Netflix worthy catfish приказна на социјалните мрежи

  • Креатор на темата Креатор на темата Setsuko
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.

Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.468
Поени од реакции
6.473
Размислував дали да ја отворам темата во Психологија, во Општи или во Филм (баш е филмска), се одлучив во Општи, па ако има потреба модераторите ќе преместат.

Најпрво да кажам дека Миа дозволи да се отвори темава и да се стави видеото на YouTube бидејќи сите информации се јавни, а можеби и некој ќе изнесе став или ќе помогне некако во пронаоѓање на личноста.

Вечерва инфлуенсерката Миа Костова објави неколку сториња на својот инстаграм профил на кои раскажува како речиси цела година си пишувала со некоја жена што ѝ раскажува дека работи на онкологија, дека изгубила две мали ќерки од леукемија и сега има 3-4 годишно девојче што наводно се вика Миа. Тука ја охрабрува колку е силна после сѐ што ѝ се случило итн. итн. за на крај да се испостави дека всушност девојката не постои и украла идентитет на некоја рандом пејачка од Србија. Но, најјезиво од сѐ е што таргетирала жени на кои навистина им се случила приказната што таа ја измислува, односно изгубиле или имаат здравствени проблеми со нивните дечиња. Дури и еден наш портал објавил сторија за неа и некако ко да немало простор за сомневање во нејзиниот идентитет.

Целото видео, сублимирано од сторињата е тука:



Е сега, сакам да продискутираме од психолошки аспект за каква личност станува збор всушност?
Колку треба да сме внимателни со секој збор што го разменуваме со некој на интернет?
Колку реално може да наштетат ваквите „феномени“ и колку скапо ја плаќаме наивноста?
Дали постои закон во државава што би казнувал ваков таканаречен сајбер криминал?
И на крајот, која е поентата на сето ова?
 
Миа Костова, 19 минутно видео?

026dd82f1c15d743e25f6fc02a7b7445.jpg
 
Миа Костова, 19 минутно видео?

026dd82f1c15d743e25f6fc02a7b7445.jpg

Не е за Миа муабетов.


Пред 10 години да отворев ваква тема на форум до сеа ќе имаше 10-15 страници. После зошто губиме желба за дискусија и отворање теми.
При толку прашања за 'феноменов' catfish за Миа се фаќате.
 
Абе catfish има уште од времето на mIRC, аман.

Да, скроз е исто да глумиш на mIRC дека си женско кога ти е досадно и цела година да stalk-аш жени со болни дечиња. Скроз иста дијагноза.
 
Да, скроз е исто да глумиш на mIRC дека си женско кога ти е досадно и цела година да stalk-аш жени со болни дечиња. Скроз иста дијагноза.
А од каде знаеш дека Миа не стои зад целата оваа приказна само за да привлече повеќе публика на нејзината платформа?
 
И таму имаше болни работи.

Само тогаш немаше инфлуенсерки нели...

И? Што е битно дали имало или немало инфлуенсерки за да дискутираме за овие појави.


А од каде знаеш дека Миа не стои зад целата оваа приказна само за да привлече повеќе публика на нејзината платформа?

Не знам. Ама еве трет пост по ред се обидувам да објаснам дека не е битна Миа во приказната. И со Миа и без неа вакви луѓе постоеле и ќе постојат.
Во воведниот пост поставив прашања за дискусија. Ама не, поинтересно е memes и доскочници за скроз небитни ствари да дискутираме.


Нема везе ај @Zlatikevichius ставај клуч, утната е поентата скроз.
 
Е сега, сакам да продискутираме од психолошки аспект за каква личност станува збор всушност?
Колку треба да сме внимателни со секој збор што го разменуваме со некој на интернет?
Колку реално може да наштетат ваквите „феномени“ и колку скапо ја плаќаме наивноста?
Дали постои закон во државава што би казнувал ваков таканаречен сајбер криминал?
И на крајот, која е поентата на сето ова?
Е сега, сакам да продискутираме од психолошки аспект за каква личност станува збор всушност?
- Костиќ личност.
Колку треба да сме внимателни со секој збор што го разменуваме со некој на интернет?
- Многу внимателни
Колку реално може да наштетат ваквите „феномени“ и колку скапо ја плаќаме наивноста?
- Не им верувај без да поврдиш, и нема да имаат ич штета.
Дали постои закон во државава што би казнувал ваков таканаречен сајбер криминал?
- Не, веќе постоечките закони не се спроведуваат, па што е поентата на носење нови.
И на крајот, која е поентата на сето ова?
- Внимание.
 
Со Миа Костова порнич не би гледал, камоли видео оти некој ја тролал на нет.

Нека се регистрира на форумот 18 психијатри нема да ја состават после една година @bijons кога ќе и извади фолдери со слики како била на фризер некаде. :pos:
 
Ај сега заборавете ја Миа во приказната. Рандом жена, ете, на Цвета 2 и се случило ова. Цвета 2 не е инфлуенсерка. Што мислите сега за ситуацијата?
 
Ај сега заборавете ја Миа во приказната. Рандом жена, ете, на Цвета 2 и се случило ова. Цвета 2 не е инфлуенсерка. Што мислите сега за ситуацијата?

Да го преживее човек сево ова, па уште и некој трол што пати за внимание да се храни од таа болка.

 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot
Многу се 20 минути на ова да се фрлат, ама и на незигледано ќе кажам дека секогаш на некои вакви им се случуваат премрежјава од кои треба останатите да сме шокирани.

Нека не замара.
 
Статус
Затворена за нови мислења.
Back
На врв Bottom