Правна помош и совети

  • Креатор на темата Креатор на темата Струмикс
  • Време на започнување Време на започнување
Да, сите податоци што идат со станот. Стан бр тој и тој, поместен на КП таа и таа ИЛ тој и тој, ЗП толку и толку м2 во ИЛ тој и тој, паркинзи, заеднички површини, се’ треба точно да се наведе.
Што е тоа ЗП?
 
Дали се работеше за стан или куќа? Дали и за наследување на стан мора да се наведува катастерска парцела, број, двор и земјиште под објектот?

Во мојот пример се однесуваше на куќа. За стан мислам дека е полесно, бидејќи обично има попрецизна документација (купопродажен договор, имотен лист, наследно решение итн.). Колку што знам, вакви проблеми почесто се јавуваат кај куќите, каде што објектот и земјиштето не секогаш се наведени доволно прецизно (на пример, при приватизација објектот и земјиштето можеле да бидат евидентирани одделно) или се водат одделно во катастар.

Инаку, за да нема вакви ситуации, најдобро е во документацијата јасно да бидат наведени катастарската парцела (КП број) и објектот изграден на неа.
 
Ај да прашам во врска со отварање сопствена адвокатска канцеларија - гледам во барањето за упис пишува
Јас од ___ ______,

со ЕМБ _ __________________барам да бидам запишан/а во _________________ сесија, во Именикот на адвокати на Адвокатската комора на Република Северна Македонија,како адвокат поединец.
Седиштето на адвокатската канцеларија ќе биде во .....на ул/бул

а за датум на отпочнување со работа го определувам__________________ година

Дали ова значи дека може да се извади лиценца, а да се започне со работа подоцна?

Автоматски споено мислење:

Ај да прашам во врска со отварање сопствена адвокатска канцеларија - гледам во барањето за упис пишува
Јас од ___ ______,....со ЕМБ _ __________________барам да бидам запишан/а во _________________ сесија, во Именикот на адвокати на Адвокатската комора на Република Северна Македонија,како адвокат поединец.
Седиштето на адвокатската канцеларија ќе биде во .....на ул/бул

а за датум на отпочнување со работа го определувам__________________ година
Дали ова значи дека може да се извади лиценца, а да се започне со работа подоцна?
 
Ако адвокат бара правен совет на форум, си ебале мајката и државата, и образованието....
Ми го зеде зборот од уста, инаку да му одговорам на новиот колега, да може така подоцна да започнеш со вршење на дејноста, и мој најискрен совет, вакви прашања прашај колеги и колешки не вака на форум, овде и да сакаат не може да знаат да ти одговорат не ги знаат овие информации, само ќе им овозможиш со право да се смеат и фаќаат сеир, можеби твојот пристап е искрен но не заборавај кај живееш, поздрав и ти посакувам успех во работењето :)
 
Namerata ne bese vo praven sovet na forum kako sto pisaa pogore, poentata bese vo tolkuvanje na napisanoto, da vidime dali ima smisla i dali e taka pravilno da se pocne podocna :) zaednickoto pravnicko tolkuvanje vo nikoj slucaj ne e praven sovet no...toa e toa :) tnx
 
Правен совет е и тоа :D
 
овде и да сакаат не може да знаат да ти одговорат не ги знаат овие информации
Uff Rocket science upm
Nicole Scherzinger Television GIF
 
Ај да прашам во врска со отварање сопствена адвокатска канцеларија - гледам во барањето за упис пишува
Јас од ___ ______,

со ЕМБ _ __________________барам да бидам запишан/а во _________________ сесија, во Именикот на адвокати на Адвокатската комора на Република Северна Македонија,како адвокат поединец.
Седиштето на адвокатската канцеларија ќе биде во .....на ул/бул

а за датум на отпочнување со работа го определувам__________________ година

Дали ова значи дека може да се извади лиценца, а да се започне со работа подоцна?
...еве што ми одговориле кога прашав, прво дали го имаш решено прашањето со деловниот простор (седиштето), бидејќи тоа е услов за упис и потребни информации за целосната листа на документи и трошоци кои се плаќаат кон Комората.

...со ова барање за упис значи дека можеш да го завршиш процесот на лиценцирање, а датумот на официјално отпочнување со работа да се одреди за подоцна.

