Конфликтот во Сирија

K

kaiser soze

Гостин
А богами има многу што да се пишува.Од сите страни ИСИС сардисани, најдобар опис е тој.
Ал-Баб веќе е освоен од страна на турската армија и бунтовниците кои тие ги поддржуваат, јужно од нив САА ги зема под контрола териториите од ИСИС, па денес веќе има судири со протурските бунтовници.Исто, сириските сили напредуваат кон исток, па се десетина километри оддалечени од деловите кои се под контрола на СДФ.
Истовремено, САА и силите кои тие ги поддржуваат, се приближуваат кон Палмира, веќе ги завзедоа повеќето нафтени и гасни полиња во околината.
Во меѓувреме пак, СДФ ги напаѓа источно од Рака, па така патот кон Деир ез-Зор е тукуречи пресечен.Деновиве има и пожестоки воздушни напади од САД и коалицијата во Рака, како и околу Палмира, како еден вид поддршка за САА.
Исто така, ирачката воена авијација изврши воздушен напад во Абу Кемал, град во Сирија на самата граница со Ирак, нешто што е вистински раритет.
Што се однесува до Мосул, и тука се случува колапс на ИСИС, кои што очајно се обидуваат да го одбранат градот.Аеродромот веќе е освоен од армијата, навлезени и освоени се и неколку квартали во западен Мосул, а и Хашд ал-Шаби напредуваат кај Тел Афар.Сепак, пожестоките борби во Мосул допрва следуваат.
Сума сумарум, ИСИС веќе го губи тлото под нозете.Приливот на борци значително е паднат, територијата знатно намалена, а со тоа и ресурсите кои беа под нивна контрола, со што финансиски се речиси крахирани.Растргнати се на повеќе фронтови, речиси секаде губат многу борци, не така мал дел и дезертираат.Падна веќе митот за ИСИС, психолошката војна веќе ја изгубија, така што евидентен е воениот пораз на озогласената група.
 
Сладоледџија

Ванила & Чоколадо
Член од
8 декември 2009
Мислења
14.458
Поени од реакции
11.914
Epa dojde tramp i odma isis krahira toa e normalno pederskata familija klinton so crnecot obama dodeka bea na vlast isis cvetase
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
9.906
Поени од реакции
14.598
Русија и Кина ставија вето на предлог резолуцијата за санкции кон Сирија
28 ФЕВРУАРИ
Русија и Кина денеска ставија вето на Предлог-резолуцијата на Советот за безбедност на Обединети нации за воведување на санкции против Сирија, поради наводна употреба на хемиско оружје.

Тоа е седми пат Москва да го искористи правото на вето со цел да го заштити својот сојузник Сирија, а Кина тоа го направи шести пат.

Русија истакна дека прифаќањето за резолуцијата, која е на предлог на Франција, Велика Британија и САД, би ги загрозила преговорите за Сирија под патронат на ОН, што почнаа минатата недела.

„За“ резолуцијата гласаа девет земји членки на СБ. Боливија, заедно со Русија и Кина, гласаше „против“, додека Етиопија, Египет и Казахстан беа „воздржани“.

За да биде усвоена резолуцијата потребни се најмалку девет гласови, но и вето да не стави некоја од постојаните земји членки на Советот за безбедност – САД, Франција, Русија, Велика Британија и Кина.

Shpërndaj me

alsat M
 
K

kaiser soze

Гостин
Epa dojde tramp i odma isis krahira toa e normalno pederskata familija klinton so crnecot obama dodeka bea na vlast isis cvetase
За волја на вистината, токму во минатиот период ИСИС изгуби најзначаен дел од својата територија, од Манбиџ па се до Мосул во Ирак, а кога ги губиш ресурсите ја губиш и моќта.Така што ова е само точка на вриење.
Администрацијата на Трамп, се уште го нема изработено планот за борбата против ИСИС, кој се очекува да биде готов деновиве.Така да, ова што ти го изнесуваш, апсолутно не држи вода.
 
Kaiser

Hidden Fortress
Член од
6 мај 2011
Мислења
3.202
Поени од реакции
2.443
За волја на вистината, токму во минатиот период ИСИС изгуби најзначаен дел од својата територија, од Манбиџ па се до Мосул во Ирак, а кога ги губиш ресурсите ја губиш и моќта.Така што ова е само точка на вриење.
Администрацијата на Трамп, се уште го нема изработено планот за борбата против ИСИС, кој се очекува да биде готов деновиве.Така да, ова што ти го изнесуваш, апсолутно не држи вода.
Точно е ова, Даеш почна да губи територии многу пред Трамп.

