Драга Кајгана (виртуелен дневник)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Легендата вели дека некој некогаш прво се договорил со колегите во врска со одморите, па потоа уплатил/закажал. :icon_lol:

Каков мит е ова нек си ебе матер, апсолутно секој секогаш доаѓа и вика еј дечки ја сакам тогаш и тогаш да идам и ако наиде на едно НЕ тогаш иде муабетот дека веќе е уплатено, резервирано, дека ќе пропаднат парите итн итн.

Не знам што е толку тешко прво да продискутираш со колегите па потоа да договараш со другари/роднини каде и кога ќе одиш.

Јас го немам до сега овој проблем ама да го пишам постов бев инспириран од еден близок пријател на кој му се десија 300 срања додека успее да се договори за одмор, мада мора да напоменам дека и јас сум лабав, секогаш оставам другите да изберат па после договарам за мене. Не за друго, зашо знам ако се фатиме со некого за исти датум и нема замена тогаш биче белај работата.

Хаха, сеа ми текна на една дешавка од претходната фирма кај што работев, таму работевме и викенди и празници и се живо и моравме апла добро да се уклопуваме и околу одмори и околу слободни денови. И ја од тројцата колеги што бевме на број бев со најмал стаж во фирма и нормално за летен одмор им давам предност да бираат, ок све тоа без фрки пројде, ама зимоска околу Нова Година и Божиќ знам дека таа година некако добро се поклопуваа сите празници и пример ако земеш 2 слободни денови можеш да врзеш рецимо до 8ми, нешо у тој стил беше. И дотичнава колешка ја остававаме прва да бира, вика не не, јас во март имам планирано тогаш ќе земам денови, јас викам немам никакви планови и му оставам на третиов колега да бира ако сака да си спои. Он вика може, ќе спојам јас, е арно ама за 2-3 дена му текнува дека е кум за бадниковата вечер кај него во маало и дека на 5-ти мора да биде тука (иначе сакаше негде да иде вон Скопје) и ми вика брат нема резон да ги земам деновиве, земи ги ти ако сакаш искористи. И ајде си викам па зошто да не врзам, празници, домашна атмосфера ова она, и све океј додека не дозна дотичната колешка. :icon_lol: Зошто јас со 9 месеци стаж у фирма да спојам неколку денови? И имаше голем набој од нејзина страна 2-3 дена, после тоа се помири со судбината. Нека пуши кур, и ден денес :kuracc:
 
Кеј ако чекаш да се договорите со колеги за дата на одмор, ќе отидеш во Ноември.
Затоа прв дојден прв услужен, уште во Декември кажуваш дата и резервираш послем според таа.
Па другите нека ја тупат месец пред одмор која дата е оставена и која комбинација да ја направат.
Не сум ти јас крив што до последно си чекал.

Јас сум превзел ризик што 7 месеци уназад резериврам и каде што процентот дека таа дата баш нема да ми одговара е голем и може да ми пропадне одморот.
Ти не сакаш да превземеш ризик и чекаш до крај да се осигураш. Епа тогаш извини ама помал ризик помала добивка, ќе се ги зимаш остатоците.


Исто и со празниците. Баш годинава скоро сите празници ни беа споени со викенд. Уште во Декември им ги пишав два празника дека ги зимам слободни, имаат уште бајги споени останати што може да ти земат.
Ама доаѓа месец пред празникот и почнуваат коментарите еј ти си го зел, јас сакав да го земам, сакав да идам ваму таму.
Епа што не си кажал на време? Ама не знаев. А јас каков знаев уште на време.
 
Ne sum nekoj sho reagira emotivno i im pridava znachenje na tugji random komentari, ama ova epten pretera sekoja mera.

Imashe storija za deteto, mislam Jovan se vika sho spasuvalo lugje vo pozharot vo Kochani. So drugi lugje, dobija nagrada za hrabrost za mladi lugje koja ja dodeluva Wallenberg fondacijata vo Stockholm. Mi ispadna i od nekoj makedonski portal vest za toa na fb, i gi otvoriv komentarite. Golem broj komentari i golem broj lajkovi na niv - ne e tochno deka vlegol 20 pati, ne e toj heroj, taka e staven, ima drugi koi spasuvale a ne toj itn itn. Retko neshto me chudi vo svetov, posebno od nashata volshebna zemja, ama sho e mnogu, mnogu e, mnogu gnasni sushtestva :sick:
 
Драга Кајгана,

благодарен сум на Бога за овој ден, живеам со полн здив,
светлина гледам повеќе, радост после борба и падови.
Успението на пресвета Богородица ми дава поттик за да го следам нејзиниот пример,
без многу галама, без многу непотребни чувства и гнев, туку смирено и тивко,
беше издигната од земскиот Ерусалим кон небесниот Ерусалим, во царството небесно,
во вечноста сега не застапува нас луѓето со нејзините молитви и голем број чудеса и ден денес се случуваат.

Дишам сега, живеам, здрав сум, оздравее се што беше болка во мене,
помина темнината и изгреа светлина во душата, смиреност во срцето,
замина страшното и бурата, се разведри се и се смири и се израдував, светло светна ден.
И покрај се што беше болка и загуба, сепак на површина исплива вистината и се уништи гордоста,
утехата се пронајди во Божјото слово, во Христа надежта се пројави и
божествената вечна љубов ја засакав повеќе од се што е на светот и со неа сега ги сакам другите.

За многу години денешниот празник.
 
Кајгана,

највредна лекција која ја научив во горчливи околности е дека и Нарцисот и Емпатот, се оформени преку истата траума во детството.
Првиот осетил отсуство на љубов од мајка си, но наместо да моли за љубов тој научил да преживее без неа. Нејзиното отсуство станало начин да се преживее. Вака се оформил, отсуство на сочувство и емпатија за сите и секој. Желба за контрола. Чувство на супериорност над другите. Ова се луѓе кој на своите родители, а и на целиот свет подоцна, му ја лупнале вратата пред нос.
Вториот пак, е некој кој осетил отсуство на љубов од татко си, кој решил да реагира поинаку, со тоа што, решил сосема спротивно од Нарцисот, да ги остави вратите широко отворени, со надеж дека таја љубов некогаш ќе дојди. Сочувство, жртвување за другите, никогаш себе си на прво место, секогаш другите, тоа се неговите одлики.

Пред неколку месеци имав гледано некоја небитна серија Соулмејтс. Во далечна иднината апликација ти кажува дека твојот душевен сопатник бил или роден ил пронајден, карактерно оформен. Ви прави меч, ве спојува. Ако нема таков сопатник, ќе си седиш сам. Па така сите чекаат сигнал од апликацијата, со години. Секоја епизода, различен пар и приказна.
Една од последните епизоди ме скрши, солидно. Имено, добра мирна жена, која помагаше на скитници во дом, христијански, им готвеше храна, беше споена со насилник, кој физички ги малтретира жените. Кога се сретнаа, тој беше скршен од нејзината наивност и добрина. Се разбира на прв дејт се покажа ко успешен и крајно шармантен. Ја покани на вечера кај него дома. Таа се дотера, и појде. Наивно пресреќна. Вратата беше заклучена, но сите светла светеа во куќата. Тоа ја вознемири, па влезе преку градината од кај базенот, каде низ големи прозори можеше да види што се случува во домот. Ликот имаше викнато друга женска. Која првен ја бакна, а потоа ја раскрвари од чотек. Се сврти кон базенот за да ја види својата душевна сопатничка, како го гледа расплачена. Со ова сакаше да и покажи кој е и каков живот ја чека со него. Тоа беше ептен тежок момент, во фазонот на, сега двајцата можеме да го преколнуваме Господ заедно, за тоа што сме вакви.
Истата траума од детството, одбрала два различни животни правци. Тоа проба да ни кажи епизодата. А пошто е истата детска траума која ја преживеале, двајцата се привлекуваат ко магнети. Разбираат што им се случило.
Зошто го пишувам овa? Kај многу луѓе, насилникот нема да се вљуби до степен за да ја предупреди другата страна, и да им кажи кој е и каков е во вистинско светло. Напротив, ќе ја играат и двајцата ликови играта, до бесконечност, без да знаат што се случува.
Кратко ќе сум на форумов, на минување. Сакав да ги ѕирнам некои од ликовите кои се супер. Научив да се исклучам од места на кои не ме сакаат. Вратите не се повеќе широко отворени.
 
Кајгано,
Ти не памнеш ама ја памну, к'д од дома до Љубљана се застануеше за доручак у Предејане, и успут за бензин и за мочање.
С'га има 3 граници и две контроли што ако ѓи пројдеш за 6 саата, на коњ си.
Исто до скоро од дома до работа ми беше 15-20 минути, с'к ако идеш од Зелениково или Батинци у Скопје, спремај се да чекаш половинсаат на после Драчево, такој и за наѕад. Добро е и што нема пасошка контрола и сликање. Зашто ако уведеа и тој, требаше г'з да ни га сликав. Да се утрврди колку може да му се набута на обичан човек, пред да му га расцветав да нема оправачка.
 
Untitled-2.pngimages.jpgцвб.jpg

Кајг,
исклучително редок чин на државно оддавање почест за личност од светот на музиката и филмот, што ја нагласува нејзината огромна улога во американската култура и општество да знамињата на САД бидат спуштени на половина копје во времетраење од една недела во чест на легендарната кантри пејачка, актерка и филантроп Доли Партон, која починала на 25 август 2026 година, на 80-годишна возраст,

... спуштањето на знамињата на половина копје во САД, па и насекаде во светот обично важи за државни функционери, воени лица или при национални трагедии, два три дена и толку, па затоа овој гест ја потврдува нејзината репутација и големина како „национално богатство“ кое успеваше да ги обедини сите Американци и богами вредеше како жена во секој смисол!

...така да терање сеир на поеднинци на социјални мрежи за нејзиниот придонес и воопшто како личност само покажува колку паднале човечките вредности и стагнирање на еволуцијата на човекот и потребата од негов ресет поради вакви фабрички грешки од човечки суштества!
 
Која кукла ќеј :ljubove:



Кажу да те пола нема, да си своја сена.
Кад те питају за мене, заплачеш ко жена.
Кажу то, једва си преживео.
Ко би реко да ће тако лоше да ти крене.
Мислио си да ћу ја због тебе сећи вене (No, no, no).
Ја отишла, ти остао.


Ова нека ми биди и одјавната за ова кратко визијавленије. Се читнав со тие што се читнав во пораки. Поздрав.
 
Back
На врв Bottom