Како се формирал вашиот музички вкус?

А како да го убедиш некој кој што слуша турбо фолк дека турбофолкот е негативна појава, а не рок музиката или метал?

Никогаш не сум очекувала дека целиот свет треба да се прилагоди на мојот музички вкус. Иако едниот музички правец го сметам за културолошки подобар од другиот, не можам едноставно само заради нивниот лош (според мене) музички вкус да не се дружам со нив.

Ниту еден музички стил не е имун на комерцијализам. Секаде постојат песни кои што шират погрешни пораки и вредности.
Спуштете се од коњот.

После се лутат тука кога ќе речам дека фанови на рок музика живеат во посебен свет и дека пукаат од неоснована претенциозност со 0 разбирање од музика (во просек).
На најголем дел ова со турбофолкот ви е наметнатно од таа рок подкултура, а не дека нешто сами сте разбрале.

Ништо посебно не ви е рокот што голем дел го слушате, ни пак ве прави нешто попаметни или посебни. Како некои тинејџери сте што имаат екстермна потреба да се издвојуваат од толпата, а тука голем дел сте над 30 (или над 40) години па мој совет е дека редно време е да пораснете.
 
2004/5, јас 12/13 години и прва свирка во Вулкан. Container crusties from hell, а и бендот на брат ми настапуваше. Оттогаш почнав да одам на хардкор панк и ним сродните жанрови. Во средно школо ги гледав Marduk, Knut и Taint, па почнав да слушам блек метал, стонер а и општо метал. Некаде на факултет случајно слушнав некој поалтернативен рап од типот на Eyedea, Saul Williams, Sage Francis. Покрај тоа, слушам и пост панк и слично. И денес слушам активно нова музика, одам на концерти.
 
Во времето на 3 канали на телевизија, касно навечер третиот канал ја пренесуваше преку сателит во живо единствената музичка телевизија на светот, MTV.

Моментот кога прв пат го видов спотов не само што никогаш не се заборава туку и комплетно ја трасираше музичката воља до ден денеска.

 
А како да го убедиш некој кој што слуша турбо фолк дека турбофолкот е негативна појава, а не рок музиката или метал?

Никогаш не сум очекувала дека целиот свет треба да се прилагоди на мојот музички вкус. Иако едниот музички правец го сметам за културолошки подобар од другиот, не можам едноставно само заради нивниот лош (според мене) музички вкус да не се дружам со нив.

Ниту еден музички стил не е имун на комерцијализам. Секаде постојат песни кои што шират погрешни пораки и вредности.
Ќе настапиш со аргументи и факти, ако сакаш да му помогнеш да се оттргне од живото блато на турбофолкот.
Не мора никој да се прилагодува, само треба да се има колку толку рационално однесување. Слушањето турбо е крајно ирационално.
За вкусовите мора и треба да се расправа затоа што субјективните вредности се едини подложни на расправа. За што да говориме, за факти? Водата дека врие на 100 а мрзне на 0 степени? Што ќе правиме муабет околу тоа? Свашта...
Јас немам ниту еден познаник не пак другар или другарка кои слушаат турбофолк или било која форма на крајната фаза на метаболизмот. Уна милагро ке паса зошто е тоа така?
 
Сечие музичко патување треба да заврши максимум до 30та година со Мерак Меана.
Добро, тоа се подразбира. Во целото тоа шаренило од музика, нема песна на која повеќе ќе ме полазат морници од наша народна. Од Дајте ми ја, од Жетварска љубов, од Розо моја, од Пусти мерак Ратке... Корените пред се останато, секогаш. И пред 30 биле!
 
Спуштете се од коњот.

После се лутат тука кога ќе речам дека фанови на рок музика живеат во посебен свет и дека пукаат од неоснована претенциозност со 0 разбирање од музика (во просек).
На најголем дел ова со турбофолкот ви е наметнатно од таа рок подкултура, а не дека нешто сами сте разбрале.

Ништо посебно не ви е рокот што голем дел го слушате, ни пак ве прави нешто попаметни или посебни. Како некои тинејџери сте што имаат екстермна потреба да се издвојуваат од толпата, а тука голем дел сте над 30 (или над 40) години па мој совет е дека редно време е да пораснете.
Не, може слободно да се каже дека објективно, далеку најголем дел од лицата кои слушаат турбофолк се дно и талог. Тоа ти е аксиома. Нема врска со рок или блуз, едноставно е така.
 
