Драга Кајгана (виртуелен дневник)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Кајгано,
Дробат овие по светов за зголемување на границата за пензионирање.
Реално Чичко Фенел наскоро ќе наполни 67, работи сеуште не е отиден во пензија. Не му е тешка физички работата, а и умствено по желба.
Сакал нејќел он го скрати работното време на 5 саати, му се може :D
Е сега, кога се враќа дома, веќе батериите му се на 30%. А кобајаги сам паша сам ага. Можам да замислам што ќе биде за 3 години.
Муда да едев(што би рекле Кумановци), тија од власт што се залагав да се работи до 70.
 
Често пати се оклучувам тука, нема никој сам сум, и онака зјапам само во екранот.

Најголем меланхоничен реалити чек доживувам, особено ако е тивко … тажно и поетско во исто време, ко некој боем во кафана.

IMG_2954.jpeg
 
Драга,

дали е коинциденција или не ама кога ќе идеш по десното патче на сликата на @Del Boy и одма ќе свртиш десно искачаш кај еден пазар со една кокошка. Од пазарот вртиш лево и влагаш у еден тунел што води кон една вила. Во вилата на прв кат над приземјето има џубокс каде што 24/7 врти песната што ја постираше @Lokvan.
 
Нема подобар момент од песната на Павароти у комбинација со звучни ефекти од репетирање и пунење шаржер. До тебе 2 литра кока кола, хамбургер, телефон со полифони мелодии, 3 саат сабајле а веќе сте на 150та партија и следна стаза е Dust…никој не си оди дома, немаш никакви обврски.
 
Пишманување

Ладна е водата, не влегвај,
нит душа пред друг слеквај,
нит со сласт туѓ ум пијај.

Желбата за друг распрачи ја
и в езеро на рибите фрли ја,
и не се врти на нивното - нам ништо не ни остана.

А приквечер, кога желбата одново ќе ти дојт,
потсети ја дек не мојт,
зш ак едниот е река,
а другиот океан,
кј ќе живеат?


Драга, има една жена во мене која ретко ја гледа дневната светлина, а таа е оваа која пишува поезија.
Што од немање инспирација, што од смачено ми е да пишувам. Пишувањето бара многу изолација, самотување, а од тоа ми е доволно.
Ама оваа погоре ми дојде да ја пишам дур бев тет-а-тет со езерото наше Охридско. Тој Охрид секогаш знаел да извади нешто од мене, нешто и мене непознато. Или заборавено.

Ми недостига инспирација во форма на човек во животот. Не можам да сум си и свеќата и упаљачот во животов ми.
И јас сум, наспроти сите докази за спротивното во реалноста, само човек.
 
Draga mavanje grom vo kameno doba me vrati :(
Rekov jas uste vo ponedelnikot deka ne trgna nedelata kako so treba.
P.s arno mobilniot so ne mi bese na polnac, uste toj mi ostana zdrav :D
Ova vo koja stavka vo kosnickata ke go klajme, vo nepredvideni trosoci ili kako :cautious:
 
Последно уредено:
Драга,
Пишувањето е трики работа.
Можеш да бидеш хроничар на времето, ако успееш да се одалечиш од предметот на обработка.
Но ако пробаш да го опишеш светот како го гледаш и чувстуваш, внесувајки нитка од својата душа, треба да си луд,
И ако не си, пак кај е да е внатрешниот порив и конфликт сам ќе те полуди.
Примери еден куп.
Пробано, не фала, немам јас панкреас за тоа.
 
Вчера во близина на Бараките населба во Охрид избувна пожар. Малку фалеше ситуацијата да излезе од контрола и да бидат зафатени куќите од таа населба. Охридските пожарникари се покажаа доста професионални и пожарот за брзо време баше изгаснат. Е сега се претпоставива дека пожарот е намерно предизвикан. Добро бе до кога бе овие пореметени пиромани ќе им се гледа низ прсти? Дефинитивно треба подметнувањето пожар во законот да биде окаректеризирано како тероризам. Дефинитивно треба да има повисоки казни за подметнувачите. Доста веќе толеранција на вакви идиоти!
 
Драга, во хејт моуд сум, па ко Ед Нортон пред огледалото у 25th Hour коа ги нареди сите по ред, така и јас ќе наредам неколку видови на ликови.
Фак ју за сите кои до вчера вода у очи немале, а денес добиле некој минорен статус и/или кеш и одма ти праат муабет: „Знаеш ли кој сум јас?“, а ти го знаеш со години и многу добро знаеш кој е он. Комплексите чадат.
Фак ју за сите кои те игнорираат и гоустнуваат после години пријателство затоа што со некој ремет си им го чепнал кревкото искомплексирано его.
Фак ју за сите кои исчезнале у врска а коа ќе раскинат и коа не ги хепсаш 2% ти објаснуваат како си се променил и ти даваат изјави у стил „Знам те пушко кад си пиштољ била“.
Фак ју за сите кои што имаат ужасна смисла за хумор, а форсираат да смараат ко да вежбаат за стенд ап у Вегас или ко да се спремаат за кариера на забавувачи.
Фак ју за сите кои не оставаат бакшиш и си ја оправдуваат малодушноста со изјава у стил: „А мене кој ми дава бакшиш?“
 
На тема носталгија сакам да имам време да седнам да ги изгледам у сред лето Mallrats, Dazed&Confused, Clerks (1 и 2), Dogma, Chasing Amy…многу одамна не беше лето ако не се изгледаа барем по еднаш. Clerks го начекав пред некој ден па ми текна, другиве не ги ни даваат.

А да и Kids.
 
Back
На врв Bottom