Правна помош и совети

  • Креатор на темата Креатор на темата Струмикс
  • Време на започнување Време на започнување
Да, сите податоци што идат со станот. Стан бр тој и тој, поместен на КП таа и таа ИЛ тој и тој, ЗП толку и толку м2 во ИЛ тој и тој, паркинзи, заеднички површини, се’ треба точно да се наведе.
Што е тоа ЗП?
 
Дали се работеше за стан или куќа? Дали и за наследување на стан мора да се наведува катастерска парцела, број, двор и земјиште под објектот?

Во мојот пример се однесуваше на куќа. За стан мислам дека е полесно, бидејќи обично има попрецизна документација (купопродажен договор, имотен лист, наследно решение итн.). Колку што знам, вакви проблеми почесто се јавуваат кај куќите, каде што објектот и земјиштето не секогаш се наведени доволно прецизно (на пример, при приватизација објектот и земјиштето можеле да бидат евидентирани одделно) или се водат одделно во катастар.

Инаку, за да нема вакви ситуации, најдобро е во документацијата јасно да бидат наведени катастарската парцела (КП број) и објектот изграден на неа.
 
Ај да прашам во врска со отварање сопствена адвокатска канцеларија - гледам во барањето за упис пишува
Јас од ___ ______,

со ЕМБ _ __________________барам да бидам запишан/а во _________________ сесија, во Именикот на адвокати на Адвокатската комора на Република Северна Македонија,како адвокат поединец.
Седиштето на адвокатската канцеларија ќе биде во .....на ул/бул

а за датум на отпочнување со работа го определувам__________________ година

Дали ова значи дека може да се извади лиценца, а да се започне со работа подоцна?

Автоматски споено мислење:

Ај да прашам во врска со отварање сопствена адвокатска канцеларија - гледам во барањето за упис пишува
Јас од ___ ______,....со ЕМБ _ __________________барам да бидам запишан/а во _________________ сесија, во Именикот на адвокати на Адвокатската комора на Република Северна Македонија,како адвокат поединец.
Седиштето на адвокатската канцеларија ќе биде во .....на ул/бул

а за датум на отпочнување со работа го определувам__________________ година
Дали ова значи дека може да се извади лиценца, а да се започне со работа подоцна?
 
Ако адвокат бара правен совет на форум, си ебале мајката и државата, и образованието....
Ми го зеде зборот од уста, инаку да му одговорам на новиот колега, да може така подоцна да започнеш со вршење на дејноста, и мој најискрен совет, вакви прашања прашај колеги и колешки не вака на форум, овде и да сакаат не може да знаат да ти одговорат не ги знаат овие информации, само ќе им овозможиш со право да се смеат и фаќаат сеир, можеби твојот пристап е искрен но не заборавај кај живееш, поздрав и ти посакувам успех во работењето :)
 
Namerata ne bese vo praven sovet na forum kako sto pisaa pogore, poentata bese vo tolkuvanje na napisanoto, da vidime dali ima smisla i dali e taka pravilno da se pocne podocna :) zaednickoto pravnicko tolkuvanje vo nikoj slucaj ne e praven sovet no...toa e toa :) tnx
 
Правен совет е и тоа :D
 
овде и да сакаат не може да знаат да ти одговорат не ги знаат овие информации
Uff Rocket science upm
Nicole Scherzinger Television GIF
 
Ај да прашам во врска со отварање сопствена адвокатска канцеларија - гледам во барањето за упис пишува
Јас од ___ ______,

со ЕМБ _ __________________барам да бидам запишан/а во _________________ сесија, во Именикот на адвокати на Адвокатската комора на Република Северна Македонија,како адвокат поединец.
Седиштето на адвокатската канцеларија ќе биде во .....на ул/бул

а за датум на отпочнување со работа го определувам__________________ година

Дали ова значи дека може да се извади лиценца, а да се започне со работа подоцна?
...еве што ми одговориле кога прашав, прво дали го имаш решено прашањето со деловниот простор (седиштето), бидејќи тоа е услов за упис и потребни информации за целосната листа на документи и трошоци кои се плаќаат кон Комората.

...со ова барање за упис значи дека можеш да го завршиш процесот на лиценцирање, а датумот на официјално отпочнување со работа да се одреди за подоцна.

... кога се запишуваш во Именикот на адвокати, Адвокатската комора донесува решение за твојот упис, но вистинските обврски (како што се плаќање придонеси, даноци и активен статус во Централниот регистар) започнуваат од денот што самиот ќе го наведиш како датум на отпочнување.

...обично се остава разумен рок (на пример, неколку недели или месец-два) од поднесувањето на барањето до реалниот почеток, со цел да си ги подготвиш просториите, печатот, тековна сметка и сл.

... по одобрувањето на уписот, а пред датумот на отпочнување, ќе треба да дадеш свечена заклетва пред Комората.

... датумот кој ќе го наведиш во барањето ќе биде и датумот кога твојата адвокатска канцеларија ќе се регистрира како правен субјект (адвокат поединец) во Централниот регистар.
овде и да сакаат не може да знаат да ти одговорат не ги знаат овие информации, само ќе им овозможиш со право да се смеат и фаќаат сеир, можеби твојот пристап е искрен но не заборавај кај живееш, поздрав и ти посакувам успех во работењето :)
...еве не ги знаевме информациите, ама ги научивме и ги споделуваме без сеир :)
 
Последно уредено:
Back
На врв Bottom