Ај да прашам во врска со отварање сопствена адвокатска канцеларија - гледам во барањето за упис пишува
Јас од ___ ______,
со ЕМБ _ __________________барам да бидам запишан/а во _________________ сесија, во Именикот на адвокати на Адвокатската комора на Република Северна Македонија,како адвокат поединец.
Седиштето на адвокатската канцеларија ќе биде во .....на ул/бул
а за датум на отпочнување со работа го определувам__________________ година
Дали ова значи дека може да се извади лиценца, а да се започне со работа подоцна?
...еве што ми одговориле кога прашав, прво дали го имаш решено прашањето со
деловниот простор (седиштето), бидејќи тоа е услов за упис и потребни информации за
целосната листа на документи и трошоци кои се плаќаат кон Комората.
...со ова барање за упис значи дека можеш да го завршиш процесот на лиценцирање, а
датумот на официјално отпочнување со работа да се одреди за подоцна.
... кога се запишуваш во Именикот на адвокати, Адвокатската комора донесува решение за твојот упис, но вистинските обврски (како што се плаќање придонеси, даноци и активен статус во Централниот регистар) започнуваат од денот што самиот ќе го наведиш како датум на отпочнување.
...обично се остава разумен рок (на пример, неколку недели или месец-два) од поднесувањето на барањето до реалниот почеток, со цел да си ги подготвиш просториите, печатот, тековна сметка и сл.
... по одобрувањето на уписот, а пред датумот на отпочнување, ќе треба да дадеш свечена заклетва пред Комората.
... датумот кој ќе го наведиш во барањето ќе биде и датумот кога твојата адвокатска канцеларија ќе се регистрира како правен субјект (адвокат поединец) во Централниот регистар.
овде и да сакаат не може да знаат да ти одговорат не ги знаат овие информации, само ќе им овозможиш со право да се смеат и фаќаат сеир, можеби твојот пристап е искрен но не заборавај кај живееш, поздрав и ти посакувам успех во работењето
...еве не ги знаевме информациите, ама ги научивме и ги споделуваме без сеир
