Не беа толку ужасни Белгија ко Мароко вчера. Не им дозволија многу да играат Шпанците , а и покрај тоа имаа некои прилики од кои едната се претвори во гол. Да немаше Ламенс почетничка грешка ќе се закомплицираше утакмицата.
Утре ако тепа Англија , ќе останат они , Франција , Шпанија , Аргентина и Швајцарија

Благодарение на очајот на Португалија и Колумбија се разбира. Утре денот ќе покаже дали има простор за изненадување или тие што ги збориме најмногу тие ќе се тие.
Ова не е ни дилема, Белгија имаа концепт, игра, тактика, знаеја што треба да направат. На крај таа е разликата меѓу двете екипи, малце среќа, малце индивидуалност, малце квалитет... Тоа е.
Солидни беа они, Мароко делуваа изгубено, ко Норвешка у групна фаза, делуваа ко да се чуваат за во иднина......
Сега мислам дека е редно време пак да се отвори дискусијата кој е бољи од Мората и Лукаку .
Шала на страна Лукаку е за мене можеби најпотценет напаѓач на сите времиња. Човекот можеби е меме пошто утнал ваму и таму и бидејќи не може да задржи екипа, ама објективно Лукаку е сосема озбилен напаѓач и криво ми е што не успеа да најде некој сериозен дом. Да останеше во една екипа подолго време мислам цел свет ќе сфатеше за каков напаѓач станува збор.
Во голем дел и сам си е крив. А доби и нова шанса и во Интер и во Наполи,буквално во било која екипа да останеше до доцна 'кариерна старост' ќе беше запеметен како легенда. Вака останува само да се надева дека некоја идна генерација ќе му гледа хајлајтс и статистика и ќе сфати дека бил добар напаѓач. За жал, моменталниот став дека е само 'меме играч' на интернетот е нереален.
Овие МОТМ ги бираат на еци пеци пец...
Која шега од првенство...
Јамал беше добар денеска, ова му е најдобар меч на првенствово, ако одигра вака против Франција ќе биде топ. Јбг, повредата си го чинеше своето, ама денеска беше добар.
With that said... Озбилно, како ги бираат овие МОТМ? Гласови на публика? Х% гласање на интернет и Х% експерти како на Евровизија? Ми има логика да има удел интернетот, голем број на МОТМ наградиве на ова СП делвуаат малце рандом