Управниот суд пресуди, иако е моментално се додека спротивното не се докаже
Може како сакаат да ги третираат, едноставно нив не ги интересира тоа
Не ги интересира, но без разлика на пресудите *(не знаев дека веќе има пресуди) државниот апарат ги следи во чекор. Не е едноставно држава да ти диши во врат (било која), најмалку Германија.
Зависи на кого
Пример помладите генерации на запад се ултра испрани мозоци и кај нив тоа пали
Кај 40/50+ тоа не пали до толку
Точно не пали, бидејќи се во средни години и не се во последните кога само чекаат пензија и молат Господ да не уцвикаат наскоро за да можат после уште 20+ години да ролаат со ролаторите по улици и да чекаат 2 центи во Лидл на каса, а тие се тие кои ги гласаат вмро-сдс коалициите.
Проблемот кај овие на мои-твои години е што доволдно добро знаеш што треба, а што не треба ама ако фрижидерот не ти е полн или ако рандом љочка или рандом сириец може да ти ја рокни жената оти му текнало на +30 деколте да облечи, тогаш имаме проблем и партии како АФД се логичен избор ЗА казна на оние кои не превземаат ништо (за жал не се гласани како Награда за нешто што сработиле или оти програмата им е да се посериш од среќа).
Не знам дали знаеш дека во февруари управниот суд им забрани на BfV да ги третира како gesichert rechtsextremistische Bestrebung
За пресудата не знаев, пошто не ме тангира лично и на дневна основа па не обрнувам внимание на политика овде, но од друга страна еве ги сличните такви како Обран (иако криминалец пар екселанс сепак му вртеше грб на Европските „вредности“) или пак како оваа во Холандија со „Save Europe Act" - Eva Vlaar, која е третирана од страна на државниот апарат со иста пизма (па и бетер) од АФД во Германија, онај Пољакот на кој не се ни трудам да му го запомнам името (и кој бај да веј очекувам во блиска иднина или да го рокнат или срцето „да му откажи“), сето тоа се показатели како си минуваат оние кои барем малку од малку (еве 10% ќе речиме, зошто и тие не се светци) сакаат да придонесат за националното добро во државата во која живеат, а потоа и за Унијата како целина.
Така да, океј е реално постои пресуда и сето тоа *(иако не бев информиран, мој пропуст или незаинтересираност), но во крајна мера истото малку ги менува работите на терен и особено што не ти ја симнува државата од врат.
Сето ова доведува до причинско-последичната реакција на единката: „Ако нешто не ми чини, не сум дрво ќе се преместам (преселам) негде кај шо ќе ми чини повеќе - макар и тоа било на XY години во иднина.
Така си побарав, затоа

Се чудеа и они ама тоа е..
Сакам дома, да можам на некој корка леб да му дадам за и тој/таа да однесе дома и да може со тоа нормално да функционира.
Така и ќе биде, со Господ напред.
Точно, со Господ напред, почнувај го секој ден така, нема да има погрешни и ненавремени одлуки во животот. Дури и тие кога ги сметаме за такви, се со некоја причина зошто и кога се такви какви што се. Звучи апстрактно и глупаво ама така е.
Си требал да си се преселиш, да видиш, да пробаш, крај краева во оваа форма и со оваа свест живееш ограничен број на денови на земјата - ТВОЕ е да избереш каде и со кого ќе ги живееш.
Мене крајно интересни ми се тие во спротивните табори:
1. Абе ајде тој овде не му чинеше, таму со муџите ќе живее.
А живееш во држава кај шо името и идентитетот ти се сменети, Албанците владеат со сите институции, пасошот/факултетите т.е. дипломите се на ниво на тоалетна хартија и ред други работи да не пишам лектири.
2. Види, ојде ама не го бива, па си свитка опашката и се врати.
Пак рандом батуле седнато со кафето по цел ден и бери му го гајлето на секој шо ќе помини и така секој ден... цел живот.
Па ти тргни кантар кој е будалата во приказната.
Од друга страна, оди да те видам собери мадиња, пресели се во туѓа држава, туѓ менталитет, крајно гнасен јазик, без поддршка од фамилија (каква таква), почни од лајца и виљушка во празен стан, душек на земја и гутен морген од предзнање за комуникација.
Бори се со институции и бирократија, во било која и да си покраина чисти мувла од по ќошеви оти се собрала ако не „луфтираш“ и доколку не си барем малку ербап или снаодлив да си ги завршиш работите побрзо чекај неколку години дури да се интегрираш со јазик, признати дипломи, работно место кое си го заслужил и добил со пот и мака, а не оти си лепел плакати некаде и си јадел сендвичи по автобуси.
Само кажи му го тоа на рандом лик (кој и да е, кај и да е) шо мисли дека треба да се родиш и да цркниш во истите 60 квадрати од прадедо ти спечалени, пошто му ги продадоа нивите и купиле стан во Велес (ете да не биди Скопје, пошто пола од Ск се тука па ќе ми скокнат).
Животот е поколоритен од сето тоа, а според мене Германија со сите проблеми кои ги носи денешницата е сè уште подобро место за живот од Македонија (за жал) и уште долго ќе биде така.
Но, истовремено дај Боже на секој што се одлучил да иди наваму или секој што се одлучил да не дојде воопшто или да си се врати МКД да му биде убаво и да си создаде свој мал микрокосмос во кој ќе си го пречека следното изгрејсонце со мир во душата.
Тебе лично, иако не те знам - тоа е небитно, ти посакувам успех. Треба човек само да е решителен, другото само ќе си дојде.
п.с.
Ја ебаа утката тука Зелените со затворањето на нуклеарките па покрај гас (кој веќе го немаа заради што се вазали на Uncle Sam) - државата субвенционираше и струја, капак на економијата дојде последното поскапување на нафтените деривати со она фингерајката во Персија (*Иран де).
Многу мали и средни фирми до крај на годината ќе одат јабана поради ова (не дека досега не одеа поради X други причини), државата не бира начини да го еби својот народ, под својот мислам родените Германци тука.
Допрва ќе биди весело по Европата, не само Германија, еве за брзо ќе следи и ново зголемување на каматни стапки заради инфлацијата (која и така не е реално прикажана колку е пошто ќе треба граѓанска војна да има - „во некое утописко сценарио“).
На ова гледам вака, ниту сум се родил тука, ниту е на татко ми. Кога од сопствената држава по соствено убедување сум заминал или сум бил приморан да заминам ... еден ден, кај и да сум ако крајно не ми чини ќе си заминам за во тоа време за мене подобро место. Енде.