... кога се запишуваш во Именикот на адвокати, Адвокатската комора донесува решение за твојот упис, но вистинските обврски (како што се плаќање придонеси, даноци и активен статус во Централниот регистар) започнуваат од денот што самиот ќе го наведиш како датум на отпочнување.

...обично се остава разумен рок (на пример, неколку недели или месец-два) од поднесувањето на барањето до реалниот почеток, со цел да си ги подготвиш просториите, печатот, тековна сметка и сл.

... по одобрувањето на уписот, а пред датумот на отпочнување, ќе треба да дадеш свечена заклетва пред Комората.

... датумот кој ќе го наведиш во барањето ќе биде и датумот кога твојата адвокатска канцеларија ќе се регистрира како правен субјект (адвокат поединец) во Централниот регистар.
овде и да сакаат не може да знаат да ти одговорат не ги знаат овие информации, само ќе им овозможиш со право да се смеат и фаќаат сеир, можеби твојот пристап е искрен но не заборавај кај живееш, поздрав и ти посакувам успех во работењето :)
...еве не ги знаевме информациите, ама ги научивме и ги споделуваме без сеир :)
 
Последно уредено:
Познат е проблемот што се влече од ехЈУ, но и од новата квази држава, продавање на станови во Згради кој се во ВОЗДУХ, т.е. земјиштето под зграда е на Р.Македонија или друго. Апсурдот е што ПРОДАВАЧОТ на становите и фирмата што градела ПОСТОЈАТ и ДЕНЕС, на пример СИЗ за Домување , Гранит, но Проблемот не се решава. Надлежната општина го саботира, те немало ДУП, те имало промени кај сопствениците. Проблемот постоел и во друг ехЈу држави, но мислам дека скоро сите го решија.Читав дека во Хрватска, УСТАВНИОТ СУД донел одлука дека секоја колективна зграда која е изградена со ДОЗВОЛА и Становите се со Имотни Листови е сопственик на Земјиштето ПОД Зграда, т.е. таа не може да биде во воздух. Се јавив еднаш во Министерство за Правда, надлежната ШИЗНА кога и го кажав се ова, демек Други биле законите во Хрватска, па и нејзината зграда била во Воздух....
Ај тоа, ама сега има и други случаи. Пред 20 години во Охрид, за време на охридскиот октопод Петрески , се изградија стотици згради со 3-4 спрата на место на урнати куќи и тоа ФОРМАЛНО газдите на урнатите куќи Градеа, а всушност градеше и продаваше фирма. Газдите имаа нотарски договор да извршат приватизација на земјата. Но некој од газдите иако земале пари за тоа, не извршиле приватизација, починале, а наследници нема, т.е. за живот се поделиле.Земјиштето се водеше во катастар на име на стариот газда, ама сопств3ност нула, 0. Сега на катастарот му текнало да биде сопственост 1, демек НЕ ЗНАЕЛЕ дека е изградена зграда ???, а становите имаат имотни листови. Требало сите станари да ангажираат адвокат, тој ќе нашол човек кој ке се прифател да го надледи земјиштето и да го приватизира, јасно се тоа треба да се ПЛАТИ. Како бел ден е јасно дека не можеш да организираш 20+ станар, тешко и да ги собереш, не па уште значителни пари да се дават. А постапка зошто не може да биде со ОДЗЕМАЊЕ на земјиштето на стариот газда, од страна на Државата и станарите да ја купат по симболичнацена ???
Патем да спомнам дека не е решено правно ни ПЛАЌАЊЕ ДАНОК на земјиште под зграда, да не зборувам за ДВОРОВИТЕ во колективните згради кој често ги користат станарите од приземјето, а на многу места при градба се изграденибетонски и челични огради, а дури многу од приземните станови и ги ПОМЕСТИЈА оградите по мекој метар вон дворната парцела на зградата.Пенов почна самоволно да наплаќа, но без никаков критериум и јасно престанаа луѓето да плаќаат. Всушност проблемот е што купуваш само стан, а ги плаќаш со цената на станот и трошковите за заедничките простори и инсталации во ЗГРАДАТА. Потребно е законски да се воведат сопственици на целата зграда, а купувачите, само на становите, ќе плаќаат надомест за заедничките простории. Но тогаш НЕМА ДА МОЖЕ Јанко и Петко да УЗУРПИРААТ дел од Ходникот, да си ја поместат влезната врата, или во просторот за ВТОР лифт да ВГРАДАТ вграден ОРМАР, а Трајко да си го Узурпира дворното место каде се ШАХТИТЕ за канализација и вен5илот за затварање вода...итн
 
Ќе пробам да образложам еден случај со којшто примарно би сакал да креирам дискусија и да ги прочитам вашите мислења, а секундарно да добијам правна помош, совет или насока.

