Конфликтот во Сирија

Kaiser

Hidden Fortress
Член од
6 мај 2011
Мислења
3.202
Поени од реакции
2.443
@Goldie, @kaiser soze, фала за исцрпните одговори, ја направија темата поинтересна и секако поинформативна .

Мал апдејт на моменталната состојба.

Се шпекулира дека постои договор за предавање на дел од пограничните области во реонот на Манбиџ вклучувајќи го и самиот град на сириската армија од страна на YPG со медијација на Русија. Ако се покаже точно и ако се вклучени и реоните северно од Манбиџ во правец нај Џараблус практично би им се пресекла можноста на турските единици за пробив кон Рака или за освојување на Манбиџ. Би останала можност за напредок преку Еуфрат кај Џараблус. Колку е тоа логистички можно би требало некој поупатен да објасни.

Останува можноста за турски пробив кај Африн односно Тал Рифат. Деловите личат изолирани и ако се постигне договор за Манбиџ би можеле да влезат во истата шема на заштита од страна на сириската војска под патронат на Русија.

Јасно е дека YPG процениле дека не се во состојба догорочно да спречат турска инвазија и дека предавање на власта на одредени области на сириската војска е помало зло отколку турска инвазија но исто така значи и дека американската влада не била во состојба да гарантира прекин на турските воени дејства во правец на Манбиџ.

Во областа Синџар се случија судири помеѓу YBS поврзана со ПКК и Ројава пешмергите под патронат на КРГ. YBS тврдат дека се таму да ги штитат Јазидите додека претставник на КРГ тврди дека ПКК треба да се повлече од Синџар.

Непознаница ќе бидат следните чекори на турската армија коишто секако добро ќе ја анализираат состојбата и ќе се обидат да извадат максимум за турските интереси. Америка од друга страна балансира помеѓу YPG и Турција што е прилично тешка задача со оглед на отвореното непријателство помеѓу двете страни.

Единствена сигурна константа е дека Даеш полека но сигурно се движи кон пораз но постои опасност за тивка герилска војна или повремени субверзивни дејства ако не се тргнат трајно причините за неговото појавување и неговите спонзори не престанат да ги финансират..
 

Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
5.704
Поени од реакции
22.110
Имаат сеуште опција да нападнат Северно од Манбиј ама наводно таму Американците имале свои војници така да Ердоган го ставаат во незгодна ситуација :D

Инаку имаше и слични разговори во Африн, за остапување на Менагх и Тал Рифат и се др Источно до Ал Баб на Сиријската војска и од почеток беше потврдено дека е договорено па дури и испаднаа слики со локалните преставници таму па после демантираа. Веројатно ако тргнат Турците натаму ќе се случи истото сценарио
Доцкан е енос за тава што би рекле струмичани. Султанот тргна со ниет да ги осваја "турските" Мосул и Алепо, за на крај втората најбројна армија во НАТО да заврши со срамно тримесечно војување во 60-илјадниот Ал Баб каде што една болница и тоа надвор од градот ја завземаа и губеа 3-4 пати а имаа и воздушна поддршка и турски тенкови и курчеви карики. Бркле од најблаг гледан агол извади реми и одбранбен ѕид од конфликтов, а ако Асад изигра дипломатски и им фрли коска на Курдите, мечката уште повеќе ќе игра во негов двор. Дијабакир може да стане за него тоа што е Идлиб сега за Асад. Ако се продолжат работите со ова темпо само две работи можат да сменат нешто: интервенција на САД/НАТО врз Асад и/или да се изглупираат Курдите и Асад меѓу себе. Ако не се случи тоа епилогот на крај од целиот конфликт би требало да изгледа вака:

-Саудиска Арабија, Катар и комшилук. Најголеми губитници од секој аспект: финансиски, курбан човечки ресурси, влијание врз сунитскиот дел од сиријците, буквално се. Нити ИСИС нити умерените ИСИС не им успеаа како проект а имаат и плус камата: хутите од Јемен буквално им влагаат во двор и ги ебаваат квалитетно и покрај тоа што слично како и турците во Ал-Баб гнасиве имаат еден од најголемите воени буџети во светот современи оружја и тракатанци. Египет од стратешки партнер почна да им игра топло-ладно, цел исламски свет почнува да се дистанцира од нив, пример Мароко (еј Мароко) забранува бурки и смртна казна на атеисти, конвертити и други вахабистички пракси, главните им купувачи на нафта или се префрлаат на алтернативни енергенси или одат кај други нафташи се поголем пресинг се врши врз нив поради човечки права, спонзориран тероризам како и врз земјите кои им продаваат оружје. 3 години имаат буџетски дефицит од тешки милјарди долари и за прв пат размислуваат за даноци и продажба на дел од државната Арамко, иначе највредната компанија во светот (пред Епл, Гугл, Мугл). Скратена евентуалнта енергенсна оска југ север, Ердоган договара гасовод со Русите.

