Резултати од барањето

  1. Diogen

    Вадење нов пасош/лична карта

    Мислам дека друга е вистинската причина што возачките ќе се третираат како неважечкки и со изминат рок на важност како основа за казни од 13.02, не се само осигурителните компании. Замислете сега колку ќе има барања за вадење на возачка по итна постапка, колку дополнително пари ќе влезат во буџет.
  2. Diogen

    Даночна Реформа 2023

    Мое мислење едека ова е погрешно. Повеќе млади, перспективно повеќе даночни обврзници, повеќе даночен прилив. Лицата со попреченост треба да бидат згрижени од општеството и треба да бидат ослободени од секакви даноци. Според мене,скалест данок е одлично решение, кое се применува во силните...
  3. Diogen

    Пресвртница за Украина

    Нема ништо случајно кога е во прашање Русија и нејзиното влијание во Украина. Сигурно немаше спонтано организирање отпор во Донбас. Од ладот на Јанунович во сите републики со мнозинско руско население сигурно се организираа за отпор, но во прва фаза, тзргетирани беа стратешки битни делови како...
  4. Diogen

    Пресвртница за Украина

    Во моментов се игра нова шаховска партија помеѓу САД и Русија која слободно може да се нарече Украински гамбит. Баш како што напиша, идејата е да се жртвува пион (Украина) за понатаму да се постигне предност во партијата. Претходната партија Грузиски гамбит ја изгубија, бидејќи многу лесно со...
  5. Diogen

    Пресвртница за Украина

    Aнгличаните го правеа ова зло како поддршка на грчките монархофашисти. Историски, после Отон, во Грција владеат монарси со Англиско потекло, оттука таа поврзаност. Советите не ги издале Егејците, туку Грчките комунисти (во ДАГ имало многу Македонци кои верувале дека комунистите ќе ги вратат...
  6. Diogen

    MaxTV IPTV телевизија (Македонски Телеком) генерална дискусија (новости, прашања, проблеми)

    За преостаните Discovery се јавив денес, ми рекоа дека ќе се појават деновиве, додека траат овие префрлања во HD. Според листатата на канали на нивната страна, овие канали ќе бидат достапни само во L пакетот
  7. Diogen

    Недела неработен ден

    „Подносителот го оспорува Законот за изменување и дополнување на Закон за работни односи објавен во ’Службен весник на РСМ‘ бр. 288/21, како спротивен на слободата и пазарот на претприемништво, темелните вредности и еднаквоста на граѓаните. Оспорениот закон се однесува на уредување на работата...
  8. Diogen

    Коронавирус (COVID-19) - Општа дискусија

    Интересен пост, добро опишана причина за состојбата во која се наоѓаме. Најголем фактор за ширење на заразата и последиците од истата е нашиот менталитет, поточно нашата колективна неодговорност за почитување на мерките за спречување на ширењето на вирусот. И то не е само кај нас, тоа е и во...
  9. Diogen

    Коронавирус (COVID-19) - Општа дискусија

    Затоа што земји со мала смртност имаат многу висок степен на имунизација со вакцина. Со вакцина може да се заразиш, но мали се шансите да завршиш фатално. Кај нас имаме мала стапка на имунизација и затоа од починатите преку 80% се невакцинирани. Умираат и вакцинирани со коморбидитети, но...
  10. Diogen

    Блам држава

    Пописот е статистичка опрација која постои од кога постојат древните цивилизации од пред 4000 години, тоа е основа за да планираш све во државата, во сите области, тоа за нормални држави. Кај нас е политичка операција за штелување бројки и проценти на етнички заедници. Затоа не знаеме колку...
  11. Diogen

    Повраток на ДДВ за физички лица? (Мој ДДВ)

    Први впечатоци од апликацијата-не дава преглед на остварен промет или колку поврат следува од скенирани сметки, лош систем на скенирање.Сметка од Тинекс не го препознава бар кодот не се скенира, пробано со две камери од нови модели на телефони.Според мене, ќе има доста вакви игранки, што помалку...
  12. Diogen

    Војната на патиштата

    Не е проблемот во полицијата ниту во патиштата. Проблемот е во самите возачи, пред се мислам на младиве. Патиштата се во ред, обележани дозволени брзини, знаци за предупредување,све е тука, само треба да гледаш и да почитуваш. Јас секогаш повторувам, знаците не се за украс ставени , туку да ти...
  13. Diogen

    Загадувањето не сопира, секоја година нови 4.500 заболени од рак!

    Ireal, поскапување на нафтата нема да помине оти е врзано со транспорт на роба и све ќе поскапе по домино ефект. Треба да се најде решение во комбинација од скап паркинг во центар, дополнителна такса за собраќај во центар како во Лондон, еко зони по примерот на Германија (ова го имаме во закон...
  14. Diogen

    Загадувањето не сопира, секоја година нови 4.500 заболени од рак!

    Како и да е еве и јас возам дизел, и јас учествувам во загадувањето. Колку и да е над ЕУРО 4, сепак азотните оксиди се проблем. Проблем за мене, проблем за тебе, проблем за сите нас. Треба да си тргнеме секој од себе и да превземеме нешто. Убаво вели zmej gorjanin, само бензинци или бензинци со...
  15. Diogen

    Загадувањето не сопира, секоја година нови 4.500 заболени од рак!

    Отстранети се затоа што DPF филтерот може да го продаде на старо, а таа кола што си ја купил не била наменета за да ја продаде таму тукуовде и слични пазари. А ако го блокираш EGR си пукаш во колено, азотните оксиди не ги рециклираш туку комплетно ги исфрлаш, заедно ПМ10 без дпф и тамам .
  16. Diogen

    Загадувањето не сопира, секоја година нови 4.500 заболени од рак!

    Пробај во Германија да извадиш DPF и да регистрираш возило. :) Аферата дизелгејт за што беше?;)
  17. Diogen

    Загадувањето не сопира, секоја година нови 4.500 заболени од рак!

    Ако се глупости, подоле прочитај колку загадуваат бензинци а колку дизели (PM e ПМ10 а NOx e азотен оксид), па и спореди го СО (јаглен моноксид). Азотните оксиди кај ЕУРО 1 и 2 не се мерени -коса ќе ти се исправи ако дознаеш колку канцерогени загадувачи се дизелаши ЕУРО 1 и 2...
  18. Diogen

    Загадувањето не сопира, секоја година нови 4.500 заболени од рак!

    Ако се повикуваш на Европа , да ,се возат дизели, но многу помалку од порано, а се повеќе се бараат бензинци, хибриди и електрични, дизелот таму брзо ќе биде историја. А тие што сеуште возат, дебело го плаќааат. Пример Германија, за нова кола да регистрираш, ќе платиш 2 евра за секој 100 ццм на...
  19. Diogen

    Загадувањето не сопира, секоја година нови 4.500 заболени од рак!

    Ги гледам графиците за загадување на месечно ниво ПМ10 (на страната на мин. за екологија) и интересно дека најмало загадување има во Недела, нешто поголемо во Сабота, а од Понеделник до Петок загадувањето е најмалку двојно поголемо. Ако греењето на дрва е постојано, тогаш јасно е кој ја...
  20. Diogen

    Иднина на дизел моторите после скандалот со VW

    Како стојат работите, изгледа за кратко време ќе бидеме сведоци на залезот на дизел моторите, особено на Европскиот пазар. Со ЕУРО 6 нормите едвај помина, ама со Еуро 7 од 2019 ќе биде многу малку веројатно. Сега за да се намалат азотните оксиди се дојде речиси до максимумот кој може да го...
На врв Bottom