Forrest Gump
низа1
- Член од
- 12 ноември 2009
- Мислења
- 7.038
- Поени од реакции
- 29.618
Големината на еден концерт, според едни се гледа според бројот на лименки пиво кои остануваат на земјата по неговиот завршеток. Според други, големината на еден концерт се гледа според времетраењето на распродажба на билети. Ако распродажбата траела отприлика колку и невиноста на децата кога ќе стигнат во Ватикан, тогаш може да се окарактеризира како успешен.
Покрај тоа, ќе се сложиме дека големината на еден концерт зависи и од атмосферата во публика. Знам дека од прва ќе ми речите дека зависи од типот на концертот, но можеме да се обидеме да сумираме некако. Како се однесувате на концерти?
Седите?
Според еден естетски хируг од Анкара, баш гравитацијата е главната причина за ќелавост, бидејќи ги влече влакната надолу. Можеби затоа се плашите да ја предизвикате? Или пак тоа го ословувате ко лакомо дегустирање? Порција чувства, порција музика. Медитирате, лебдите, оставате ритмот да ве вози, додека удобно сте сместени на столицата. Најавангардно што си го дозволувате да го направите е несинхронизираното тупсање со ногата.
Или пак сте од оние кои купуваат исклучиво вип карти, со двоглед за очите и при тоа стандард си порачувате најмалку 50 свежо скинати поклопци на јогурт за лижење?
Дали се пентерете на нечии рамена со никнејм: раце горе, го чупаме воздухот ? Дали светите со запалки или мобилни на некоја балада, ко да го пирсате месечко?
Дали мењате патики после секој концерт, затоа што сте се искршиле од играње во прв ред? Дали се шуткате, дали пеете ко птица брлива, дали чекате за автограми...?
Можеби пиете за да се нивелираат нерамнините на ирисот и да ве треснат децибелите посаглам ?
Мене единствено што не можам да сконтам се оние кои снимаат цел концерт, за некои бедни видео снимки со кои ќе се курчат по јуб туб или фејсбук. Или они кои цел концерт го поминуваат на фејсбук, при тоа тагирајќи се, објавувајќи слики или шака еуфорија во живо.