Со 1-2 кучиња можам и сум излегувал на крај (па и ја сум бил помлад некогаш да го е*8ам). Е сега, со повредена нога, со послаби рефлекси и се што иде уз години, мало тешко. Али пак не се давам ако недајбоже некое се обиде.
Правото на самоодбрана е повисоко од правото на гушкачите на кучиња.
Инаку со глутница е тешко, те заокружува од сите страни. Овде хранат едно улично пред една зграда али многу агресивно куче и кон домашни миленици и кон луѓе. А големо високо скоро колку пола мене (а сум над 182) и мускулатура ко лавојне у Мара Мара. Тоа води цела глутница. Често гледам млади момчиња, девојчиња со мали кученца ги држат во рака за глутницата да не им го растргне миленичето.
Нели агресивните треба да се успијат?
Кој го ма ќарот (впрочем и за ѓубриштата и јсп али тоа е друга тема) и каков е штом не преземаат никакви мерки, тоа е прашањето, непознаница во формула со 10 непознаници.
Секогаш треба да се следат или парите или моќта.
Ај доста за минатото, звучам ко старцине. еее ние тоа време, снег до овде.