Има многу Срби доселени во Куманово, уште пред 70-80 години. Имаш цели села каде што се претежно Срби, 80-90%. Дојдени од Трговиште, од селата покрај Морава. Тие луѓе си ги почитуваат сите српски обичаи, си ја негуваат историјата. Имаш многу бракови каде што еден од партнерите е Србин. Луѓето забораваат дека до пред 1990-та, ова беше една земја.
Ги сметаме за близок народ. Имаше протести во Куманово 1999-ма заради Нато бомбардирањето. Српската граница е на 7-8 километри од градот. Тоа со Зебрњак, Прохор Пчински, Косово, 2001-ва и останати моменти од историјата, и да не ги спомнувам.