Би те замолил за мислење за состојбата во регионот бидејќи кај нас е слабо објаснета а и по странски медиуми има многу малку информации.

1. Каква е состојбата помеѓу САА и СДФ/YPG? Што со прилично големиот регион во Сирија под власт на СДФ односно курдска управа? Независна држава е тешко веројатна (Сирија и Турција се сигурно против) но дали е федерација реална опција или е за Курдите прифатлива и автномија? Можен ли е конфликт во иднина помеѓу САА и ЈПГ за превласт во областите под курдска управа?

2. Какви се односите помеѓу Ирачки Курдистан и Курдите во Сирија? Едните се во пријателски односи со Турција додека другите непријателски? Барзани е турски пријател но каква е состојбата кај населението во оснос на Турција? И кај нив ли има поделба по партиска линија?
 
G

Goldie

Не е скроз точно, зошто кој ја прати ситуацијава ќе забележи дека бројот на воздушни напади со авиони и дронови значително се зголеми откако дојде Трамп.

Порано ретко се гледаа воздушни удари против ИСИС во региони каде што САА се бори со нив, сега веќе ги има + во Идлиб само последниве 3-4 месеци се убиени 6-7 водачи на нај екстремните групи со дронови.

Инаку не ме праша мене ама мое мислење за 1) максимум што ќе добијат Курдите во Сирија е автономија, добар дел од тие територии што ги држат СДФ моментално се градови и села со луѓе кои имаат арапско потекло е се поблиски со сегашната власт и секако да не заборавиме дека сеуште има голем број на добро обучени војници во Камишло и Хасака кои се лојални на државата. Соработката дефинитивно е на ниво погоре во последните месеци, очигледно Русија си ја врши добро работата тука.

Пред 1 месец преку Хасака се изврши префрлување на војници во Деир Езор, сега со поврзувањето на двата дела на Курдите во Сирија преку територија на САА уште толку ќе се зајакне трговијата помеѓу Курдите и Асад. Конфликт е можен но мислам дека е паметно за двете страни да го избегнат, оти имаат поголеми непријатели (Турција, Фса и Исис).

Што се однесува до Мосул Исис трпи огромни загуби таму, според мене до 10-15 овој месец градот комплетно ќе биде ослободен. И што е најважно Ирачката војска денеска потполно го опколи Мосул, така да нема кај да бегаат приврзаниците на Исис што останале во градот.

1.jpg
 
Последно уредено од модератор:
K

kaiser soze

Гостин
Точно е ова, Даеш почна да губи територии многу пред Трамп.

Би те замолил за мислење за состојбата во регионот бидејќи кај нас е слабо објаснета а и по странски медиуми има многу малку информации.

1. Каква е состојбата помеѓу САА и СДФ/YPG? Што со прилично големиот регион во Сирија под власт на СДФ односно курдска управа? Независна држава е тешко веројатна (Сирија и Турција се сигурно против) но дали е федерација реална опција или е за Курдите прифатлива и автномија? Можен ли е конфликт во иднина помеѓу САА и ЈПГ за превласт во областите под курдска управа?

2. Какви се односите помеѓу Ирачки Курдистан и Курдите во Сирија? Едните се во пријателски односи со Турција додека другите непријателски? Барзани е турски пријател но каква е состојбата кај населението во оснос на Турција? И кај нив ли има поделба по партиска линија?
1.Кога започна конфликтот во Сирија, САА и администрацијата се повлекоа од реоните населени со курди, освен од Камишло и Хасака, и имаа меѓусебен договор за ненапаѓање.Тоа им одеше во прилог и на двете страни, бидејќи еветнтуална борба меѓусебе, можеби ќе значеше и пораз од исламистите во дел од битките.Значи, управувањето им беше оставено на ПЈД, односно сириското крило на ПКК.
Во меѓувреме се случија неколку меѓусебни борби, особено поголема таа во Хасака, која заврши со победа на ЈПГ, при што резултираше со помирување под посредство на Русија.ЈПГ го држи под контрола квартот Шеик Максуд во Алепо, обиколен од САА, но до моментов ним им е оставено управувањето, иако имаше закани од САА за превземање.

