Познат е проблемот што се влече од ехЈУ, но и од новата квази држава, продавање на станови во Згради кој се во ВОЗДУХ, т.е. земјиштето под зграда е на Р.Македонија или друго. Апсурдот е што ПРОДАВАЧОТ на становите и фирмата што градела ПОСТОЈАТ и ДЕНЕС, на пример СИЗ за Домување , Гранит, но Проблемот не се решава. Надлежната општина го саботира, те немало ДУП, те имало промени кај сопствениците. Проблемот постоел и во друг ехЈу држави, но мислам дека скоро сите го решија.Читав дека во Хрватска, УСТАВНИОТ СУД донел одлука дека секоја колективна зграда која е изградена со ДОЗВОЛА и Становите се со Имотни Листови е сопственик на Земјиштето ПОД Зграда, т.е. таа не може да биде во воздух. Се јавив еднаш во Министерство за Правда, надлежната ШИЗНА кога и го кажав се ова, демек Други биле законите во Хрватска, па и нејзината зграда била во Воздух....
Ај тоа, ама сега има и други случаи. Пред 20 години во Охрид, за време на охридскиот октопод Петрески , се изградија стотици згради со 3-4 спрата на место на урнати куќи и тоа ФОРМАЛНО газдите на урнатите куќи Градеа, а всушност градеше и продаваше фирма. Газдите имаа нотарски договор да извршат приватизација на земјата. Но некој од газдите иако земале пари за тоа, не извршиле приватизација, починале, а наследници нема, т.е. за живот се поделиле.Земјиштето се водеше во катастар на име на стариот газда, ама сопств3ност нула, 0. Сега на катастарот му текнало да биде сопственост 1, демек НЕ ЗНАЕЛЕ дека е изградена зграда ???, а становите имаат имотни листови. Требало сите станари да ангажираат адвокат, тој ќе нашол човек кој ке се прифател да го надледи земјиштето и да го приватизира, јасно се тоа треба да се ПЛАТИ. Како бел ден е јасно дека не можеш да организираш 20+ станар, тешко и да ги собереш, не па уште значителни пари да се дават. А постапка зошто не може да биде со ОДЗЕМАЊЕ на земјиштето на стариот газда, од страна на Државата и станарите да ја купат по симболичнацена ???
Патем да спомнам дека не е решено правно ни ПЛАЌАЊЕ ДАНОК на земјиште под зграда, да не зборувам за ДВОРОВИТЕ во колективните згради кој често ги користат станарите од приземјето, а на многу места при градба се изграденибетонски и челични огради, а дури многу од приземните станови и ги ПОМЕСТИЈА оградите по мекој метар вон дворната парцела на зградата.Пенов почна самоволно да наплаќа, но без никаков критериум и јасно престанаа луѓето да плаќаат. Всушност проблемот е што купуваш само стан, а ги плаќаш со цената на станот и трошковите за заедничките простори и инсталации во ЗГРАДАТА. Потребно е законски да се воведат сопственици на целата зграда, а купувачите, само на становите, ќе плаќаат надомест за заедничките простории. Но тогаш НЕМА ДА МОЖЕ Јанко и Петко да УЗУРПИРААТ дел од Ходникот, да си ја поместат влезната врата, или во просторот за ВТОР лифт да ВГРАДАТ вграден ОРМАР, а Трајко да си го Узурпира дворното место каде се ШАХТИТЕ за канализација и вен5илот за затварање вода...итн