Да не си го гледал Остин Пауерс, а да си мислел Џејмс Бонд е?
Прво, не знам од каде тоа дека се несериозни, па дури и 0. Зарем ти смета тоа што Бонд ќе убаци некој one liner pun при флерт со женскиве или откога ќе ликвидира некого? Мене баш тоа ми го прави филмот позабавен.
Бонд филмовите се правени за забава и тоа и го пружаат - акциски сцени за адреналин, згодни женски за плакнење очи и one liners за да се насмее човек. Ако си очекувал сериозен оскаровски материјал или драма, тогаш си им влегол со погрешни очекувања од сам старт.
А за тоа дека Лазенби добива хвалоспеви сум ептен зачуден. Тој е на ниво на Далтон со најмалку Бонд карактеристики. Дури и чудно е што тој филм денес добива добри коментари, а во времето кога излегол не бил нешто посебно фален, а ЕОН дури мислеле и да прекинат со понатамошни филмови.