Не само Ирска туку и Франција има висок наталитет, иако тоа многу се должи на имигранти. И Сад до пред некое време држеше висок наталитет со во просек 2.00 деца но тој е моментално паднат на 1,88 деца.
Имам правено муабет со Иркиња на оваа тема и ми кажа дека во Ирска многу долго немало контрацептеви поради силното влијание на Католичката црква па затоа имале многу деца. Денес во споредба со порано е намален наталитеот но сепак бројката останува висока во споредба со другите Европски земји.
А сепак за Африка да имаат многу деца, но животниот век им е многу пократок во споредба со Европа, Северна Америка, Источна Азија.
А Македонија си е случај сам за себе, не можам да објаснам. И тие што се во добра економска состојба немаат по 2-3 деца, туку по едно преку сила две. Но пак од друга страна живеам со град со големо мнозинство на Македонци, па и овде има парови со доста деца. Како некој бејби-бум. Ама во другите градови сликата е многу тажна, на тој додај го големото иселување. Комплетно демографско фијаско.