Во светов годинава се измислија
вакцини против рак, активно се развива
агентичен ВИ што може да ти биде личен асистент и завршува рутинска работа, имаш трка за
најнапреден ВИ меѓу компании и земји, и тн. Само на Балканов и на Блиски Исток се вадат вакви промашени политики, делење по линија на наративи од пред 2000 години, етно-трибалистички национализам, економски се тоне. Со вакви политики државиве само ќе си пропаѓаат.
Во кој универзум, Хрватска, Србија, Македонија, Албанија, Грција, кој и да е, сама како држава во може да парира на економско-политичките центри на светов? Ниту една земја го нема тој капацитет овде. Еден автопат неможе да изградиме без странски изведувач. Сите кредити се од надвор.
Најголем дел од вооружувањето е увезено. Може колку сакаме да збориме за Његош, Османска Империја, Александар, нашата античка ДНК, али факт е дека со празни приказни и весели наративи, држава не се гради. Државите живеат од силни економии и безбедност што овде ниту една земја го нема во стабилна форма. Ние сме посебни и талентирани, они се љубоморни, се приказни за неук народ, држава се прави со ресурси, алијанси и паметни политики. Тоа овде го нема, а во интерес е на сите држави да коегзистираат во најмала рака, а идеално да соработуваат (не ради љубов, него пошто им е во интерес).