Пиво

Коe пиво најчесто го пиетe?

  • Скопско

    Гласови: 187 38,3%
  • Златен даб

    Гласови: 151 30,9%
  • Amstel

    Гласови: 46 9,4%
  • Heineken

    Гласови: 47 9,6%
  • Tuborg

    Гласови: 40 8,2%
  • Beck's

    Гласови: 11 2,3%
  • Други

    Гласови: 83 17,0%

  • Вкупно гласачи
    488

Igorcemk

Само Македонија!
Член од
17 јануари 2008
Мислења
9.693
Поени од реакции
11.740
20200606_222451.jpg

Пиво сорта "Spezial" (нешто меѓу сорта Export и Märzen) од пиварата Симон од франконското место Лауф. Доста популарно и типично франконско пиво, како што и пишува на етикетот. 5,6% алкохол, што е типично за Шпецијал/Експорт/Мерцен пива.

Во чашата дава солидна и долготраена пења. Бојата на пивото е накај темно бакарна до костен и на прв поглед имаш големи очекувања во пивото. Филтрирано е и средно газирано. Има убав мирис свеж и на карамел.

Од почеток до крај доминираат карамелниот вкус и вкусот на слад. Првата голтка е доста свежа, мека вода, идеално газирано се сеќава но не е претерано, до некаде и малце се сеќава и алкохолот ама не делува ич негативно. Интензивен вкус, хмељот едино на средина малце доаѓа до израз иначе го нема како вкус. Во средината има доминантни вкусови на леб и жито и печени ароми, му дава тежина. Вкусот долго време се држи во уста. Покрај тежината што ја има пивото би очекувал тешко да тече но напротив: апсолутно никаков отпор не дава и си тече голтка по голтка без проблем уште не отворено веќе го снема. Плаче за следно.

Одлично пиво со силен карактер и одма препознатливо. Класично фанконско пиво. Верувам дека овакво свежо точено во камена кригла покрај свинска скара може да доведе до перфектна симбиоза.

Франконска пивара но пивото е доста популарно во пиварски кругови па во добро сортирани маркети може да се најде низ цела јужна Германија.
 
Член од
24 декември 2007
Мислења
11.917
Поени од реакции
4.051
Добро си е Лашко темно :D сега не е гинис стаут ама што знам, мене ми прави мерак, често си го полнам фрижидерот тука.

Исто во последно време од темни навлечена сум на OHara's и Fullers Black Cab & Cream stout, ги пробав во Порта во Скопје, ги има таму, за други места во Скопје не знам.

Од светлите мислам дека пола производство на Paulaner го испив месецов, Munchner Gold поготово. Ајде да си бегам од темава, апстинирам зошто имам за учење и мислам дека нема да издржам хахахахаа
Лашко веќе некое време не прави темно, вероватно пиете останоци :)

Моментално ништо од лагериве не пијам, доста добри има Бевог тие што се Сло/Аустрија може да ги пробаат :)

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
81.118
Поени од реакции
181.152
Член од
14 јануари 2015
Мислења
6.492
Поени од реакции
9.493
Вечерва го пробав убедливо најгрдото пиво досега, не знам дали се има погодено оваа лименка, али афтертејстот му беше како на прегорена гума, го зедов од Стокомак.
n.1 beer.jpg
 
Igorcemk

Само Македонија!
Член од
17 јануари 2008
Мислења
9.693
Поени од реакции
11.740
Не сакам да хејтам, Хајнекен е ок пиво онака во секоје време можеш да го пиеш ама е добар пример како маркетингот може да му направи таков имиџ што можат да го продадат со највисока цена која не е оправдана.
 
Член од
29 август 2008
Мислења
2.380
Поени од реакции
692

Е јбг, сексот и маркетингот продаваат тоа е капитализацијата. Иако ОК пиво малце да се поднапиеш глава кине другиот ден и скоро скроз го имам скокнато како опција.
Во паб порта видов O'Hara пивата многу луда цена им држат, за наш стандард не ќе да е нешто згодно, посебно што барем 80% кај нас се научени на лагер или пилснер.

Некој ги има пробано? Оправдана им е цената или?
 
Член од
4 февруари 2012
Мислења
3.259
Поени од реакции
2.003
Некој има го има пробано Modelo Beer дали е добро,сакам да го пробам но неможам да го најдам,дали го има негде кај нас?
 
