Serie A 2026/27

  • Креатор на темата Креатор на темата SK-92
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ќе биде шампион?


  • Вкупно гласачи
    101
  • Гласањето е завршено на .
Италија треба да ја искористи шансата за да привлече арапски пари во фудбалот.

Саудијците се мачат во Њукасл, поради прописи, не многу пријателска средина, како и премногу жестока конкуренција.

Сега и овие од Абу Даби се во проблеми.


Италија има некои поволности како алтернатива. Веднаш можат да дојдат во најголемите клубови, историски релевантни, глобални брендови, кои се наоѓаат во светски атрактивни градови (Милано и Рим). За разлика од некој Њукасл.


Играње во ЛШ нема да им е проблем, освојување титули, видливост, а и простор за зголемување приходи што ќе ги доближи барем до оние што се околу 5то место по заработка и шанса да бидат сериозен претендент за освојување и ЛШ. Полесно би освоиле ЛШ со некој од големите италијански клубови, отколку со Њукасл.


Во Шпанија и Германија и така нема што да бараат.
Арапите ја избегнуваат италијанската Серија А поради бирократските пречки со инфраструктурата и помалата комерцијална исплатливост и не верувам дека тоа ќе се промени наскоро а уште помалку веројатно е дека Американците ќе сакаат да продадат некој од Милан, Интер или Рома.
Арапите попрво би инвестирале во некој клуб од Франција, Португалија, Холандија дури и Бразил или МЛС одколку во некој клуб од Италија.
 
Турција - Италија 0-2


@Ska Maniac во моментов :

Cat Turkish GIF
 
Арапите ја избегнуваат италијанската Серија А поради бирократските пречки со инфраструктурата и помалата комерцијална исплатливост

Но, во Италија финтите со спонзорски договори поминуваат без казни, за разлика од Англија. :icon_lol:
 
Честитки и надеж дека ова ќе ја забрза процедурата у Милано.
 
Мислам дека ова е трети или четврти пат во последниве 10-15 години како читаме за овој историски чекор на Рома со новиот стадион.
Исто и Лацио имаше некој план со тој стадионот во Рим каде се играло рагби ама еве, до сега, нема ништо. Само пропаѓа стадионот а за Лацио со минимална инвестиција ќе биде одличен стадион и речиси секогаш полн.

Стадион Фламини кој од 2011 е затворен :

1000041472.jpg

1000041475.jpg

1000041478.jpg



А кога сме кај стадиони во Италија, на југот во град каде локалниот тим игра петта лига им направија стадион подобар од пола прва лига. Ок, го направија за медитеранските игри ама сепак значи нешто и покажува дека може истото да се изведе и со екипи каде редовно се игра Серија А.

Пред

1000041486.jpg

1000041486.jpg


Потоа



Како и да е, претпоставувам периодов што следи малце ќе се потсреди овој проблем во Италија затоа што им следи Европско Првенство во 2032 и ќе мора да реновираат или изградат најмалку четири големи стадиони со оглед дека освен тој на Јуве, Удинезе и на Аталанта, другите се сите стари и можат да бидат одбиени. Како што читав, нареден месец ќе се донесе одлука на кои пет стадиони во Италија ќе се игра европското.
 
Рома претходно имаше два неуспешни обиди, еден со Росела Сенси а еден со Палота.. овој вториот и му отидоа некои 80мил почетни трошоци… ова вчера што го објавија е нешто друго, веќе сите потребни дозволи се добиени за почнување со градба, градоначалникот на Рим изјави дека најдоцна до март 2027ма ќе се почне со изградба и дека би требало за 2 и пол години да биде готов, у најдобар случај 2029та Рома да игра на нов стадион што не верувам дека ќе, па вајда тоа ќе се случи сезона 2030/31ва..
 
Back
На врв Bottom