Фан Клуб: Интер

Непопуларно мислење, но моментално Карлос Аугусто повеќе ја заслужува таа позиција од Бастони.
Секогаш кога стартувал таму а не лев бек, сме без примен гол и релативно лесен натпревар.
Во 60 и некоја минута имаше интервенција каква од Бастони немаме видено подолго. Плус, одличен играч е со топка, има топ шут и трча како луд. Може ја нема висинита но доволни се другите двајца било кои зашто сите се стапови.

Бисек и Зиелински голчишта.
Особено Бисек зашто за Зиелински ваквите веќе станаа рутина.
 
Добар одговор после фијаското со Милан, сеа треба и против Комо да го демонстрираат истото и да одат раат на репрезентативна пауза. Кога сме таму, Лаутаро не е повикан за Аргентина, значи ако е се океј и не настанаат компликации ќе се врати свеж и здрав после репрезентациите и ќе може да гази.

Клучен период ни е овој, сега имаме неколку зезнати утакмици, после тоа распоредот е полесен.
 
Комо среќа не се у форма, и не се 200% мотивирани...

Еве се мачат со Ленс (на гости) да дадат 10 гола :)

Едвај 8 имаат дадено до 75та минута :)
 
Back
На врв Bottom