Како бе немам пост во темава?
Не сум некој голем љубител на пиво од количинска гледна точка, но сакам да пробувам различни пива.
Општо сакам светли, филтрирани пива и освежителниот момент ми е пред алкохолниот
Прво, од она што е лесно достапно на нашиов пазар (маркети/кафичи/ресторани) некако најубаво ми лежи Хајнекенот. За мојот слаб желудник, "најлесно" e и најчесто него го пијам.
Како земја немаме многу производители на пива, но тие што ги имаме се со сосема пристоен квалитет (тука мислам на Скопско и Даб, не мајсторските). И со гости од странство кога сме пиеле наши пива биле задоволни (им ги памтат имињата
).
Мене од македонските Скопско Смут ми е фаворит, не многу горчлив вкус, освежително и најважно како и кај Хајнекенот немам проблеми со стомак после тоа
Во последнава година имав среќа да посетам 3 земји кои важат за едни од најголемите производители на пиво во Европа.
Белгија
Најдоброто место кое воопшто го имам посетено за пива беше Bier Centraal во Антверпен. Цела книга (енцликлопедија која и ја продаваа) ти носат како мени, каде што имаш слики и опис за секое пиво.
Од Белгиските би ги издвоил Kapittel Blond (светло) и Adriaen Brouwer темното пиво. Едно од ретките темни пива што ми се допадна.
Германија
Па некогаш многу важен е и моментот кога го пиеш пивото. Изморен, после цел ден пешачење влегов на currywurst и Brlo Helles. Јас поосвежително пиво се немам напиено.
Англија
Општо многу мразам кога ќе нарачам пиво за прв пат и наместо во оригиналната флаша ми го носат точено, а тука главно секаде добивав точено
Не бев многу импресиониран од нивните пива (главно по препорака на келнерот пиев некои локални). Ако треба да одберам едно, Chalky's Bite.