Клиент го остава возилото за сервис во локална работилница со цел да се изврши промена на масло во преден, заден диференцијал и редуктор.

После 150 км. од сервисот се појавуваат чудни звуци под возилото и клиентот нормално се решава да ја контактира работилницата.
Работилницата бара колата да се донеси на инспекција и тест возење со цел да се утврди за каква штета станува збор, и дали воопшто е штета во прашање.

После тест-вожња и подигање на возилото на дигалка - од страна на работилницата е утврдена штета во редукторот (неофицијално и по претпоставка), која тие одбиваат да ја поправат и тврдат дека нема никаква врска со нивниот сервис и промената на масло.

Клиентот се сомнева во тврдењата, и за среќа има правно осигурување за кое се решава да го активира.
Ангажиран е вештак кој по веродостојна постапка ќе утврди дали има било каква штета, и дали постои причинско-последична врска на работилницата и самиот сервис со настанатата штета.

Најинтересниот дел!
-Утврдено е дека сервисот не направил промена на масло во предниот диференцијал и во редукторот, а наплатил за истото.
(Кривично дело)

Докажи кои водат до тоа се:
- зарѓани штрафови кои јасно укажуваат дека не биле во контакт со алат, т.е.воопшто не биле одвртени.

Промената на масло била извршена само во задниот диференцијал.
А штета е утврдена во предниот диференцијал во кој не е променето масло, а не во редукторот како што тие првично тврделе.

Што не е во корист на клиетот- штетата.
Според вештакот, штетата е настаната поради изабеност и старост и нема никаква врска со работилницата и сервисот.

Адвокатот од клиентот за жал бил тешко достапен и крајно незаинтересиран, за да накрај после еден месец чекање откако му е доставен извештајот од вештакот за понатамошни чекори - едноставно праќа меил дека случајов нема никакви шанси да се добие.

И сега што имаме- На клиентов му се наметнува едно "изгубено" парнично дело и едно потенцијално кривично дело кое може да го покрене.

Дали делот би се расипал и ако би била извршена промена на масло?
Тоа е прашање кое клиентот го поставува, а е занемарено од страна на вештакот и екс адвокатот.

Клиентот сака да докаже дека во диференцијалот е настанат термален шок поради неефикасност на маслото, или недоволно количество на истото.

Се сеќавате на делот во кој од работилницата тврдат дека во прашање е дефект во редуктор а не во диференцијал?
Е па уште еден акт на кривично дело!
- Обид за прикривање на измама (која тие би ја нарекле "грешка")
А грешка би била само ако после тие 150 км. со инспекцијата и подигањето на возилото на дигалка си го признале ненаправениот сервис.
А со тоа што го насочуваат клиентот кон штета во друг дел, само ми дава за право да верувам дека станува збор за измама и обид за прикривање на истата.

Клиентот не го интересира казнената постапка и санкциите кон работилницата во казнената постапка.
Го сака возилото во првобитна состојба, т.е. исправно и со променет диференцијал од страна на работилницата.

Клиентот бара темелна анализа на маслото во лабораторија и проверка на внатрешноста на делот.
Се надева на резултат кој би му дал барем малку надеж во понатамошна парнична постапка.
Смета дека сепак индиректно постои причинско-последична врска со самото неизвршување на сервисот и настанатата штета.

Опциите на клиентот:

1. Дополнително развивање на случајот за понатамошна парнична постапка?
2. Закана со кривична пријава како алатка за спогодба.
3. Директно кривична пријава и инволвирање на полиција.

Мислења и заклучоци ваши?
 
Последно уредено:
ако е случајов во мк пиши пропао, за во друг дел од светот можно е некако вистината да исплива на површина макар да прашање е и кој има живци да ги избрка сите постапки до крај и како треба,

а за постапките на сервисот нема што да се коментира дно-дна мме хохштаплерско.

