Драга Кајгана (виртуелен дневник)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
3 различни ситуации кои опфаќаат навидум потполно различни теми, а всушност заедничко им е немањето на свест, апсолутно од страна на никој.

Се враќам пред некое време и гледам дека група млади деликвентни упорно кршат контејнери и лимови (не знам дали се истите ама на таа возраст слична група и прозор на зграда на приземје кршеа претходно). И тоа имам забележано разлика од порано, не е дека ќе скршат од немарност и ќе избегаат од звукот, туку кршат со нога, рака, во стилот да видиме кој мава посилно и после не бегаат, си продолжуваат да одат како се тоа да е дел од секојдневниот ритуал. Ми пукна филмот ги пријавувам во полиција и им кажувам “300 метри подоле по улицата имате поставено сообраќајна полиција, само да се врати и ќе ги затекне на лице место", им кажав и адреса и се. Успат да кажам дека дигнаа од 8мо ѕвонење и дека комуникацијата беше како билтен во кладилница да прегледуваме заедно, споро, со објаснување, описи итн, ако некој се крие некаде да не биде убиен и пријавува, одамна ќе беше на другиот свет. И добро, поминуваат 15 минути ми се јавуваат од приватен број, “Каде сум бил, немало ништо тука, зошто не сум чекал, се трошеле ресурси на лажни пријави“. Јас им викам дека дома сум стигнат и сум пријавил ко случаен минувач, дека требало само да искомуницираат со сообраќајната и дека никој не ми кажа да чекам таму. Одеднаш друг е проблемот, со кој сум зборувал, како така он не кажал да чекам и ми спушти. И тоа беше генерално се што треба да знаете, поука од приказната, тоа што беше искршено си остана искршено, континјерот е уште искршен, лимот исто, стаклото исто (картон има место него), твојот совет за подобра комуникација не бил послушан, а само ти си бил обвинет. Да нема после плачки доверба во полиција немало или хвалопевања полицијата била брза, ажурна, координирана, ненене ништо.

Се асфалтира улицата тука (со месеци) и конечно е готова и една пишала “Супер ајде сега зонско да има може ли, да го решиме проблемот со паркингот“ и прво мислев саркастична е, кога гледам сериозна е. А како некој што живее во таа населба можам да кажам дека тука единствен проблем имаме во главите што не сакаме на 2 минути пешки да ја оставиме колата, сакаме пред зграда да ни е, по можност пред прозор, да ја гледаме дур чмаеме дома. А паркингот тука феноменално функционира, бидејќи насабајле паркинзите пред зградите се празни, луѓето одат на работа, тие што одат во Катастар можат таму да паркираат има место, навечер тие пред зградите се полни дека се вратени од работа, но паркинг местата околу Катастар се празни бидјеќи сите луѓе вработени таму и посетители си имаат заминато. Свадбари да викнеш, гости, можеш колку сакаш, само ете 2 минути пешки да пооди може ќе треба некој максимум. Ама не, требало зонско да се воведе тука за се полнат нечии џебови, не бе брате денар не треба да се даде на хиени. Треба место да лапаат станови за маркица издавање и дигање +1 кат од ДУПот на сите овие бараки после земјотресот доделени, што сега се прават згради, да ограничат градба тука и така ќе нема потреба од нови паркинг места. Не било тоа решение, зонското било.

Случајно наидов и на еден коментар кај што некој тип барал жена да го пере, пегла, дипли. И уште еден кометнар одоздола “Ти не бараш жена, туку чистачка“. И си викам чекај бе малку, ние си поисоветуваме некој што треба да ни ги извршува основните задачи со жена или со чистачка. Зарем не е доволно срамно ако ние не сме доволно самостојни да го правиме тоа. Не зборувам за луѓе што имаат физички проблеми, инвалиди и слично, зборувам за инвалиди во мозокот, здрави прави. Тоа ти е исто, како газот со гомна некој да очекуваме дека треба да ни го брише. Тоа е и немање самопочит, сме прифатиле дека сме амеби и дека за џабе го дишиме воздухот, океј сме со тоа да дембелееме и да не станеме од стол, да ги гледаме другите како ни ги мијат нашите садови кај што сме ждереле, нашите маици што сме ги усмрдиле и воопшто нема да ни е непријатно од тоа. Утре и детето ќе е таков дибек. Нема машки, женски работни задачи, и жена треба да знае сијалица да смени и машко треба да знае машина да пушти, не е срамно да не се знае нешто, срамно е да не се сака да се научи.
 
Последно уредено:
Оваа година 90% од исхраната ми е некој здрав режим срање со тератана и пливање повремено. Не дека се билдам далеку од тоа ама гледам да одржувам некоја нормална форма и килажа. Е сега имам и по некој чит ден-два у месецот али освен турчин да ти направи донер на традиционален начин, брзата храна во Швицарска воглавно е срање.

