Како се однесувате на концерти?

  • Креатор на темата Креатор на темата Forrest Gump
  • Време на започнување Време на започнување

Forrest Gump

низа1
Член од
12 ноември 2009
Мислења
7.038
Поени од реакции
29.619
Големината на еден концерт, според едни се гледа според бројот на лименки пиво кои остануваат на земјата по неговиот завршеток. Според други, големината на еден концерт се гледа според времетраењето на распродажба на билети. Ако распродажбата траела отприлика колку и невиноста на децата кога ќе стигнат во Ватикан, тогаш може да се окарактеризира како успешен.

Покрај тоа, ќе се сложиме дека големината на еден концерт зависи и од атмосферата во публика. Знам дека од прва ќе ми речите дека зависи од типот на концертот, но можеме да се обидеме да сумираме некако. Како се однесувате на концерти?

Седите?

Според еден естетски хируг од Анкара, баш гравитацијата е главната причина за ќелавост, бидејќи ги влече влакната надолу. Можеби затоа се плашите да ја предизвикате? Или пак тоа го ословувате ко лакомо дегустирање? Порција чувства, порција музика. Медитирате, лебдите, оставате ритмот да ве вози, додека удобно сте сместени на столицата. Најавангардно што си го дозволувате да го направите е несинхронизираното тупсање со ногата.

Или пак сте од оние кои купуваат исклучиво вип карти, со двоглед за очите и при тоа стандард си порачувате најмалку 50 свежо скинати поклопци на јогурт за лижење?

Дали се пентерете на нечии рамена со никнејм: раце горе, го чупаме воздухот ? Дали светите со запалки или мобилни на некоја балада, ко да го пирсате месечко?

Дали мењате патики после секој концерт, затоа што сте се искршиле од играње во прв ред? Дали се шуткате, дали пеете ко птица брлива, дали чекате за автограми...?

Можеби пиете за да се нивелираат нерамнините на ирисот и да ве треснат децибелите посаглам ?

Мене единствено што не можам да сконтам се оние кои снимаат цел концерт, за некои бедни видео снимки со кои ќе се курчат по јуб туб или фејсбук. Или они кои цел концерт го поминуваат на фејсбук, при тоа тагирајќи се, објавувајќи слики или шака еуфорија во живо.
 
Прау чек ин,тагирам hh шалу се, неам фејсбук

На концерти и журке, иду за мене мој укус, моју душу, расположење до ежење,трошење на вишак енергију,ѓускање братеее, смеањеее,запознавање, слушање на омилени траке

Шуткање ми е срање, озбиљно,пубертетска работа
Качување на рамења селска демагогија
Снимање и сликање цело време е непотребно
А најнај наише што ме нервира на журке или концерти е кд се дереф онија УУ УУ УУ УУ (знаеш нели за што збору)
Жифцира ме тој, која непотребна маса од људи има на сфаку дешафку.Они идеф за да се изжуркаф нели као демек, а идеф за да се фалиф дека биле на тј настан
 
А најнај наише што ме нервира на журке или концерти е кд се дереф онија УУ УУ УУ УУ (знаеш нели за што збору)
Ова на журки го правева едно време, сеа и по концерти почнава?
 
Ова на журки го правева едно време, сеа и по концерти почнава?

На сфе и сфашта га праиф брат
Довољно е едн да почне, после сфи се прикључиф тија такфи што размислуеф како офце пред да ги стрижеф
Ќути си и си играј, пој си кд се пое, а не да вриштиш и урлаш како млади пипиња на Џастин Бибер, мноо се жифцирам кд ке ми текне колко пут сам га чуја тој УУУткање
 
Сега да разграничиме и местото каде се одржува концертот,
во вашево време тоа е или спортска сала или сајмиште,каде има повеќе простор за рипање и урлање или пак дури на стадион или некоја ливада.
До душа јас и не сум бил многу одамна на концерт,но на времето се знаеше каде се одржуваа тие концерти-а тоа беше универзална сала. Е таму сум ги гледал во тоа време најпопуларните Ју пеачи,поретко групи,а најповеќе доаѓаа српските,иако хрватските повеќе сум ги слушал. Инаку се седеше.Единствен што ја дигна цела универзална сала на нозе тогаш беше Лео Мартин (иако како гостин на друг пеач) беше тогаш тука многу популарен бидеиќи испеа неколку песни на скопскиот фестивал.Можеби сум тука единствен што Индекси сум ги слушал во живо за мене најдобра Ју група на сите времиња.А од новите имам мерак некогаш Архангел да го слушам на концерт во живо.
Е а најмразам кога пеачот бара публиката да пее,а јас сум платил тој да пее.
Но тогаш најпопуларните Ју групи не заооѓа-не доаѓаа во М.(а некои печалеа во СССР)
 
