Евреите велат дека најдобро работат дуќаните кои имаат голем профит а малку ќар. Нека влегува Рашфорд 10 пати во шанса па нека даде еден гол, и тоа е подобро од ситуациите кога не влегува никој во шанса. Изгледа сите добивте колективна амнезија како играше Јуанјтед кога Рашфорд беше повреден и не играше неколку месеци. На гол не можеа да шутнат.
Зошто никој не го критикува Бруно што троши еден куп топки? Фернадез е најголемиот потрошувач на топки во Јунајтед, и често едноставно прави глупост со потегот. Никој не го критикува, затоа што на 10 неуспешни обиди ќе протне една успешна асистенција. А Рашфорд морал да биде 100%.
Супер.
Само што Манчестер не е дуќан. И нам како навивачи ни се битни трофеите, не ќарот на газдите.
И мојот став е дека Маркус мора да поработи на тимската игра и да си го подотера финишингот.
И да не биде толку лежерен во ситуација кога ја губи топката и не се залага да помага дефанзивно. Оти очигледно не е ни Меси ни Роналдо да има толкава слобода. Никаде не спомнав да се продава или да не игра.
Колку за илустрација, да го земеме за пример Кавани - на 35 години трча и се враќа во своја половина кога губи топка. Или Гринвуд нпр. вчера 2-3 пати го приметив како се враќа назад по изгубена топка, а патем и му успеа да одземе неколку топки.
On an unrelated note - за одбраната сум без зборови. Ај тие суртуците Линделеф и Мегваер се такви какви што се, немаат оправдување, ама Де Хеа ептен ме разочара. Што му е, што не му е не знам, ама веќе две сезони игра многу, многу под своето ниво. Сношти, првиот (или беше вториот?) гол директно падна по негова грешка, па и 3. (индиректно) беше негова кривда.
А од олето имам кренато раце. Ако му донесат нов бек, десно крило/дмф и замена за Погба (ако го шутнат) може ќе успее да му падне секирата в мед, ако не ќе се моткаме и следната сезона до кај 25.-30. коло околу 2.-3. место со по некое изгубено полуфинале и тоа ќе биде врвот. Титула од него не очекувам. Исто така не очекувам дека ќе стигнат до финале и во ЛЕ.