Ме интересира мислење од сите посебно од вас поискусните да не пишам кучкарите.
Дали новиов стандард од 2000 година за Ротвајлер ја подобри и унапреди или пак модерно кинолошки ја покака расава ?! Со стариот стандард кои беше од девеесетите Ротвајлериве тежеа највеке до 50 кг и тоа мажјаците сега по стандард највеке до 60 а многу често тежат и повеке. По стариот стандард наликуваа повеке на прави службени кучиња и речиси минимална беше разликата на висината на кучето и должината сега се често подолги од висината. Налик на дога, мастиф. Кратко кажано од спортска и службена раса ја претворија во погруба помлитава.
Е сега тука имам една дилема пошто нели знаеме кинологијата како наука се грижи за унапредување и усовршување на расите што дизајнериве на новиов стандард сакале да постигнат. Првобитните Ротвајлери кога настанале вкрстувајки Тибетански Мастиф и Буленбеизер повеке наликувале на дога, мастиф биле погруби подолго крзно повисоки итн. Со текот на развојот одкако ја дотерале бојата на крзното и решиле да го намалат растот и да ја скоцкаат расата во малце помал размер а со истата моќ и така терале до конечниот договор за изглед кој траел некаде дваесет триесет години се до 2000 година кога иде до последна промена на стандардот со тоа и изгледот и од тогаш е Ротвајлерот поголем и погруб по налик на првобитниот.
Дали мајсториве на стандардот сакале со промената во 2000 г. да направат да расата повторно изгледа како при првобитните вкрстувања или е некоја сосема друга идеја ?
Изложба од 1997 година со Ротвајлери од стариот стандард.
https://www.youtube.com/watch?v=jHfWcFqwLV0
Одлично видео за споредба на Ротвајлерите од пред 100 години па се до денес. Сите фази на промена во една линија.
https://www.youtube.com/watch?v=AK4BCc1uuj4