Не, може слободно да се каже дека објективно, далеку најголем дел од лицата кои слушаат турбофолк се дно и талог. Тоа ти е аксиома. Нема врска со рок или блуз, едноставно е така.
Barem ne moram da se drogiram za da ja slusam :sneaky:
 
Етанол и никотин се дроги, не може никој да каже дека не се. Значи тубофолкери се пијанчат и чурат што значи се дрогираат.
Не знам за благо ама последни години на народњачки забави имало тренд да се сиса спид и бело, којзнае зошто.
Eating sugar releases dopamine and opioids in the brain, lighting up reward circuits similarly to addictive drugs.
:icon_lol:
Тоа што имам пробано све и свашта не ме прави наркоман, никогаш не сум се навлекол на нешто, едино на никотин кој е легален, само златна вирџинија бајо мој. Да не заречам ама обожавам никотин и не планирам да се откажам пошто немам никакви последици.
Автоматски споено мислење:


култната Виена на Ултравокс


Според многумина најдобриот концертен настап евер, на најголемиот музички настан на сите времиња, Лајв Ејд 85 симултано на Вембли и во Филаделфија. Симнете го целиот концерт (на кој се приклучила и Југославија со нумерата За Милион Година) нема да зажалите. Го има по трекери со солиден квалитет.
Со тек на годините настапот на Квин на овој концерт стана синоним за нешто возвишено, да не речам совршено. Како си помина, како Квин на Лајв еид :)
 
Последно уредено:
Не, може слободно да се каже дека објективно, далеку најголем дел од лицата кои слушаат турбофолк се дно и талог. Тоа ти е аксиома. Нема врска со рок или блуз, едноставно е така.
Оставам простор дека различни искуства сме имале, ама моето анегодтално искуство било сосема различно од твоето, мислам тука на форумов може да се види како ничим извазвани рокери влагаат во поход.

Турбофолк или др популарна музика (попопуларна од рокот) ја слушаат многу луѓе, во однос процентуално од таа за турбофолкот може да најдеш по некој алкохоличар (кој дефинитивно не станал ради музиката). Од друга страна кај рокот кој што не е толку популарен, голем дел од чалам и идолализација на морони од таа подкултура се фрлале на солидни супстанци, некои што ги познавав завршија на тешки супстанци а некои дури и во Слепче на лечење. Од експериментирање со психата (психонаутика) поттикната од "квалитетна музика" завршија во душевна болница. Пази дека најголем дел од луѓето што сум се движел и музиката што сум ја слушал била таква :)

А со тие што слушале турбофолк (што е голем дел од популацијата) до ден денес се домајќини луѓе и до ден денес може да фрлиме некоја љута на Кисми или Шемса и Јужни Ветар.

Ова е настрана од тоа што не сте компетентни да критикувате музика, ни пак знаете што критикувате или што воспевате, ама за тоа да почнам да ти објаснувам ќе треба да бидам по претенциозен од што сум моментално и да навлагам во техникалии и музички теории и за жал најверојатно нема да ме разбериш, така да доста е олку мислам ;)
 
Последно уредено:
Имам доста да пишувам на темава, но ќе гледам да опфатам најкратко што можам сите етапи.

Прво битно е да напоменам дека многу беше тешко да се има било каков контакт со музиката, поради неколку причини: немавме кола, а со тоа ни радио, радио дома немавме, немавме интернет ниту кабловска, така да за да дознаам некоја песна требаше да ја даваат на некој македонски канал во било каква форма (најавна шпица на серија, музички фестивал). До овој момент јас бев тотален дудук, ги знаев тие евровизиските што беа актуелни тоа време (Руслана Wild Dances, турчинот Shake, Гркинката You are the one...) и Тоше актуелните...

Работите се подобрија со излегување на телефоните Сони Ериксон со Блутут и Инфраред, како и со појава на еден музички канал К 15 Music што вртеше постојано македонски песни, мислам дека и на Скајнет (се сеќава ли некој на каналиве воопшто?) пуштаа често македонска музика. Тогаш беше многу интересно време, каде што кружеа исти песни по телефони најчесто со грешни имиња и сите слушавме иста музика во опкружувањето (таа што ја имавме), ако некоj имаше нови песни од некој братучед - сите имавме нови песни. Тогаш мемориите на телефоните беа премали, па ако некој имаше мемориска од 64/128/256 мега, тој беше на бел коњ, не мораше да брише песни. Тука ми беа првите допири со рапот, на телефон се праќаа песни со погрешни имиња: Рнс - Ме мрзи (оригинал: Црногорско поткровје), Тони Зен - Кој сум јас (Интелет), Рнс - Заебанција на телефон (Жешка линија) итн. Паралелно се појави и бран спотови од рап песни кои одеа по тв (на К15 Music): Синди - Ех синди, Легијата - Бонус трака, Тони Зен - Скопје е мој град... И исто така да напоменам дека се мешаа некои песни од крајност во крајност, тотално нелогично како покорно сме си слушале се ова од денешна перспектива, па освен овие песни во телефон имав и Avril - Hot и пази сега Tryambaka - Safi Baraka. За чудо шабанарија апсолутно никаква немав, само знаев дека постои некој човек Цеца што се вика и дека има цицки, ниту Београд ниту ништо, изолиран од се бев.

