Законитостите кои можеме да ги разбереме и согледаме се законитости на микрониво, на ниво на атом, само максимално проста манифестација на комплексностите кои постојат и кои детерминираат се. Таквите можда комплексности се обидува да ги објасни денес Theory of everything можда. Во првиот дел мислам дека авторот зборува за тоа.
Не постои ни високо ни ниско, ни долго ни кратко, ни црно ни бело. Тоа се само придавки, поими кои означуваат различен степен на интензитет на една иста работа. Притоа, дефинирањето на таа работа зависи од аспектот од кој што ќе гледа нашиот `поимски` ограничен мозок. Висина/нискост, Долгост/краткост, Црност/белост, се само спротивни поими кои ја означуваат истата работа, само гледана од различен аспект. Ако земеме од аспект на висина, тогаш високото е 100%, а ниското 0%. Ако земеме од аспект на нискоста, ниското е 100%, висината е 0%. Скалите ја мерат истата работа, само едната од горе надолу, а другата обратно. Така, ако се издигнеш над поимското размислување и почнеш малку да ги гледаш работите без поими, не од аспект на високо или ниско, црно или бело, туку од аспект на самата работа која тие работи ја означуваат, тогаш постојат само работите, А висината/нискоста, црноста/белоста, се само поими, скали кои зависат од избраниот аспект, спротивности кои заедно се обединети во нешто повисоко - работа. (Го нарекувам тоа работа пошто неам соодветен збор за тоа)
Потоа, авторот зборува за тоа дека не ни е потребно ништо за да бидеме среќни. Апсолутно ништо. Не ни е потребно ништо за да бидеме среќни, а па никако нешто материјално. И тоа е така, но за тоа најубаво да прочитате во Будење, Антони де Мело. Не ни се потребни играчки како деца за да бидеме среќни, доволен е еден стап, или две-три камчиња, а често не е потребно ни тоа. Но кога ќе го видиме super extra mega камионот на другото детенце, тогаш се јавува прекумерноста за која зборува авторот... И готово. Почнуваме да ја посакуваме таа играчка и од комплетно среќни без ништо, стануваме комплетно несреќни и плачеме ко будали се додека не ја добиеме играчката... Човек станува роб на тие желби, а некој останува роб до крајот на животот. Како што растеме, не се менува ништо, само што се менуваат играчките и повеќе не ги бараме играчките од мама и тато, туку се стекнуваме со способност да ги заработиме... Оригинал фудбал, па мобилен, веспа, кола, најјаката пичка, богатство, моќ... Некои луѓе цел живот се робови на детската желба да се поседува се и се касапат цел живот, не сфаќајќи дека за да бидат среќни не им се неопходни тие материјалности, не им е неопходно ништо.
Потоа, авторот прави некоја синтеза на претходните 2 размисли, но овој пат не зборувајќи за високо/ниско, долго/кратко, туку за материјално/духовно, и за работата која овие два поими ја претставуваат. За таа работа стварно неам збор...
На крај, зборува за моќта на живеењето во сегашниот миг, за која немам како да кажам... Најдобро е опишано во бестселерот Подарок.
receno od clenot "____________"