Значи и со плаќање субвенции, поисплатливо е користењето на фосилни горива.
Доколку во овој момент нафтените и автомобилските компании прекинат да добиваат субвенции, голем дел од пазарот ќе замине кон електричните автомобили и обновливите извори на енергија.
Настрана тоа, зборуваме за иднината, не за сегашноста.
Милионите електрични возила нема туку така да се појават на пазарот, за тоа ќе бидат потребни 3, 4, 5 години. Како што ќе се зголемува нивниот број, ќе се зголемуваат и централите за производство на ел. енергија, било тоа биле мали, локални или билионски. Тесла на пример ќе понуди целосно интегриран систем на соларни панели, батерии и електрични возила. Батериите ќе се полнат преку ден, а ноќе кога сопственикот е дома ќе го полнат автомобилот.
Голем број компании, некои не постари од 3-4 години на големо инвестираат во електрични автомобили. Тука е и
Волксваген. Сите што ги набројав погоре. Веќе во 2018 ќе постојат три модели од околу 35 000$, со досег од 300+ км, многу подостапни од досегашните електрични автомобили. Милиони ќе се произведат до 2020 според сегашните проценки. И сето тоа се случува при прилично ниска цена на нафтата (веќе 2 години).
Не сум сигурен дека денес е поисплатливо користењето на фосилни горива. Но за неколку години сигурно нема да биди.