Драга Кајгана (виртуелен дневник)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Што убаво пишувале германските медиуми за настапот на Влатко Илиевски на Евровизија, дури сега гледам. Не знаеме да цениме...96376279_552110559074428_5294412361942171648_n.jpg
 
Драга,
Само шо ми изглеа на кафе мојата најдобра другарка ЏПТ белким е точно за иднина. Иначе си седиме со синко си гледаме Беверли Хилс, грицкаме чипс и се прашувам што ли јаделе Бренда и Кели тогаш, коските им се бројат, јадна Бренда толку се бореше со ракот ама изгуби, а и Дилан не е меѓу живите веќе, животов и не е така долг, како што си мисли човек, таман си правиш планови за иднината, денес те има, утре те снема и така.
 
Има посебен круг во пеколот за луѓе кои знаат дека заслужуваш одредена работа, збореле за тоа со другите дека тоа ти следува заради заслугите, АМА чекаат сам да го побараш тоа за да створат “должничко-доверителски” однос као доживотно благодарен, макар и по цена на тоа никогаш да не се случи и тоа нешто да го добие некој сосема трет.
 
Драга ќе ми иди мајка ми на гости за една недела, едвај чекам да си ја гушнам, премногу ми недостига.
Дури сега откако станав мајка сфаќам каква жртва прави една мајка за своето чедо, дури сега и ја разбирам суштината на некои нејзини зборови, секој ден се што искусувам на неа ми текнува и нема ден на глас да не си кажам некои работи.
Сакајте си ги родителите, почитувајте ги и гушкајте ги додека можите.
 
Значи, пред месец дена паѓа муабет сите тројца да идеме негде, на што првата колешка прво предложи, па вика, идете вие сами. Поминува некое време и втората колешка ме прашува кога ќе идеме. Викам дека првата колешка рече дека нема да иде, ама ајде пак да ја прашам. Ја прашувам, повторно одбива и добивам едно „ок“.

Втората колешка ми потврдува преку порака дека ќе идеме, за после 15 минути, откако милион посто ме изоговарале во чат, да ми каже ќе ти кажам ако идеме.

И на крај, првата колешка, која прво предложи сите три да идеме, па после двапати одби, ми кажува дека тие две се договариле да идат негде, секако без мене

Какви кокошки треба да бидете за вакви работи, стварно не ми е јасно. Милион посто беше некој забеган тест ова дали ќе ја поканам сама вторава Абре, арно си знаев јас, цел ден со слушалки на уши, без глупости и замарања.
 
Dear K,

Како ги издоминира социјалните мрежи братот од Nvidia, секоја чест. :pos: Само што и се извини на жена му за афера со кинескиња која наводно била кинески шпион, излезе дека имал и друга афера внатре во компанијата. Сега други мажи на поткасти му се сипаат, како можел CEO на таква компанија да не види Red Flag во првата афера, гледам и им се чудам. Едно е да го критикуваат за вонбрачна афера, тоа го заслужил, ама возрасни мажи да тврдат дека маж на негова позиција требало да види Red Flag во тоа што друга мажена жена, исто така CEO на меѓународна компанија, која ја запознал преку нејзиниот сопруг милијардер... може да биде кинески шпион, е просто неверојатно. Не постои маж со тие пари и моќ кој би отишол толку далеку па да мисли: не е можно женава да гледа нешто во мене, мора да е шпион.

Постои еден деликатен орган кај мажите, кој се римува со зборот тенис. Истиот е способен да го блокира мозокот и да ги изигнорира сите видови на Red Flag, од суптилни до очигледни. Секој од тие мрчатори би паднал на таа жена. Секој.
 
Последно уредено:
К.

Нема поглупа работа од луѓе што целата своја токсичност, дрскост, безобразлук, несреќа, завист и останати негативни особини ја правдаат со тоа "Што да праам, таков/таква многу сум директен/директна". Како бе сте директни само за НЕГАТИВНИТЕ работи да ги кажете/потенцирате на човек, а кога е момент за давање цвеќе, оддавање признание и се останато не постоите??

"па што да праам, многу сум директна и затоа не им чинам на луѓето, се им плескам во фаца"..
НЕ СЕСТРО, ГЛУПА СИ, ЗАТОА НЕ ЧИНИШ
 
Последно уредено:
Можеби некои од вас се сеќаваат, но тука имам пишувано за моето куче Лора, кое ми има помогнато многу во животот за тој краток период во кое беше жива. Во истите тие пишуванки, сигурно на крај сум и ви пишал дека барам стар Сони Ериксон уред или батерија од Сони Ериксон за да го приклучам стариот телефон со неговата мемориска на PC (не работеше, а дефектот беше батеријата) и да се присетам на сликите со кучето, кои имаат големо сентиментално значење, без нив единствени слики од Лора ми беа во спомените, во моите мисли. Го имав пуштено муабетот вака по луѓе, но одамна изгубив надеж дека некој има, па бев спремен да барам поволни телефони некој дали продава по Фб групиве, но и тоа на холд го ставив поради други обврски. И кога најмалку се надевав, само ми праќа еден другар една слика од батерија, бил на бувљак, знаел дека барам батерија за Сони Ериксон и ми ја зел, ја проверил дека работи, јас бев пресреќен. Успеав после 15 години чекање пак да ги видам сите тие слики, не беа премногу на број, бидејќи знаете како велат од моментите кога си среќен имаш најмалку слики, бидејќи си среќен. А нашите моменти беа токму тоа - чиста среќа, по цели денови надвор трчања, фудбал играње, топчиња бркање. Можам да кажам дека тој поклон од 150 денари за мене е најдобар поклон во животот, не се мери поклонот во парите, туку во среќата и емоциите кои ти го предизвикуваат. Во вакви ситуации сфаќаш што е важно во животот, важни се пријатели кои сфаќаат колку нештото значи и се спремни да те израдуваат и да си ги оствариш целите и желбите, независно колку се бизарни. Налет и пари, куќи, станови, коли, мотори, ако немаш слика од Лора за потсетник на тие времиња, ако имаш само пари а немаш луѓе да мислат на тебе тогаш немаш ништо, ако имаш вакви другари имаш се. Среќен сум што си исполнив една цел која ја имав повеќе од 15 години, секако како што вели и песната “With a Little Help from My Friends". Патем еве ја и фамозната Лора и тоа од првиот ден кога ја прибрав дома.

dasdsa.png
 
Последно уредено:
ДК,

Имам една колешка во постари години, има 65 и не сака да се пензионира затоа што нема семејство. Нема маж, нема деца, а роднините што и се живи се надвор од сојузната држава. Имаше рак и сега е во ремисија, ама на сите ни е жал за неа. Мислам дека воопшто нема да се пензионира и ќе работи сe додека не падне.

Затоа викам, формирајте семејства и имајте деца. Ќе биде тешко додека да пораснат, ама кога ќе бидете 60+ години, ќе ви бидат полни и куќата и душата со фамилија. Оти на крај само тоа останува. Не остануваат ни мачките, ни кучињата, ни кариерите.
 
Back
На врв Bottom