Муабет на една тема на форумов ме замисли.
Вака : Македонија изгуби скоро четвртина од население од еден до друг попис. Далеку од тоа дека сета загуба на население е поради македонскиот егзодус но без разлика, тоа што и народностите бегаат не е некоја утеха. Тоа го нема ниту во Судан и Јемен кои се деценија во војни!
А зошто таков, збег, бежанија, егзодус, чистење?
Поради македонските работодавачи. Таа категорија е на врвот на злосторници во овие 35 години. Не постојат големоалбански шовинисти, бугарски националисти и грчки монархофшисти кои би имале поголема омраза кон македонците, македонките и све македонско од класата население наречени работодавачи! И ова не се сведува на понуда и побарувачка на терен, затоа што на неколку саати вожња веке истиот работник може да обие 3 пати поголема плата.
Мора еднаш да се проговори за ова, младите е иселија, оние кои допрва завршуваат образование исто планираат бегање, за 15-20 години ќе има крах на екомонијата а македонскиот етнос за неколку генерации ќе се соочи со исчезнување. Да знеле душманите дека е така богато би ги наградувале овдешните одечки говна познати како работодавачи кои извршија етноцид врз своите сонародници.