Желбата за спојување на кантоните беше осуетена од Турција, која влезе во Сирија не толку да се бори против ИСИС(Кои им беа на граница и флертуваа со нив две години), колку што целта им беше да се спротивстават на курдските апетити, макар што во борбите за ал-Баб, Џараблус, користеа групи идеолошки блиски со ИСИС.Деновиве гласни се најавите од турски официјални лица, за продолжување на операцијата во Сирија, со офанзива кон Манбиџ и понатаму Рака.

Што се однесува до иднината на регионот, мислам оти во блиска иднина независност не е на повидок, туку еден вид кантонално или федерално уредување.За жал, после притисоците од Турција, ПЈД/СДФ/ЈПГ не се вклучени во преговорите во Женева, иако се сериозен и одлучувачки фактор, па така на нивно место се наоѓаат други помали курдски политички групации и сојузи.
Русија веќе излезе со предлози, еден од нив е називот "арапска" да биде тргнат од официјалното име на државата, како и арапскиот и курдскиот да бидат двата официјални јазици.

2.Во однос на релациите со ирачките курди, партијата на Барзани е во затегнати односи со ПЈД/ЈПГ, и тоа не датира од сега, туку од поодамна.Имено, во минатото имаше и вооружени судири меѓу ПКК и Пешмергата контролирана од КДП.Борбата за контрола на курдското општество во реоните населени со курди во околните држави, е токму помеѓу овие две партии.Исто така, КРГ овие години обучуваше борци кои потекнуваат од курдските региони во Сирија, а бројат околку седум илјади, и ги вклучи во редовите на Пешмергата.Идејата е овие сили, кои се под контрола на КДПС и КДП, да бидат испратени назад во Сирија, и да бидат вклучени во редовите на СДФ како самостоен субјект.Преговори меѓу ПЈД и КДП, со медијација на САД се одвиваат периодов.КДПС е партија под патронат на КДП во Сирија, а и многу нејзини членови беа апсени заради ривалството со ПЈД.
Што се однесува до другите две пголеми партии во КРГ, ПУК и ГОРАН(Промена), тие имаат братски и блиски односи со ПЈД/ЈПГ.

Баш денес Барзани се врати од посетата во Турција, каде што имаше средби со турските челници, како и со дел од курдските политичари од ХДП.Релациите со Ердоган се добри, економската соработка е на највиско ниво, а периодов се гледа и политичка поддршка од страна на Турција за независноста на ирачки Курдистан.На дочекот на аеродромот, се вееше и знамето на Курдистан, што предизивика негативна реакција во дел од медиумите и политичките партии, особено МХП.
Во тој дел доста се смени курсот на Турција, која во минатото важеше за противник на идејата за независност, а сега се гледа како поддржувач, за разлика од Иран на пример.
ПУК и ГОРАН, од своја страна пак, се сметаат за поблиски со Иран, иако не е толку многу тоа изразено.Генерално, КРГ балансира во односите, така што има одлични односи како со САД, така и со Русија, а исто и со западните држави.Мислам оти, на сите веќе им станува јасно дека Ирак е пропаднат проект, така што независен Курдистан е логичен след на настаните.
Народот не е поделен по таа линија, нема ни омраза кон нив, единствено по однос на курдското прашање и држава речиси сите се патриотски настроени и единствени.Од таму и датира фанатичната борбеност што ја видоа сите изминатиов период, со цел да се зачува она што е свое, без да се цели кон туѓото.
Се согласувам и за медиумскиот мрак, а тоа особено важи за регионите во Турција, каде што се водеа жестоки борби помеѓу ПКК и турската армија, цели градови и села беа уништени, а тоа не беше медиумски покриено.РТ, Вајс Њуз, Дојче Веле, беа меѓу ретките кои покриваа, но за жал нивни новинари и сниматели беа или апсени, или протерувани од државата.[DOUBLEPOST=1488324486][/DOUBLEPOST]
Не е скроз точно, зошто кој ја прати ситуацијава ќе забележи дека бројот на воздушни напади со авиони и дронови значително се зголеми откако дојде Трамп.

Порано ретко се гледаа воздушни удари против ИСИС во региони каде што САА се бори со нив, сега веќе ги има + во Идлиб само последниве 3-4 месеци се убиени 6-7 водачи на нај екстремните групи со дронови.
Што се однесува до Мосул Исис трпи огромни загуби таму, според мене до 10-15 овој месец градот комплетно ќе биде ослободен. И што е најважно Ирачката војска денеска потполно го опколи Мосул, така да нема кај да бегаат приврзаниците на Исис што останале во градот.

