа и пиеја во куќата на најстариот брат,
дојде гласник при Јов и рече: „Твоите волови ораа, а ослиците пасеа покрај нив,
кога одненадеж Савејците нападнаа на нив и ги грабнаа, убивајќи ги слугите со остар меч. Единствено само јас избегав да ти го јавам ова.”
Додека тој уште го зборуваше тоа, дојде друг и рече: „Божји оган удри од небото, ги изгоре твоите овци и пастири и ги проголта. Единствено избегав јас да ти јавам.”
Додека уште зборуваше дојде трет и рече: „Халдејците удрија, со три чети, на твоите камили и ги грабнаа, убивајќи ги слугите со остар меч. Единствено избегав јас да ти јавам.”
Додека уште зборуваше овој, дојде четвртиот и рече: „Твоите синови и ќерки јадеа и пиеја вино во куќата на најстариот брат.
И ете, силен ветер се крена од пустината, удри на сите четири агли на куќата, ја урна врз децата, па тие загинаа. Единствено избегав јас да ти јавам.”
Тогаш Јов стана, ја расцепи облеката врз себе, ја избричи главата и падна ничкум на земјата, се поклони
и рече: „Излегов гол од мајчината утроба, и ќе се вратам гол таму. Господ даде, Господ зеде! Благословено да биде Господовото име!”
Покрај сè тоа, Јов не згреши ниту изусти некаква навреда против Бога. ЈОВ
Глава 1

Еден ден пак дојдоа Божјите синови да застанат пред Господа, а меѓу нив пристапи и Сатаната.
Тогаш Господ го праша Сатаната: „Од каде доаѓаш?” - „Еве поминав по земјата и ја обиколив,” одговори тој.
Тогаш Господ рече: „Дали го забележа Мојот слуга Јов? Нему никој не му е рамен на земјата. Тоа е непорочен и праведен човек: се бои од Бога и се отстранува од злото! Тој е уште постојан во непорочноста, па Ме предизвика испразно да го упропастам.” А Сатаната одговори: „Кожа за кожа! Човекот ќе даде сè што има во животот.
Ама испружи ја раката, допри се до неговите коски и до месото; - дали ќе те благослови? Ќе те проколне во лице!”
„Нека ти биде! - му рече Господ на Сатаната. - Во твоја рака е; запази му го само животот!”
И Сатаната отиде од пред Господовото лице. Тој го удри Јов со лути рани од стапалата до темето.
Јов зеде црепка за да се струже со неа и седна во пепел.
Тогаш неговата жена му рече: „Зар си уште постојан во непорочноста? Проколни Го Бога и умри!”
Јов и одговори: „Брбориш како што брборат безумните жени! Штом примаме добро од Бога, зошто тогаш да не го примиме и злото?” Во сè тоа Јов не згреши со своите усни.
Тогаш три Јовови пријатели чуја за сите неволји што го снајдоа; секој се запати од својот крај, Елифаз од Теман, Валдад од Шуах, Софар од Наам, и одлучија да отидат заедно да го пожалат и да го утешат.
И кога оддалеку ги насочија очите кон него, не го препознаа. Тогаш почнаа да плачат; секој ја раздра својата облека и фрлија прав на своите глави кон небото.
Потоа седнаа покрај него на земјата и останаа така седум дена и седум ноќи. Ниеден не му проговори ни збор, зашто видоа дека е голема неговата болка.
 
Д

Данлош Чехонте

Гостин
Најголемата тајна што секој човек ја носи во себе е тајната на богочовекот, не знаејки дека му е дадено правото самиот тоа да биде.Секој човек, таков каков што е, е совршено совршенство и неповторлив уникат.Милион луѓе умреле во потрага по Богот за кој се поставувани безброј прашања, но малкумина се сетиле да погледнат во нивното срце и душа.За истото говори и една приказна: Господ се изморил од постојаните барања на луѓето, па решил да се скрие некаде каде што никој не може да го најде.Ги повикал ангелите и ги прашал: Каде е најдобро да се скријам?.Тие му предлагале: „ На дното на океанот“, „ На врвот од највисоката планина“, „ На темната страна од месечината“ итн.Тогаш Господ го погледнал својот најмудар ангел, кој веднаш му одговорил:„ Скриј се во човековото срце и во човековиот ум.Таму никој никогаш не проверува“.
 
K

Khabs Staadnau

Гостин
Како може човекот кој го негира божјото постоење да прашува дали има Бог?
 
Член од
31 јули 2006
Мислења
2.537
Поени од реакции
700
И? Поентата на темава? Ако е за прашањето Зошто Бог Дозволува Страдања - мислам дека веќе има постара таква тема отворена.....а инаку ретко кој чита километарски постови.
 
