Јас од првиот ден во брак живеам сам со жената во сопствен стан.Гласав за последната опција од неколку причини.
1.Јас сум индивидуалец,и кога сум створил семејство сакам да бидам сам со него.
2.Материјалните услови ми дозволуваат и зошто да не го искористам тоа.
3.Има една поговорка:Сам да не ти е срам.Пример:Неможеш да се из***ш со жената на раат,или да се шеташ гол по дома.
4.Заебано е за чување дете,треба да го разнесуваш,ама може да се договориш да дојдат бабата и дедото кај тебе и да го чуват.Малце покомплицирано,ама прифатлива цена за нормален и неоптеретен со ништо живот.
5.Знаеме дека кога има повеке луѓе на мал простор тоа е идеална основа за конфликти.Со одделниот живот од родителите тоа е избегнато,а во мојот случај,си ги сакам и уште повеке и имаме взаемна почит.Исто и жена ми со моите родители.
За варијантата на Гојдо,тоа според мене не претставува заедница.Градам куќа во која ке живееме заедно со моите,на одделни спратови.По иницијатива на татко ми,проектирана е и се гради така што одделните спратови(нашиот и нивниот) немаат никаква допирна точка ни по кој основ.Се е посебно.Исто како да живееш у стамбена зграда.Затоа и се согласив да биде така.А неспорни се предностите на таква,да ја наречеме заедница во врска со чувањето дете.