А едно Скудето на ~10 години од 2000 година па нaваму?
Без да навлегувам во дискусијата, случајно отворив нешто освојувачи на Серија А последните години, и дури се зачудив дека Милан има само 3 титули од 2000 досега. Освен тоа, после последната ЛШ титула, освен тие 2 проблесоци и титулите на Алегри и Пиоли, Милан скоро и да не се бори за титула, објективно нема континуитет никаков, ни во лига, во Европа па ич.
Буквално последните 20 години има ист број на титули во лига колку Наполи, и најискрено ми е криво, пошто секогаш најмногу сум ги сакал градските дербија со јаки Интер и Милан, ни приближно не ми е толку гајле за Интер-Наполи или Интер-Рома, најискрено.
Јас лично, не би рекол дека кур ме боли за ЛШ, ама 8 титули во лига и една триплета откако пратам фудбал во секој момент би ги трампал за 3 лигашки титули и 2 ЛШ.
И за крај, околу шансите за освојување Лига на шампиони во модерно време, да не се заебаваме, Италија е отепана по секој параметар. Имам пишано и во Фан Клуб Интер, СМЕШНИ пари трошиме во споредба со ПЛ и останатите големи екипи кои претендираат за ЛШ, ама онака скроз смешни.
Последново трансфер лето не ми е земено предвид, ама заклучно со лани, последните 7 лета+зими Интер имаше во просек потрошено нето
15 милиони евра на сезона, Милан и Јувентус околу 50 милиони по сезона, Наполи и Рома 20-30, Аталанта испаѓала 20тина милиони во плус.
Сум пишел претходно, ќе пишам пак, тие две финалиња кои Интер ги изигра ЛШ периодов беа ДАЛЕКУ над вложеното, да не беше тим со такво историско реноме, ќе беше исто толкаво изненадување ко, не знам, Борусија да игра 2 финалиња во 3 години.
Имаме среќа што Италијанци (Барела, Бастони, Димарко) не сакаат баш да играат надвор од Италија, плус Милано е атрактивен град, па не им смета на некои играчи за помала плата да играат тука. Да не беше тоа и лојалноста на играчи како Лаутаро, не постои ЛШ менталитет (

) што може да направи италијански тим да припари ни блиску до титула.