п.с одсекогаш сум велел наплати си колку што ти чини трудат ама сработи си според договореното!
 
Ќе пробам да образложам еден случај со којшто примарно би сакал да креирам дискусија и да ги прочитам вашите мислења, а секундарно да добијам правна помош, совет или насока.

Клиент го остава возилото за сервис во локална работилница со цел да се изврши промена на масло во преден, заден диференцијал и редуктор.

После 150 км. од сервисот се појавуваат чудни звуци под возилото и клиентот нормално се решава да ја контактира работилницата.
Работилницата бара колата да се донеси на инспекција и тест возење со цел да се утврди за каква штета станува збор, и дали воопшто е штета во прашање.

После тест-вожња и подигање на возилото на дигалка - од страна на работилницата е утврдена штета во редукторот (неофицијално и по претпоставка), која тие одбиваат да ја поправат и тврдат дека нема никаква врска со нивниот сервис и промената на масло.

Клиентот се сомнева во тврдењата, и за среќа има правно осигурување за кое се решава да го активира.
Ангажиран е вештак кој по веродостојна постапка ќе утврди дали има било каква штета, и дали постои причинско-последична врска на работилницата и самиот сервис со настанатата штета.

Најинтересниот дел!
-Утврдено е дека сервисот не направил промена на масло во предниот диференцијал и во редукторот, а наплатил за истото.
(Кривично дело)

Докажи кои водат до тоа се:
- зарѓани штрафови кои јасно укажуваат дека не биле во контакт со алат, т.е.воопшто не биле одвртени.

Промената на масло била извршена само во задниот диференцијал.
А штета е утврдена во предниот диференцијал во кој не е променето масло, а не во редукторот како што тие првично тврделе.

Што не е во корист на клиетот- штетата.
Според вештакот, штетата е настаната поради изабеност и старост и нема никаква врска со работилницата и сервисот.

Адвокатот од клиентот за жал бил тешко достапен и крајно незаинтересиран, за да накрај после еден месец чекање откако му е доставен извештајот од вештакот за понатамошни чекори - едноставно праќа меил дека случајов нема никакви шанси да се добие.

И сега што имаме- На клиентов му се наметнува едно "изгубено" парнично дело и едно потенцијално кривично дело кое може да го покрене.

Дали делот би се расипал и ако би била извршена промена на масло?
Тоа е прашање кое клиентот го поставува, а е занемарено од страна на вештакот и екс адвокатот.

Клиентот сака да докаже дека во диференцијалот е настанат термален шок поради неефикасност на маслото, или недоволно количество на истото.

Се сеќавате на делот во кој од работилницата тврдат дека во прашање е дефект во редуктор а не во диференцијал?
Е па уште еден акт на кривично дело!
- Обид за прикривање на измама (која тие би ја нарекле "грешка")
А грешка би била само ако после тие 150 км. со инспекцијата и подигањето на возилото на дигалка си го признале ненаправениот сервис.
А со тоа што го насочуваат клиентот кон штета во друг дел, само ми дава за право да верувам дека станува збор за измама и обид за прикривање на истата.

Клиентот не го интересира казнената постапка и санкциите кон работилницата во казнената постапка.
Го сака возилото во првобитна состојба, т.е. исправно и со променет диференцијал од страна на работилницата.

Клиентот бара темелна анализа на маслото во лабораторија и проверка на внатрешноста на делот.
Се надева на резултат кој би му дал барем малку надеж во понатамошна парнична постапка.
Смета дека сепак индиректно постои причинско-последична врска со самото неизвршување на сервисот и настанатата штета.

Опциите на клиентот:

1. Дополнително развивање на случајот за понатамошна парнична постапка?
2. Закана со кривична пријава како алатка за спогодба.
3. Директно кривична пријава и инволвирање на полиција.

Мислења и заклучоци ваши?
За да дојде до ваков голем дефект претходно клиентот кога го сменил маслото?
Ако претходно го нема сменето редовно на секои 60000 км или 5 години (кое тешко ќе докаже дека редовно го менувал претходно во тој интервал), со други зборови, го губите предметот, дали сте го прашале вашиот клиент дали пробува некој гратис да му го поправи дефектот? :)
 
Back
На врв Bottom