-САД. Втор најголем лузер. После дивеењето и замавот како резулат на распадот на СССР преку воените интервенции во Ирак, Косово, Афганистан, Либија, арапски пролети и слично, Сирија ќе им остане каменот на сопнување. Инвестицијата во т.н. умерена опозиција е пропадната сосе пари и луѓе кои или се изгинати или собраа парталите и обуките и се префрлија или во ИСИС или во Ал Нусра или во Ахрар ал Шам, Џаиш ал Ислам и сл. нешто што и самите америкаци го признаа. Буквално никој не ги ебава 2%, Путин си организира митинзи во Астана, Мастана каде што се присуситни сите страни плус Турција плус Иран, плус сите освен САД. Не се ни поканети. Тотално се аут оф д пикчр. Единствената можност за било какво влијание таму им е преку Курдите затоа сега и ги финансираат и вооружуваат затоа што знаат дека на крајот ќе останат само они и Асад. Наплатата ќе дојде покасно каде на Курдски грб ќе се инсталира разузнавачка мрежа и евентуално како џокер карта за буцкање на етничка карта и малцински права нешто слично како со албанците на Косово ако тоа им оди во прилог. Немоќта да издејствува поволен за себе исход им се дуплира и преку губењето на стратешки партнери. Бркото им игра топло-ладно, има незадоволство кај некои НАТО членки да вклучуваат свои сили за Американците да го злоупотребуваат тоа и да си играат на курот како ќе им текне, Алжир е заинтересиран за руска воена опрема, Сиси прави воени вежби со Русија, либиската национална армија бара помош од Русија за борба со тероритстите итн...

-Турција. Како што пишав погоре султанот се сведе од позиција-Асад мора да падне, до позиција на аман прави што сакаш само Курдите да не се. Син му си ќари од нафтата дебели суми, он на почетокот фати нешто од замавот на туркмените, ИСИС и џихадистите, мислеше дека на крајот ќе си има вазали и ќе биде Турција до Дамаска, за на крајот да гради ѕид од страв и посрамотување во Ал Баб. Во местата со доминантно Курди во Турција врие, дополнитено тек че да има проблеми после апсењето на Демирташ и упадот врз ХДП. Бонус компликација му е што и САД и Русија сакаат да ги играат курдите, а и моментот дека на Путин секогаш посигурен пик ќе му биде Асад пред него така што како и да се сврти гзот позади ќе му биде. Потпишан договор за гасовод, разгледување за купување на противракетен систем од Русите. Изнудено или не, си седна кај Путин во скут. Најблаго кажано пата-пата, со навлечени болести кои тек ќе метастазираат.

-Асад. Од отпишан до воскреснат со помош на Русија. Моментално ги држи 5 од 5-те најголеми градови во Сирија, го доби Алепо ги чисти џебовите еден по еден. Иако гзот негов доживотно ќе му припадне на Путин и ќе треба на Курдите да им даде некој посочен залак, на крај сепак преживеа удар од САД+Арабски Полуостров+Турција. Дали за мир у кучи на долги стази Русите предвремено ќе го пензионираат преку некои си избори со цел поголема демократизација на државата за да не дојдат некои нови муџи да пукаат останува на времето. За сега извади максимум што некој во негова позиција можеше да извади, ама скапа цена, државата е срозана.