K

Khabs Staadnau

Гостин
Патем, не гледам нешто повеќе од пропаганда во приказната за Јов. Класична реклама во која се велича немаштијата и човечката мака како пат до царството божјо. Ускратување на материјалните дарови. Хипокризија.
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.702
Поени од реакции
11.761
На богот (ако постои) не му требаат човечки мудрувања и оправдувања.
Ако не сте бог, сигурно не ја гледате целата таписерија, така да невалидни ви се и тврдењата и негирањата за божјите работи :)
Оставете боговите да си ги работат божјите работи, а вие, човечките :)
 
Член од
1 јануари 2010
Мислења
1.920
Поени од реакции
1.427
...наслов,
голем текст,
коментари,
мојот коментар и тн...
 
Член од
24 октомври 2011
Мислења
71
Поени од реакции
28
Еден од тие што го тешеле Јов, му рекол - што ако си и најдобриот човек што воопшто постоел, што си ти спрема Господ?
Според мене, иако бил добар човек, Јов бил далеку од она што треба да биде во очите Божји - просветлен. Или, прилично просветлен. :) Само добар не е доволно.
 
alf

Член од
28 јануари 2010
Мислења
1.525
Поени од реакции
1.081
Книга Јов е многу добра духовна приказна искажана од безвременска позиција.
Што значи безвременско?Тоа му доаѓа како да составиш приказна за пубертетот кој е дел од секој човек,затоа велам безвременско,постојано и постојано се повторува,но приказната ќе ја разбере само оној кој ќе премине во пубертет.Ова беше само пример.
Пубертет го посочив за пример, иако се работи за просветлување,а тие се малкумина.

Книгата изобилува со метафори позади кој се кријат многу едноставни поими присутни кај секој човек,но не секој гледа на нив,односно да гледаш на себе од позиција на смртта(безвреме) кон животот(со време) , во сите промени од раѓање до старост.
Така ги именува, своите промени од бебе до старец како свој синови, минатото , сегашноста и иднината како свој керќи, и истите како ги губи,односно го губи поимањето за себе , и она вечно прашање "кој сум јас" ,а кога се среќава човек со својата празнина е тешко опислива состојба, тагата е огромна.
Води "разговор" со три пријатели, со својот разум, очи и уши(тоа што го разбира, гледа и слуша) бидејќи од позиција на смртта тие три нешта даваат погрешна слика за духовноста.Во книгата се појавува и четвртиот пријател(нека остане скриен)
Описот за слонот е опис за духовната состојба која ја доживува човек.Всушност кога на човек емоциите му се длабоко некаде зкопани(доживување смрт,премин преку бездната) го губи поимот за себе,преку тоа непоимање за себе, доживува спознавање за бог.
Целата приказна е со дејство навнатре.

На крајот се враќа "јас" и емоциите.

13. Имаше и седум синови и три ќерки.
14. Првата ја именува Емина, втората – Касија, а третата – Керенкапух.
 
Никој не ја примети грешката во постот!?

Трите ќерки не се термини од времето- минато,сегашност и иднина.Не може тие да се најубави на земјата.

Ме чуди што никој не изреагира.Тоа можеби покажува дека расудувањето на духовни книги-приказни не ги завртува внатрешно и истите да ги побра во себе.Да ги раздели сите емоции , сите периоди од своето постоење и истите да ги анализира и осознае.
Секоја таква книга - приказна во која ќе се препознае човек , може да ја фрли ,искине или изгори, го надминал тоа.

Трите ќерки кој ги има секој возрасен човек се:
- Вера
-Надеж
-Љубов
Тие емоции од човек одат кон друг,односно ги дава ,затоа за нив писателот користи поим "ќерки".
 
Никој не чита теми што не го интересираат, проверено. Сам ќе мора да проверуваш.

Во врска со ќерките: „имињата“ на ќерките се на еврејски и имаат превод и значење кај евреите. А ова е од еврејското верување, стариот завет како што го нарекуваат погрешно сите после христијанството.

P.S. Ти имаш чуден став дека еврејскиот закон, подоцна и христијанството со нивниот нов завет - носат универзална порака за сите и тие приказни се повторуваат и имаат исто значение и денес кај новиот човек. Овие свети книги може да се толкуваат само во рамките на историјата на еден народ, во овој случај евреите - кои сите ги игнорираат и презираат а од нив несебично и лакомо краделе и извртувале приказни сите - и христијани и муслимани.
Никој не може да забрани било кој да толкува било што било како нормално, ново време - сите сме свети отци :)

НО јас сепак мислам дека не може без познавање на еврејската историја и мистицизам да се одгатне нивниот закон и верување и пракси дадени во „стариот завет“. А тука, имаше некои кои го познаваа законот но не се активни веќе, за жал...

П.С. Зошто Јов има 7 синови и 3 ќерки кои „умираат“ ? А не 2 сина и 2 ќерки или еден син и една ќерка? Зошто не 9 синови без ќерки? Бидејќи е врзано со... КАБАЛА - еврејскиот мистицизам кој е содржан во нивните свети книги!
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom