Setsuko
Модератор
- Член од
- 29 јануари 2006
- Мислења
- 6.466
- Поени од реакции
- 6.467
Размислував дали да ја отворам темата во Психологија, во Општи или во Филм (баш е филмска), се одлучив во Општи, па ако има потреба модераторите ќе преместат.
Најпрво да кажам дека Миа дозволи да се отвори темава и да се стави видеото на YouTube бидејќи сите информации се јавни, а можеби и некој ќе изнесе став или ќе помогне некако во пронаоѓање на личноста.
Вечерва инфлуенсерката Миа Костова објави неколку сториња на својот инстаграм профил на кои раскажува како речиси цела година си пишувала со некоја жена што ѝ раскажува дека работи на онкологија, дека изгубила две мали ќерки од леукемија и сега има 3-4 годишно девојче што наводно се вика Миа. Тука ја охрабрува колку е силна после сѐ што ѝ се случило итн. итн. за на крај да се испостави дека всушност девојката не постои и украла идентитет на некоја рандом пејачка од Србија. Но, најјезиво од сѐ е што таргетирала жени на кои навистина им се случила приказната што таа ја измислува, односно изгубиле или имаат здравствени проблеми со нивните дечиња. Дури и еден наш портал објавил сторија за неа и некако ко да немало простор за сомневање во нејзиниот идентитет.
Целото видео, сублимирано од сторињата е тука:
Е сега, сакам да продискутираме од психолошки аспект за каква личност станува збор всушност?
Колку треба да сме внимателни со секој збор што го разменуваме со некој на интернет?
Колку реално може да наштетат ваквите „феномени“ и колку скапо ја плаќаме наивноста?
Дали постои закон во државава што би казнувал ваков таканаречен сајбер криминал?
И на крајот, која е поентата на сето ова?