-Курди. Го издржаа Кобане кога ИСИС беше најјак. Со америчка воздухопловна помош ама го издржаа. Којзнае бркото колку се радувал кога на моменти се чинеше дека е готово и дека ќе падне Кобане. Се покажаа невидено жилави, храбри и моќни во битките. Машинерија во движење. Ги собраа симпатиите од светот, многу странци одбраа да се приклучат на Курдите како најдобар избор во битката со ИСИС. Сите тие американци, англичани, австралијанции ги сметаа Курдите за најнормални во целото тоа лудило. Русите им се удвараат и му вршат пресинг на Асад да ги вклучи во новото уредување, отвараат конзулат со нив, ги викаат на состаноците и кога Турците се љутат, ги вооружуваат. Американците исто ама мора да балансираат со Турција повеќе. Држат огромна територија северно од Еуфрат и без нив тешко дека во иднина ќе се затвори сириското прашање. Добија многу и територијално и финансиски и вооружено и дипломатски. Моментално како Тито на времето. Лапај си од две цицки само за да не се љути едната само. Се што не треба да направат е да не заебат со Асад на крај кога ќе останат само они двајца во ОК коралот. И да не се приклонат ексклузивно само на една страна.

-Иран. Шиитската оска исток-запад и Иран на три морета (Касписко ќе го туриме тука солено е) за Иран е реалност. Од средоземног мора до Техерана биче земља Ирана. Пресечена е оската север-југ на смртниот им непријател Саудиска Арабија. Добро шминкав малце ради филмски ефект ама Иран дефинитвно победува во војната на влијание на блискиот исток по шиитска карта. Либан е најинтересен случај, третина се христијани, третина шиити, третина сунити арно ама шиитско-христијанското другарување е многу посилно затоа што христијаните се свесни дека сунитите глобално гледано се секогаш поголеми гомна. Во Хезболах на пример има и христијани, во Ал Каеда, Ахрар ал Шам, ИСИС нема. Подигањето на санкциите им овозможи да лапнат од колачот на саудијците и за наша среќа а на несреќа на ријадските вахабисти да ја држат цената на нафтата на релативно ниско ниво веќе некое време. Лека полека им се удвараат и некои европски земји, со Русите традиционално и генерално стојат супер. На саудијците им го бапнаа и преку Јемен, та сега од финансирање на екстремисти низ белиот свет, гнасите дојдоа до позиција да имаат изгубени територии во своја држава од армија далеку понепривилигирана од нив. Така што второто место им припаѓа нив, Иран. Од гледан аспект на нас нормалните секое јакнење на Иран во однос на КСА е одлично, Иран иако се далеку од сјајни се светлосни години помало од двете зла. Во Иран има и цркви и синагоги како и останата некоја жичка од персиската традиција, култура, образование и цивилизираност, општеството е се послободно ако те видат без шамија ќе те предупредат само низ прсти. Е сега педери, лезбејки атеисти итн се уште во опасност, но самиот народ е далеку поцивилизиран од гнасите на арапскиот полуостров.

-Русија. Најголемиот победник во сирискиот конфликт.
*Целата стара залиха на оружје од СССР си ја истрошија
*Си тестираа нови оружја и технологии, тактики, стратегии, си играа Ејџ оф Емпајрс симулација и што е многу важно со
*Минимална загуба на руски граѓани се одеше преку армијата на Асад и соработниците
*Јакнење на сфера на влијание кај соработниците, стекнување нови и истиснување на американското, фрлена ракавица за Америка. Со Сиси воени желби и соработка, Алжир сака да им купи авиони, Либија ги бара за помош, дури има и шпекулации дека саудијците отвориле ќесето со миљарди да им го испушат само ако се откажат од поддршката на Асад. Соработка со курдите, органзизирање на мировни средби на свој терен (Казахстан) за разлика од порано каде што конфликти од ваков тип секогаш беа на западноевропско или американско тло. Улогата на САД е драстично помала од порано во регионот.
*Го одалечија Ердоган од американците, потпишан руски тек, разгледување за купување на руски противракетен штит, менување на став за Асад за 180 степени, директно инфилтрирање во членка на НАТО втора по армија. Се се смени после паднатиот авион и санкциите што следеа. Откога дојде примирјето бркото веќе не беш тој курназ. Како се го платил ердо тој дил допрва гледаме и ќе гледаме.

Сега останува да чекаме и ако се биде како што треба за некој година да си ќариме багателни аранжмани во Бурџ Ислам :D.
 
Последно уредено:

VOLK2234

еврофоб и хомоскептик
Член од
16 септември 2008
Мислења
5.517
Поени од реакции
4.387
За првпат во историјата, САД го поддржа Хезболах!
Американците и Русите работат заедно!