нормално дека зависи од концертот, ако е некој пеач/ка група што ужасно многу ми се свиѓа ако можам зеам карти да сум поблиску до нив, зашто тука на пример ако зеам обична карта и не ја купам првиот ден од продажбата ќе треба со двоглед да идам на концерт...а и тоа не ми иде некако. не снимам и глеам да не фоткам, али носам мобилен за онака 2-3 фотки можда да штракнам :P не љубам да стојам на страна, сакам да сум понапред и да шизам :) а според parvati изглеа сум сеуште во пубертет, сакам шутки :D јеби га, има некои групи ако не се изнаскокаш исшуткаш напред, ко да не си бил :D
 
Зависи за каков концерт станува збор. Од една страна сакам да можам да си приседнам ама пак од друга страна ако имам желба да приседнам тогаш не сум си поминал баш нај нај. Немам некој фетиш во прва редица да се пентарам ама да не биде па и толку далеку да ми треба двоглед за да ги гледам.

По можност да биде блиску до штандот за пиење. Ако е на затворено да нема толку многу гужва да не може да се дише ако е на отворено не е проблем. Випот не ми прави разлика, до пред година две си мислев којзнае што е, ја имав таа привилегија и на крај испаѓа џабе ти е се ако не си во добро друштво т.е добра атмосфера.

Снимањето/сликањето мислам дека е ок ако си направиш неколку фотки за успомен, а не цел концерт на тоа да ти помине.

Мислам дека тоа е се ;)
 
Ако распродажбата траела отприлика колку и невиноста на децата кога ќе стигнат во Ватикан, тогаш може да се окарактеризира како успешен.

:pos:
 
Гледам да не бидам таму каде што е најголемата гужва, не сакам буткања, страв ми е. Сакам да си стојам понастрана и да уживам. ВИПови, МИПови такви ми ти ствари не сакам. Сакам да сум си доле кај публиката, само не во најгустото. Си земам нешто за пиење, најчесто пивце и си денсам, си пејам, најчесто плачам (зависи од песната) и пиштам...:icon_lol:
 
Си стојам, не играм. Но ме нервира кога ќе почнат да прават шутка (она буткањето ако ви текнува) и да прскаат нагоре со шише пиво.
 
На концерт одам само за да крварам. За добар концерт го рачунам оној од кој се враќам дома со барем еден скршен заб.
 
Си денсам во радиус од 1 метар, обавезно 2-3 чаши виски од на нога.. а порано и други средства за пумпање ендорфин :icon_mrgr:.. Ко ќе ми ја погодат песната/траката одма влегвам во некој амерички филмој и ги сакам сите околу мене, мразам женско вриштење во радиус од 20см, го мразам тој пред мене ако е некој висок глауЧ и да ми го ебит погледот...
Ретко доседвам до крај, освен ако не се работи за некој омилен изведувач.
 
Си денсам во радиус од 1 метар, обавезно 2-3 чаши виски од на нога.. а порано и други средства за пумпање ендорфин :icon_mrgr:.. Ко ќе ми ја погодат песната/траката одма влегвам во некој амерички филмој и ги сакам сите околу мене, мразам женско вриштење во радиус од 20см, го мразам тој пред мене ако е некој висок глауЧ и да ми го ебит погледот...
Ретко доседвам до крај, освен ако не се работи за некој омилен изведувач.


значи и мене ме мразат :( ја сум обично тој висок главуч (како е у женски род?) што е релативно напред и плус скока
 
Прау чек ин,тагирам hh шалу се, неам фејсбук

На концерти и журке, иду за мене мој укус, моју душу, расположење до ежење,трошење на вишак енергију,ѓускање братеее, смеањеее,запознавање, слушање на омилени траке

Шуткање ми е срање, озбиљно,пубертетска работа
Качување на рамења селска демагогија
Снимање и сликање цело време е непотребно
А најнај наише што ме нервира на журке или концерти е кд се дереф онија УУ УУ УУ УУ (знаеш нели за што збору)
Жифцира ме тој, која непотребна маса од људи има на сфаку дешафку.Они идеф за да се изжуркаф нели као демек, а идеф за да се фалиф дека биле на тј настан
Куманово нема концерти,они само ја имаат Северина ... како и да е ...

Сум бил на доста лајв свирки ... Катастрофа е македонската публика во однесување .... Седиш,опкружен со луѓе кои се статични кукли, ги имаш со пијалок,вкрстени раце и дилдоа кои се замислуваат дека се на турбо фолк концерт на Српска порно пејачка/курва со став раце високо со два прста во вис ... па после зш чуден филинг ти доаѓа кога сакам да потанцувам малку ма супер атмосфера со убави песни,а идиоти околу тебе намуртени,со поглед те гледаат ... Не е природно ... :(
 
Ваков сум на концерти/свирки.
tumblr_m64z4vppzi1rxeae1o1_500.gif
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom