Фан клуб : Лина Ѓорческа

  • Креатор на темата Креатор на темата The King of Clay
  • Време на започнување Време на започнување
Поубаво ќе и беше оваа седмица наместо во Рим челинџерот на земјена подлога да беше пријавена за челинџер турнирот на тврда подлога во Истанбул.
И Палермо следната седмица е на земјена подлога, а веројатно и турнирот во Маспаломас е на земјена подлога.

Подобро ќе беше да играше турнири на тврда подлога со цел подобро да се подготвуваше за квалификациите за УС опен кои ќе бидат за нешто повеќе од 1 месец, за некои 40 денови.
 
Нејасно како Лина успеа да обезбеди учество на Вимблдон. Пак почна серија на порази и пред квалификациите имаше серија на порази. Не сум оптимист дека некогаш ќе се доближи до топ 100.
 
Нејасно како Лина успеа да обезбеди учество на Вимблдон. Пак почна серија на порази и пред квалификациите имаше серија на порази. Не сум оптимист дека некогаш ќе се доближи до топ 100.

Пишав на претходна страница дека требаше наместо челенџер турнири на земјена подлога да одбереше челенџер турнири на бетон за загревање за квалификациите за УС опен за 1 месец.
Ама ете ,, мојата Лина " не ме послуша. ;)
Ајде ако биде моја може ќе ме послуша за следна година во ова време да игра на турнири на тврда подлога.
Минатата седмица имаше челенџер на бетон во Истанбул, оваа седмица има челенџер на бетон во Прага.
Ама тоа е, таа одбра да игра челенџери на земјена подлога во Рим и Палермо во Италија. Потоа ќе игра и на турнир на земјена подлога во Маспаломас, ова како да се подготвува за квалификации за Ролан Гарос. :(
Можеби и е финансиски поефтино да е повеќе време во Италија отколку да патува во Истанбул и Прага, тоа не знам.
Ама пример играчи кои според рејтинг се сигурни учесници на слемовите можат да имаат луксуз и да овој период играат турнири на земјена подлога како Димитров и Циципас ама оние кои ќе играат квалификации за УС опен е логички да сега играат челенџер турнири на тврда подлога.
 
 
 
Us open квалификации игра. Втор сет е моментално. Нека провери некој што има HBO Max дали таму има пренос на мечов. Дали воопшто квалификациите ги има на HBO Max. На двата Eurosport канали нема.
12323.jpg
Автоматски споено мислење:

Најдов пренос тука
 
Како и што напишав пред 1,5 месец, подобро ќе беше Лина Ѓорческа после настапот на Вимблдон да играше челенџер турнири на бетон како подготовка за квалификациите за УС опен, имаше челенџер турнири на тврда подлога во Прага и Истанбул ама таа играше челенџери на земјена подлога во Италија.
И вчера Ѓорческа играше против Хонтама противничка од Јапонија која и е подобро рангирана но и противник кој изминатиот период настапуваше на турнири на тврда подлога.
Мојата Линче не ме послуша со советот за играње челенџери на бетон. :)
 
...

Мојата Линче не ме послуша со советот за играње челенџери на бетон. :)

Велиш ги чита твоите коментари, или лично си во комуникација со нејзе ?

Инаку да, потребна е аклиматизација и привикнување на теренот на кој играчите ќе играат отприлика месец дена пред да почнат со натпреварувањето.
 
Велиш ги чита твоите коментари, или лично си во комуникација со нејзе ?

Инаку да, потребна е аклиматизација и привикнување на теренот на кој играчите ќе играат отприлика месец дена пред да почнат со натпреварувањето.

Не сфаќајте се буквално што ќе прочитате на овој форум. ;)
Тоа дали сум во комуникација со некого е приватна работа, а ова секако беше шега од моја страна за Лина коментарите но тоа е добронамерна шега и немам никого омаловажувано посебно не личноста која беше опфатена со коментарот, а тоа дефинитивно требаше таа да игра на бетон турнири.
Последен пат таа има играно дури во Февруари на бетон, а нејзината противничка одигра 12- 13 натпревари на бетон пред квалификации за УС опен..
И јас едно време и на форумов а и во вистинскиот живот се сфаќав буквално ама направив одредени промени во животот и една од тие промени е да не сфаќам се буквално и сериозно што луѓето зборуваат, кажуваат, мислат, пишуваат....
Воопшто не се ниту трудам луѓето сериозно да ги сфаќам.
А сериозно ги ,, читам и анализирам" изразот на лицето и говорот на телото на луѓето бидејќи многу се лицемери и хипократи, за ова станувам се повеќе експерт.
 
Back
На врв Bottom