(ако дојде Трамп, ништо нема да се смени) ;)

Hezbollah, Russia and the U.S. help Syria retake Palmyra
 

Казаки

Атаманот - Army of Christ
Член од
2 септември 2011
Мислења
1.526
Поени од реакции
1.967
За првпат во историјата, САД го поддржа Хезболах!
Американците и Русите работат заедно!

(ако дојде Трамп, ништо нема да се смени) ;)

Hezbollah, Russia and the U.S. help Syria retake Palmyra



Русија од САД први пут добила координате положаја ДАЕШ-а

Русија је од САД добила координате позиција терористичке организације ДАЕШ у близини града Баба у сиријској провинцији Алеп, након чега је руска авијација у сарадњи са међународном коалицијом предвођеном САД извршила ваздушне нападе, саопштило је руско Министарство одбране.

У бомбардовању су поред два руска авиона учествовали и два авиона међународне коалиције, а гађани су објекти који припадају терористима.

Агенција АП наводи да уколико ову тврдњу потврди званични Вашингтон, ова мисија представљаће прву координисану акцију Русија и коалиције на челу са САД против ДАЕШ-а.

Министарство је навело да је том приликом уништено неколико складишта муниције и војне технике, као и депоа са горивом, а оцењено је да је сарадња са међународном коалицијом дала изузетно ефикасне резултате.

Истовремено, Русија је у сарадњи са Турском у два наврата реализовала заједничку операцију бомбардовања терориста, такође у близини Баба. У првој тури, 18. јануара, уништено је 36 циљева терориста, док су у јучерашњој операцији уништена додатна 22 објекта. Укупно је учествовало по 12 авиона руске и турске авијације.

Претходно је саопштено да је руска авијација бомбардовала и положаје ДАЕШ-а у провинцији Дејр ел Зор.

https://rs.sputniknews.com/rusija/201701231109742723-rusija-dobila-od-sad-koordinate-polozaja-daesa/
 
Член од
1 февруари 2005
Мислења
1.277
Поени од реакции
1.755
Сириската армија напредува многу брзо во област Алепо, веќе има излез на реката Еуфрат.



Исто така и Курдите предаваат територии на Асад област Манбиџ, планот за голем курдистан одамна не е актуелен, двете курдски територии се пресечени со турска војска/40-100км/, претпочитаат Манбиџ да е на Асад отколку Ердоган да ги ослободува, по принцип во тој реон нема Курди, дојдоа ги исчистија од ИСИС и сега да си се вратат од другата страна на Еуфрат.
Се повеќе се збори иза газдата на ИСИС евреинот Шимон Елиот познат уште како АлБагдади.
http://x-true.info/52677-izrailskie-i-egipetskie-smi-podtverzhdayut-vo-glave-igil-stoit-evrey-shimon-elliot.html

Тоа е убавецот на МОСАД основачот на ИСИС, основна цел на НСР, ослабување на арапските страни, бегалци за исламизирање на Европа, цел набор од војни и хаос додека на престолот не дојде мошијахот. Но плановите не се одвиваат така како што сакаа, како што кажуваат: Определено време може да ги заблудиш сите, еден дел може за секогаш да ги лажеш, но не можеш сите да ги лажеш засекогаш.
 
B

Bafra

Гостин
Но плановите не се одвиваат така како што сакаа, како што кажуваат: Определено време може да ги заблудиш сите, еден дел може за секогаш да ги лажеш, но не можеш сите да ги лажеш засекогаш.
Ти во кои се ставаш ???

А што ќе кажеш за заедничкото делување на САД и РУСИЈА во заштита на Курдите : http://www.telegraph.co.uk/news/2017/03/06/us-russian-troops-patrol-neighboring-villages-syria/

Турција оваа година треба да враќа 100 МИЛИЈАРДИ долари долг од вкупно ц.ц. 400. Баш ќе биде интересно
 
Член од
1 февруари 2005
Мислења
1.277
Поени од реакции
1.755
Ти во кои се ставаш ???

А што ќе кажеш за заедничкото делување на САД и РУСИЈА во заштита на Курдите : http://www.telegraph.co.uk/news/2017/03/06/us-russian-troops-patrol-neighboring-villages-syria/
Турција оваа година треба да враќа 100 МИЛИЈАРДИ долари долг од вкупно ц.ц. 400. Баш ќе биде интересно
Трамп вистински се бори против ИСИС, за разлика од Обонго, бабата, сенатор Мек Кејн кој како дел од НСР учествуваа во создавањето на ИСИС. Ситни нормални геополитички игри секогаш имало и ќе има, идејата е кој да ја ослободи Сирија, Курдите се нешто како циганите или Косово. Сојузници на САД засега се умерената опозиција и курдите, но Турска е против тоа, Русија е со Асад, делумно со курдите и со Ердоган и е за унитарна Сирија со нормални права за Курдите, нешто како пред војната. Ердоган е против курдска автономија или држава и евентуално турско влијание во ИДЛИБ кај што живеат турци. САД незнам што планираат, од една страна Турска е член на НАТО, од друга после пучот Турска се сврте на исток и е само формално член на НАТО, така да Трамп гледа колку може повеќе да соработува со курдите, особено Рака, иако во Рака не живеат курди, така да не гледам како САД и курдите ќе ја ослободат, но сепак пробуваат нешо во тип нови коалиции курди со сунити, но нема перспектива во тоа, не се дечиња да ги лажеш, особено курдите немаат интерес да гинат за територија што нема да е нивна и таму не живеат курди /Рака/

Колку до долгот на Турска, парите несе мали, но рољата на Турска во НСР беше силна армија, производство и експорт во ЕУ, после тоа планот беше ликвидирање на Турска /Таксим и пучот од странана НСР/. После неуспешниот пуч, Ердоган е против ЕУ, ја консолидира армијата, производството е исто, така да негледам проблем со долгот, освен поради војната губи во туризмот, но има убедливи аргументи против евросодомите, во смисол ембарго и слично од страна на ЕУ кон Турска не е можно, поточно тоа се два милиона аргументи под формата на сириски бегалци, а малку дигнат глас за санкции и слично ова еврогејовите, Ердоган им кажува дека ќе им пушти многу бегалци, така да и ЕУ од уценувач стана уценет, мора да увезува турски производи колку што треба или...
 
G

Goldie

Гостин
Dajte izvestuvanja za periodov
Турција со Курдите моментално ја смирија “топката“ и е тивко а Сиријската војска ептен се доближи до Деир Хафир и само прашање на време е кога ќе го освојат.
Друго Ал Ваер џебот близу Хомс го прифати договорот за предавње на територијата, а милитантите од таму со нивните фамилии ќе одат дел во Јараблус дел во Идлиб

Слика на денот од Ваер, милитант и полицаец од Руската воена полиција разменуваат погледи :D

C7PclppU8AAws6-.jpg
 
Последно уредено од модератор:

Toma

Корона стронг
Член од
22 април 2014
Мислења
4.077
Поени од реакции
3.234
Преживеаните за бруталното бомбардирање на Мосул: „Ова не беше ослободување туку уништување“
http://www.mkd.mk/svet/vesti/prezhiveanite-za-brutalnoto-bombardiranje-na-mosul-ova-ne-beshe-osloboduvanje-tuku

кај се сега медиумите да трубат како диктаторскиот режим на западот убивал цивили, додека Русите помагаа за Алепо, не престанаа да квичат како се убивале цивили.
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
9.979
Поени од реакции
14.756
Најбитно е што САД ја менуваат реториката...па така од поранешните изјави-``Асад да се тргне без оглед на цената``...сега излегоа со девизата-`` судбината на Асад е во рацете на сириците, и тие треба да ја одредат``.

Голем заокрет во светската геополитика
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.663
Поени од реакции
38.846
одеднаш Сирија не е повеќе центар на вниманието во светот, толку од конфликтов, штом западњаците и нивните медиуми не се ангажираат повеќе да ги демонизираат русите и асад, војнава до крајов на годинава и била дотерана до крај, и ќе им дадат некој рамковен на терористиве и тоа ќе биде тоа.
 

karan

бивш поет, плукач, вљубеник во слободата
Член од
31 мај 2006
Мислења
3.595
Поени од реакции
2.719
одеднаш Сирија не е повеќе центар на вниманието во светот, толку од конфликтов, штом западњаците и нивните медиуми не се ангажираат повеќе да ги демонизираат русите и асад, војнава до крајов на годинава и била дотерана до крај, и ќе им дадат некој рамковен на терористиве и тоа ќе биде тоа.
Дури и ваквите вести почнаа да излегуваат со "чудни" наслови.)

White House blames Barack Obama for Syria 'chemical weapons' attack
 

Kajgana Shop

На врв Bottom