За 2 недели здравје си идам и план ми е од аеродром директ во Седмица, ќе се испљескам со мајонез до ушите а може и внатре да си ставам малку. Далеку сум од некој јадач по квантитет да се бутам со свинско пици и чист холестерол да се пукам, ама овие 20 дена колку шо ќе сум дома барем 5-6 квалитетни бургери морам да пробам.:zloo:
 
Има личности кои наместо да го живеат својот, сакаат да се мешаат во туѓите животи. Такви на кои се им смета надвор од нивниот двор. Имам едни такви комшии - пред тебе се прават добри, чиниш, на мравка не би згазиле. Зад тебе дознаваш дека ти копаат гроб. Затоа, кога дознав некои работи за нив, ја прекинав секоја комуникација со нив. Доаѓа старката еден ден додека ја чекам ќерка ми од школо, уште пролетоска и се обидува да ми прави муабет. И тоа откако апла дознав дека направиле нешто што на најлошиот душман не би му го направил, и за што таа е потполно свесна дека знам оти го направиле. Јас си гледам во телефонот и не ја регистрирам. Си ја подвитка опашката, виде колку е саат и замина. Е, арно ама на социјални мрежи (иако не ми се пријатели), од време на време ми се појавуваат нивни мислења во заедничките групи. Денес, едно такво, ни засегната, ни поврзана со муабетот, расправа на долго и на широко како некој непознат требало да го пријави соседот во полиција (соседот ништо не им прави ним, ама ете, реков, такви се, се им смета иако не се засегнати). Толкава негативна енергија ми предизвика тоа мислење што почнав да се нервирам сам со себеси иако немав никаква поврзаност со целиот муабет, ниту пак ги познавам луѓето за кои кењаше. И зедов, направив нешто што никогаш не сум го направил никому - ги блокирав сите до еден, цела фамилија на сите социјални мрежи! И одма поубаво се чувствувам. Колку би бил поубав светот минус токсичните луѓе во него!
 
Пред 35 години versus 2026 година.

image.jpg

Повисок стандард за дизајн и илустрација во '90-ти отколку сега.
За генеричните плакати со ChatGPT уста да не отвораме.
 
Драга,

колку повеќе шетам низ Европа и Евроазија толку повеќе сфаќам дека сме најгадната земја во овој дел на светот. Нешто ко Бангладеш и Индија со местоположба во Европа.

На секој чекор отпадоци и ѓубре, нечисти улици и неиспразнети контејнери. И тоа не е само во Скопје, туку и во најмалите гратчиња со по 5-10 илјади жители кај што се етнички 'чисти' од шкљ народи ко арапско-афричките имигранти низ Германија. Што глота народ ќе бевме, без осет за хигиена и чистота тоа е страшно нешто. Па и ко ќе ги испразнат контејнерите од комуналие, ако има некој отпадок паднат до контејнерот нема да го соберат. Ќе им падне круната од глава.

За народов мислам само диктатура ко Белорусија е лекот. Гледам еден пријател шеташе низ Белорусија скоро, вика почиста земја немал видено, а има пројдено бааги низ светов. Ама таму лошо се живеело, диктатура било, вака било, така било, овде сме си имале слобода. Да се плукнам у ваквата слобода.
 
Драга

Ја нема девојка ми и сум на четврт од четири дена пиење, јбг се што е добро има крај. Во моментов сум во состојба која што е блажена и Финците ја опишуваат со еден збор - kalsarikännit. За тие што не зборат фински, тоа е да седиш по долна облека и да пиеш сам. Salut!

 
Драга,

На денешен ден, пред една деценија го направив првиот и единствен профил овде. Не се сеќавам како започнав да ја следам темата за кошаркарскиот клуб Куманово, ама знам дека тие беа причина да направам профил, зошто долго време ја пратев, па сакав да учествувам во дискусиите. Секако после долго време најдов и други теми на кои сакам да дискутирам.

Од моментот кога го направив профилот ретко да сум правел пауза барем во читање на темите, зошто во последно време немам многу време за дискусии.
Од добрите работи кои се случија – ке го издвојам локдаунот. Не зошто не затворија како во затвор, туку бидејќи се роди екипа која цепаше Кантер секој ден. Секако се издвоивме дел од таа екипа и направивме група која комуницира секој ден. Жал ми е само што додека бев во Македонија никогаш не седнавме заедно да се дружиме, а и реално некои се во странство, некои раштркани во различни градови.

Имам исто така голема желба да ги запознаам господата од фан клубот на Интер, бидејќи не се само занимиливи луѓе, туку навиваме и за ист тим. До следно пишување Кајгана и се надевам дека ке заживееш пак како некогаш и ке имаш многу нови интересни членови!
 
Back
На врв Bottom