Прегледај го приврзокот 165671
И ова е половично точно, судејќи според дневните извештаи што ги презентира CJTF-OIR.Генерално бројката е тука некаде, со тоа што во моментов се одвиваат две исклучително важни битки, таа во Мосул, и онаа околу Рака.
Додека за нападите во региони под контрола на САА, особено Идлиб беше цел на американски напади и во минатото, кога лица од висок профил како Ахмед Салама Мабрук и Рифај Ахмед Таха беа убивани во напади од американски дронови.
За Мосул и јас бев оптимист, ама од искуство мислам оти тек сега следува онаа правата, жестока битка.Околу шестотини илјади луѓе заглавени во западен Мосул, голем дел од челниците таму, густо населени делови.Ќе има чистење "куќа по куќа", така што нема така брзо да делуваат, макар што верувам оти до крајот на месецот Мосул и Тел Афар ќе бидат ослободени.
 
Последно уредено од модератор:

Сладоледџија

Ванила & Чоколадо
Член од
8 декември 2009
Мислења
14.458
Поени од реакции
11.914
Abe mosul i tel afar ke padnat nego so praime so Raka i De Zor... Ja mislam i do krajov na godinava nema da bidat oslobodeni..
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
9.906
Поени од реакции
14.598
Не е скроз точно, зошто кој ја прати ситуацијава ќе забележи дека бројот на воздушни напади со авиони и дронови значително се зголеми откако дојде Трамп.

Порано ретко се гледаа воздушни удари против ИСИС во региони каде што САА се бори со нив, сега веќе ги има + во Идлиб само последниве 3-4 месеци се убиени 6-7 водачи на нај екстремните групи со дронови.
Што ти е бре.....пред Трамп се гаѓаа само тие кои им сметаа на остварување на целта, непослушни и жртвени јарци кои требаше да страдаат демек еве се УСА се бори против џихадот
 
Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
5.615
Поени од реакции
21.324
Со оглед на брзиот напредок на курдите во регионот северно од Рака каде за недела-две освоија големи територии со минимални битки, брзината со која е опколена Палмира која е прашање на ден ако не и саат кога ќе биде ослободена како и добриот старт на ирачаните во западен Мосул може да се каже дека ИСИС има сериозен проблем со недостаток на човечки ресурси. Очекувам дека ќе ги сконцентрира силите во неколкуте поголеми градови кои се под контрола а кои се од стратешка важност пред се Рака, Табка, Деир Хафир. Тоа им е јасно на сите завојувани страни и сега ќе биде трка кој ќе лапне од тој колач повеќе, што се гледа на пример со тоа што Асад повеќе е свртен према ИСИС за разлика од порано кога беше према џебовите од тн умерена опозиција. Очекувам во претстојниот период САА молњевито да ги освои териториите меѓу езерата Џабул и Асад и релативно брзо да стигнат до Табка минус ангажманот околу Деир Хафир. Не би ме изненадило и ако релативно брзо стигнат до Деир ез Зор. Поразите на ИСИС сега ќе бидат експоненцијални, нешто слично на џихадистите во градот Алепо кога секој следен километар квадратен беше освојуван со поголема брзина од претходниот. Во регионот на Алепо предноста на Асад е тоа што и турците+џихадистите на една страна и курдите на друга го гледаат како помалото од двете меѓусебни зла односно пре би сакале тој да ја контролира територијата отколку другиот. Конфликтот натаму и ќе тече курди-турци+џихадисти со тоа што интересно ќе биде интересно дали турците ќе инволвираат свои луѓе на терен и понатаму или лека полека ќе се повлекуваат да го доизградат ѕидот од Азаз до Џарабулус и да ги пуштат муџите да гинат како пилци. Дека финансиски, логистички и со воена опрема ќе ги поддржуваат и понатаму воопшто не се се сомневам. Асад не верувам дека ќе интервернира тука. Неговата одлука да им дава примирје на џеповите и да ги депортиира сите во Идлиб се покажа како доста паметна од два аспекти-прво секој еден џеб колку и да е мал повлекува голем број војска да се контролира. Десет џеба од 10 километри квадратни се погадни од еден од 100. Второ од Идлиб направи мала бара пуна крокодила и почнаа муџите да се кљокаат меѓу себе. Истото тоа меѓусебно војување му оди во прилог и во Дара каде што ИСИС и Шам војските моментално се требат меѓусебно. На долги патеки очекувам дека еден по еден ќе ги елиминира џебовите преку примирја или бомбардирање додека не остане само Идлиб околу кој ќе се движат финалните битки во целиот конфликт. На крајот сепак најинтересна и најнеизвесна ќе остане релацијата Курди-Асад-Турци и ментори. На Асад не му одговара премногу силно турско влијание, а ниту премногу курдско. Према кого и да има наклоност ќе има проблем со другиот. Курдите се пологичниот избор кој ако се одлучи ќе мора да го плати со некаква автономија или слично, за возврат добива тампон зона меѓу него и турците каде што курдите секогаш ќе бидат на прва линија на отпор. Проблемот е што курдите се единствениот избор и на САД за стабилен партнер на влијание во регионот откако видоа дека муџите се тотално unreliable. Русите знаејќи за тој став а сакајќи да имаат поголемо влијание кај нив од американците вршат пресинг врз Асад за курдското прашање преку разни потези-покани во Москва и дијалози, отворање на конзулат, примирје во Асака, предлог да се додат и курдите во законот и сл. Курдите ја имаат позицијата што ја има на пример ДУИ и албанските партии во моментов. На Иран секако нема да му се допадне ниту руската а уште помалце американската фаворизација на курдите. Баланс мораат да држат и американците кои сакаат и да ги помагаат курдите и да оддржат добри односи со турците кои им се најбитни партнери за блискиот исток и преку НАТО и преку логистиката, Инџирлик итн. Бркото е тотално непредвидлив во односите и со САД и со Русија и не може да му се верува. Во целата ситуација константа и сигурен облог е само турско-курдското непријателство (во Сирија) и иранската поддршка на Асад. На Русија и е битен лидерот на Сирија да е проруски за разлика од Иран каде што битно е и да е шиит како еден вид на поголема врска и гаранција за влијание. Дали сепак ќе биде неизбежен конфликтот Асад-курди е можеби и прашањето кое ќе остане за крај. Во секој случај нам како обични граѓани во прилог ни иде поголема моќ на тие две страни како најсекуларни. Секоја пропаганда што рамковните ни најдобри другари ја фураат преку социјалните мрежи како и преку гомнарот вахабистички Јасмин а која пали кај "прогревните, гласаме за левица, save the world на твитер, граѓански активисти и вегани'' треба да биде разобличена колку што е можно повеќе.
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
9.906
Поени од реакции
14.598
Незнам дали е пренесена веста но Ал Багдади испратил проглас до борците со кој го признава поразот и ги повикува на скривање по планините на Сирија и Ирак
 
Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
5.615
Поени од реакции
21.324
Иии почитувани гледачи каков само добар потег на курдите, она што го зборев вчера за психологијата на помалото од двете зла сега и на дело. Му ги отстапуваат териториите западно од Манбиџ на Асад за да не мора да се тепаат со турците. Сега Ердоган нема основа да оди на исток под правдање дека војува со "терористичката" ПКК и му остануваат 3 опции: директен судир со Асад и Русија, да оди на запад према Ефрин или да се повлече од Сирија, не веднаш, не пред да осигура ѕид и безбедност на границата, со тоа што или ќе ги даде курбан џихадистите или ќе ги пренесе преку граница ќе ги повози малку и ќе ги внесе пак преку Идлибската провинција. Не е ваљда луд да игра со првата опција, втората е поневеројатна но не и тотално невозможна, третата е најверојатна. Во меѓувреме турците се закануваат на САД дека ќе им го блокираат пристапот до Инџирлик поради поддршката на курдите. Сите карти се во полза на Асад и Русите во моментот.
 
Имаат сеуште опција да нападнат Северно од Манбиј ама наводно таму Американците имале свои војници така да Ердоган го ставаат во незгодна ситуација :D

Инаку имаше и слични разговори во Африн, за остапување на Менагх и Тал Рифат и се др Источно до Ал Баб на Сиријската војска и од почеток беше потврдено дека е договорено па дури и испаднаа слики со локалните преставници таму па после демантираа. Веројатно ако тргнат Турците натаму ќе се случи истото сценарио
 
Attachments

  • 394,1 KB Прегледи: 18

Kajgana Shop

На врв Bottom