Кога бев во америка, доста често го поставував прашањето на нееднаквоста. Посочував на сиромашните, на бездомниците, на луѓето што живеат во трејлери. Не само црнци и мексиканци, има доста и whitetresh.
Добив добар одговор од еден професор: „точно е, во САД има доста сиромаштија, но има и многу богати луѓе. Процентуално најповеќе во светот. Во САД секој има или мисли дека има шанса да стане богат. Системот е така направен, американсиот сон понекогаш да може да се оствари. И луѓето веруваат дека и тие ќе се обогатат еден ден, а посебно вербата е силна кај оние што доаѓаат од страна. Она што не е добро, е тоа што системот не е димензиониран да има мал број поединци кои го собираат целиот кајмак. И тоа на крајот и ќе го сруши „. Тоа ми го рече уште пре скоро 20 години, и навистина така испадна.