Доаѓа време на интернет, при крај на основно сум и веќе тука телефоните имаа поголеми мемориски и јас имав можност да навлезам подлабоко. Од македонски рап веќе имав папки со по 100+ песни, екс ју навлегов на големи врати поради едно цд од Парни Ваљак, но и поради Operacija Triumf, подоцна и Македонски Идол, па таму дознавав добри мејнстрим екс ју поп/рок песни. Дојде периодот средно обазование, каде што се дружев со едно дете што слушаше рок и метал, па прати некои песни и после како дознавав бенд она досадното го правев “А овие ги поштуваш ли“. Одамна не се дружам со детето, но тој период заслушав групи како Бон Џови, ГНР, Дип Парпл, Лед Зепелин... Паралелно се тргнав малку од мејнстрим рокот, почнаа омилени (и до ден денес се истите) да ми стануваат изведувачи како Индекси, Миладин Шобиќ, Душан Прелевиќ... Земав да одам на сите можни концерти и станав човек што секој музички жанр го слуша. Не секој поджанр (тоа е невозможно), но во секој жанр имам пуштено по некое коренче.

Успат се вратив на корените, од Аврил таа Хот што ја имав во телефон (не знам дал ја праќале дека мислеле хот слика од Аврил е), ми стана преглупа песна, но првиот нејзин албум Let Go ми е врв и ми е драг до ден денес. Станав мекуш па не слушам Сафи Барака или било што псај, ама одвреме знам да пуштам нешто електронско комерцијално ко Тиесто или нешто транс со женски вокал. Навлегов и со symphonic, power metal со Within Temptation, Sonata Arctica, си поштувам до ден денес Iron Maiden. И панк си почнав паралелно главно Perkele и Cock Sparrer. Апсолутно се што е носталгично и не е во тренд си слушам, како Ѓорѓи Крстевски, а се што е актуелно игнорирам и сум паднат од Марс кога некој ќе ми збори за Лидии на ЈангДади. А да за жал, навлезе тоа турбофолкот во мене на голема врата против моја желба. Но и тоа се сепак некои песни таму Марина Туцаковиќ што ги пушувала, што пак имаат некаква смисла и можам да најдам нзс со нив. Денешните песни Бресквици, Нучи тие за среќа сум ги избегнал и не можам конекција никако со нив да етаблирам и покрај форсирањето во мојата околина.
 
Последно уредено:
Доста личности од форумов влијаеа врз мојот музички вкус.
Прво во моите ретки шабански моменти како Аца Лукас во предходниот Кајгана Сонг, за тоа сум им благодарен на @Aceso и @мкд владе .
После тоа се убација @AceCaleb со панк. Ме учеше дека не сум требал да се шуткам, тоа било штетно за здравјето на околината. Особено кога сум бил во алкохолизирана состојба :

И @dantemkd со метал, и тоа метал што немал фолк примеси ама јас си ги заслушав овие :

Па свртев на електроника, поточно на Хард Бас благодарение на @парва . И тој ме хејташе нешто зашто сум избрал погрешна руска екипа :

Па Костиќ се убаци со рап :

И секако @Artemisia Vulgaris со :

и со :

ама ја ја заебав па си свртев на :

и на :

На @StoleD или било кој од неговите 1000000 акаунти сум му благодарен за апгрејдот на треш сцената како на пример :

Иначе највеќе влијание на мене и нa мојот музички вкус пред да дојдам на форумов има 3 бивши :

73e744ddfb2058fbfa3f2c6a6b19f6a3.jpg



b50518b61a24380ffff8e7ffc29d685b.jpg


cc4f03fa0275a1d2d47f5141f00e4309.jpg




п.с. сакам да го тагнам у некоја категорија и @Cthulhu^ , ама за човек што не искача од дома и слуша Виле Вало, среќен сум што немал никакво музичко влијание на мене.
 
Последно уредено:
Покрај братучед ми, уште од мали нозе заслушав рок музика, со бендови како The Doors, U2 и RHCP. Првиот албум што го купив со свои пари беше Linkin Park - Meteora. Собирав пари речиси две недели за да го земам, а и ден-денес знам да го преслушам од време на време.

Кога бев на факултет повеќе ме привлекуваше symphonic metal, а со годините постепено преминав кон power metal. Во моментов, омилен бенд ми е Sabaton.
 
Back
На врв Bottom