0C0FFEEBABE

Bsc. Sc.
Член од
6 јули 2008
Мислења
5.027
Поени од реакции
1.667
Е јбг, сексот и маркетингот продаваат тоа е капитализацијата. Иако ОК пиво малце да се поднапиеш глава кине другиот ден и скоро скроз го имам скокнато како опција.
Во паб порта видов O'Hara пивата многу луда цена им држат, за наш стандард не ќе да е нешто згодно, посебно што барем 80% кај нас се научени на лагер или пилснер.

Некој ги има пробано? Оправдана им е цената или?
Да, вредат и многу се трошат. А и не се така скапи како во други локали во Скопје. Се сеќавам пред 2 години во Мр. Џек платив 410 денари за O'Haras 51. Во порта мислам дека е 200 денари флаширано, 150 денари точено. Инаку кој нема пробано, му го препоачувам O'Haras Double Hop.
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
81.118
Поени од реакции
181.152
Е јбг, сексот и маркетингот продаваат тоа е капитализацијата. Иако ОК пиво малце да се поднапиеш глава кине другиот ден и скоро скроз го имам скокнато како опција.
Во паб порта видов O'Hara пивата многу луда цена им држат, за наш стандард не ќе да е нешто згодно, посебно што барем 80% кај нас се научени на лагер или пилснер.

Некој ги има пробано? Оправдана им е цената или?
И газдата не ги зема баш евтино, ниска маржа има.
 
M-1

Добро утро Махачкала!
Член од
6 септември 2010
Мислења
3.995
Поени од реакции
6.997
Е јбг, сексот и маркетингот продаваат тоа е капитализацијата. Иако ОК пиво малце да се поднапиеш глава кине другиот ден и скоро скроз го имам скокнато како опција.
Во паб порта видов O'Hara пивата многу луда цена им држат, за наш стандард не ќе да е нешто згодно, посебно што барем 80% кај нас се научени на лагер или пилснер.

Некој ги има пробано? Оправдана им е цената или?
Гинис, Охарас, Килкени, Смитвикс, ОБрадр и Портерхаус верви дека вредат за парите, стилот и квалитетот на истите е доста висок. Пример, ак не си по стаут, портер, пејл ејл... лагерот на Харп е исто многу убо пивце, лагерот на Портерхаус Темпл е исто добар ама е поскап тро.
Од Белгискиве е да се мрдниш, имет доста стилој на пива а и постоет доста многу производители, кај овие буквално све мојш да најш. Многу ми е интересно шо ми се имат десено после 2 пива 0.5 да се прашаш шо ти е, уствари на третото ко ќе го крениш позади на етикета гледаш дек е 11% алкохол. Силни ароми и многу компкексен вкус, Ла Трап, Кастел, Шимеи, Лефе, Дувел, Вестмален, Херог Јан, Вестмале, Хоегарден... Исто мали локални пиварии прает пичку матер квалитет и пива.
 
MARCELLO

Модератор
Член од
15 јули 2007
Мислења
10.744
Поени од реакции
4.967

Oва пивава што во текстов ги рекламираат ги имало до сега во Македонија или се нови?
 
Член од
29 август 2008
Мислења
2.380
Поени од реакции
692
Гинис, Охарас, Килкени, Смитвикс, ОБрадр и Портерхаус верви дека вредат за парите, стилот и квалитетот на истите е доста висок. Пример, ак не си по стаут, портер, пејл ејл... лагерот на Харп е исто многу убо пивце, лагерот на Портерхаус Темпл е исто добар ама е поскап тро.
Од Белгискиве е да се мрдниш, имет доста стилој на пива а и постоет доста многу производители, кај овие буквално све мојш да најш. Многу ми е интересно шо ми се имат десено после 2 пива 0.5 да се прашаш шо ти е, уствари на третото ко ќе го крениш позади на етикета гледаш дек е 11% алкохол. Силни ароми и многу компкексен вкус, Ла Трап, Кастел, Шимеи, Лефе, Дувел, Вестмален, Херог Јан, Вестмале, Хоегарден... Исто мали локални пиварии прает пичку матер квалитет и пива.
Болдираниве сите ги имам пробано и пиено. Почитувам стоут и други типови на пиво, прв избор ми е у последниве години каде и да седнам или бидам да најдам локално пиво да пробам (зборам за 4 континенти и преку 50 земји :D )
Пивото е свет полн планети со посебни светови, има за истражување премногу.

И газдата не ги зема баш евтино, ниска маржа има.
У ред, разбирливо али само ми кажува дека нема добар дил направено и носи мала количина затоа и таква цена добил.
 
На врв Bottom