Vanlok
deus ex machina
- Член од
- 30 мај 2009
- Мислења
- 31.600
- Поени од реакции
- 42.621
Први они (кучкарите) ќе скокнат против ова. Инаку тоа што го предлагаш може лесно да профункционира (и не 50еу туку и со 500 денари ќе функционира), но забораваш дека прво треба некој - што тоа му е работа - да сака да работи. Кога некој ќе пријави, а ќе се пријавува и без парична награда, после некој треба да искочи на терен и да ја сработи постапката после пријавата. Е тој проблем не го решаваш, не без драстични промени во целиот систем. Какви очигледно никогаш нема да се случат.нај прост пр. секој кој ќе пријави некој да чува миленик кој не е чипиран и стерилизиран да добие пр. 50€ награда а оној кој го чува да треба да плати 1000€, знаејќи го менталитетот на нашиве сограѓани има да се пријавува секојдневно а со тоа и доста ефикасно решавање на проблемот.
п.с дали е идеално не е но од некаде треба да се почне, еве дајте и вие некој друг предлог како да ги снема џукеливе од улица кои реално се преголем проблем.
Инаку како пример - па веќе имаше едно добро решение за намалување на џукели: Задолжително кастрирање/шкопење на кучињата, освен ако не регистрираш одгледувачница.
Први кучкарите скокнаа против тоа. Ние другите не се побунивме во спротивна насока и повторно гласното малцинство си го истера своето.