Денес на врата најдов едно ливче на врата, захеватно па скинато ни во плик, ништо за прекршок сторен на 22 јуни 2008 година. Зарем овој прекршок не е застарен? Еве што вели решениево:
Министерство за внатрешни, сектор за прекршоци, 17 јули 2009 година, комисијата за прекршоци го донесе следното решение, возачот, државјанин на РМ ОДГОВОРЕН Е затоа што на ден 22 јуни 2008 година паркирал ПМВ на дел од коловозат каде со сообраќаен знак и хоризонтална сигнализаиција е одбележана велосипедска патека, па комисијата изрекува глоба од 45 евра во денарска противредност од 2763 денари прсеметано по среден курс на НБ на РМ на еврото од 61,4 денари, ако глобата не се плати во предвидениот рок ќе се спроведе присилно извршување согласно законот на прекршоците. Правна поука, против ова решение дозволена е тужба до Управен суд, во рок од 8 дена од денот на доставување на одлуката. По извршената уплата, уплатницата образец ПП 50 да се достави до комисијата за прекршоци Охрид. Комисија за прекршоци од 17 јули 2009.
Е сега, имам неколку прашања.
Комисијата ме прогласила за виновен (што несомнено сум, да нема збор тука) 13 месеци по стореното дело. Дали делото е застарено по 12 месеци? Дали сеуште е валидно тоа што после 13 месеци ми изрекле вакво решение? Друга работа јас ова решение го добив денес (пази во недела во 3 поручек) 10 месеци откако е донесено. Како ќе се спроведе присилна наплата кога немам недвижен имот регистриран на мое име? Ајде дајте совети, да ја плаќам казнава или да ја игнорирам како и досега?
Инаку, кога го направив прекршоков (ебате прекршокот, застанав на велосипедска патека) неколку дена покасно отидов до МВР да ја платам казната. Имаше една жена пред мене која исто чекаше во редот и го праша службеникот зошто и стигнала покана за на суд кога веќе пред неколку месеци ја платила казната во дадениот рок? Службеникот многу фино и кажа. госпоѓо, да бидам искрен немаме добра евиденција кој кога платил, па добро е да си ја чувате сметкопотврдата...
Тогаш си реков, епа не плаќам...