Македонска берза

  • Креатор на темата Креатор на темата Macedonian
  • Време на започнување Време на започнување
Тешко ми е да разберам зошто при толку добри можности за инвестирање во странски инвестиции, некој би сакал кај нас да вложува...
 
Искрено, никогаш не можам да ги разберам овие што инвестираат на МК берза.
 
А зошто да не се инвестира на МК берза? Кога имаме добри компании кои остваруваат солидни резултати и добивки.
 
Одговорот ти е неколку поста поназад. Патем, никаде не рековме дека има лоши Македонски компании, туку дека на друго место има подобри опции.
 
А зошто да не се инвестира на МК берза? Кога имаме добри компании кои остваруваат солидни резултати и добивки.
Генерално земено бидејќи шансата за раст е неколкукратно поголема во пазари каде има подобра, едукација, инфраструктура, закони итн.

Инвестирање во локални компании би било чисто поради некаков вид на патриотизам ама и за тоа ако размислиш подобро е да направиш многу пари на странски пазари па да ги вложиш кај нас отколку само така да им ги дадеш на домашни компании.
 
Тешко ми е да разберам зошто при толку добри можности за инвестирање во странски инвестиции, некој би сакал кај нас да вложува...
Само будала би вложил во Македонска берза
 
За 10 и кусур години на Македонска берза влегов со 20к евра, излегов со 300к евра. Па види сега кој е будала...
 
Ај сеа види тие 10к пред една година да ги ставеше во SNDK колку ќе беа сега. Не знам како не можете да ја сфатите разликата, али тоа е.
 
За 10 и кусур години на Македонска берза влегов со 20к евра, излегов со 300к евра. Па види сега кој е будала...
Не е поентата за пред 10 и кусур години. Тогаш мислам дека можностите биле одлични, а пристапот до други пазари непостоечки.

Денес имаш странска берза, многу ликвидна, да ризична, ама и со одлични можности за профит, за мал но сигурен раст, за повисок раст со нешто ризик и сл, т.е за секој вкус.
Македонската берза во моментов е како некоја стара баба. Мали и нови акционери речиси и да нема, а и како би имало, кога трошоците за провизии и за влез се огромни. Ништо не се работи за да се поттикне, апсолутно има 0 промоција, активност, олеснувања, нема ништо.

Мислам доволно е да видиме МБИ10 колку вредност има загубено претходните 365 денови. Тоа е апсолутно голем пад, не така краткорочен, туку структурен.

Не дека нема да се појават можности. Тоа е умешноста на инвестирањето. Ама дефинитивно, дури и предностите кои ги има берзата, се однесуваат на предности за луѓе кои имаат повеќе пари и се спремни со голем капитал да влезат. Сметај дека твоите 20 илјади евра пред 10+ години, денес се еквивалент барем на 60-70.

На странска берза се влегува со помалку, може да учиш преку мали инвестиции пред да се впуштиш во поголем ризик, може да пробаш, буквално да учиш со некои твои 1000-2000 евра, па да видиш дали те бидува или не, пред да започнеш со вистински пари.
 
Ти стави ли 10к на SNDK? Јас ти кажувам што било и се случило, ти ја бираш акцијата што се мултиплицирала најмногу во последната година и кажуваш што би било кога би било. Ако не ја сфаќаш разликата, не можам да ти помогнам
Автоматски споено мислење:

Види, јас сум надвор од Македонска берза од 2024, ама да влезеш у кафана и да викнеш "СИТЕ У КАФАНАВА СЕ БУДАЛИ", може да ти се прогледа низ прсти само ако си аутистичен. Ако не ти се пие, не иди у кафана сакам да кажам...
 
Последно уредено:
Ти стави ли 10к на SNDK? Јас ти кажувам што било и се случило, ти ја бираш акцијата што се мултиплицирала најмногу во последната година и кажуваш што би било кога би било. Ако не ја сфаќаш разликата, не можам да ти помогнам
Не, јас ти дсдов пример на твојот пример. Инаку ајде извади го процентот на 10 македонски компании за послњдниве 10-15г па да ги споредиме со 10 уса стокс, може?
 
Повторно сакаш после војна генерал да се правиш. Јас ти зборувам за реални пари и реални влогови. Ти ја одбираш акцијата што се мултиплицирала најмногу последната година и правиш претпоставки дека би влегол на year low а би излегол на year high. Бајки за мали деца.
 
Мож да извадиме бројки? Остај што јас и ти зборуваме.
 
Не бре извади колку си заработил. Хипотетички муабети, џабе. "Ако земев кредит 1М евра и ги ставев сите на QBTS кога беше 1$, па да ги продадев коге беше 45$, ќе имав 45М евра!"Put your money where your mouth is.
 
Back
На врв Bottom